from €0,00
Book Now

ЗАНЗИБАР ОД СКОПЈЕ ПРОМОТИВНИ ПОАЃАЊА

Not Rated

Duration

7,9,12 дена

Tour Type

Specific Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email
ЗАНЗИБАР ОД СКОПЈЕ
ПРОМОТИВНИ ПОАЃАЊА ЗА УПЛАТА ДО 01.02.2021
( ограничен број на места )
                                  

Занзибар – егзотичната земја на насмевките каде ќе се опуштите и забавувате, ќе заборавите на короната и стресот. Само спакувајте ги своите купачи и летна гардероба, спремете се да танцувате и пиете коктели и да пливате во тиркизниот океан опкружен со бел песок и недопрена природа. И не заборавајте – СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ ТУКА Е ДА СТЕ ПОСТОЈАНО НАСМЕАНИ!!!

Hakunamatata или животот е прекрасен. Оваа фраза ќе ја слушнете на секој агол! Заборавете на секојдневните проблеми, заборавете на се бидејки овде ве очекува РАЈОТ: Плажи со чист и ситен песок, прекрасната сина боја на Индискиот Океан, вкусна храна и коктели и секако традиционална музика која ќе ве натера да заиграте. Соблечете ги влечките и пижамите! Земете го вашиот костим за капење и апостолки, затоа што ние ќе ве однесеме во авантура! Време е! Излегуваме од дома и патуваме, најдобро знаеме што ви треба во моментов – пријателска атмосфера, добри вибрации и ладен пијалок за да Ве вратиме во игра! Имаме 10 дена полни со многу различни искуства, забава, африкански страсти, ладни коктели, вкусна храна и забава.

Промотивни поаѓања од Скопје со Туркиш за Занзибар БЕЗ ПЦР ТЕСТ ,СО ВИЗА НА ПРИСТИГНУВАЊЕ

Не пропуштај еден од следниве датуми 17.02 // 24.02 //29.03//15.06

18.02 – 25.02.2021 (7 ноќевања)

Детали од лет
TK1004 17FEB SKPIST 0905 1240
TK 603 17FEB ISTDAR 1935 0255
PW 430 18FEB DARZNZ 0600 0630
PW 712 25FEB ZNZDAR 2125 2155
TK 604 26FEB DARIST 0355 1125
ТK1005 26FEB ISTSKP 2020 1945

Blu Marlin Village 3*, Tanzania 1150 EУР ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН / ноќевање со појадок

Pongwe Beach Hotel 4*, Tanzania 1670 ЕУР ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН / полупансион

25.02 – 04.03.2021 (7 ноќевања)

Детали од лет
TK1004 24FEB SKPIST 0905 1240
TK 603 24FEB ISTDAR 1935 0255
PW 430 25FEB DARZNZ 0600 0630
PW 712 04MAR ZNZDAR 2125 2155
TK 604 05MAR DARIST 0355 1125
TK1005 05MAR ISTSKP 2020 1945

Blu Marlin Village 3*, Kiwengwa, Tanzania 1 230 ЕУР ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН / ноќевање со појадок

Kiwengwa Beach Resort 5*, Kiwengwa Beach, 1 699 ЕУР ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН / полупансион

30.04-06.05 (6 ноќевања)

Детали од лет
TK1004 29APR SKPIST 0855 1130
TK 567 29APR ISTZNZ 1945 0305
TK 567 07MAY ZNZIST 0400 1255
TK1003 08MAY ISTSKP 0735 0805

Bluebay Beach Resort And Spa 4*, Tanzania 950 ЕУР ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН / полупансион

Sultan Sands 5* , Tanzania 1 090 ЕУР ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН / полупансион

16.06-25.06 (9 ноќевања)

Детали до лет
TK1004 15JUN SKPIST 0855 1130
TK 567 15JUN ISTZNZ 1945 0305
TK 567 26JUN ZNZIST 0400 1255
TK1003 27JUN ISTSKP 0735 0805

Bluebay Beach Resort And Spa 4*, Kiwengwa 980 ЕУР ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН

Smiles Beach Hotel 4*, Kiwengwa, , Tanzania 1 050 ЕУР ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН

Цената е по лице и вклучува:

  • Авионски лет од Скопје
  • Аеродромски такси
  • Трансфер аеродром хотел аеродром
  • Хотел на база и ноќевања назначени во понудата

Цената не вклучува:

  • Виза за Танзанија (50усд ) на пристигнување
  • Патничко осигурување (околу 400мкд )
  • Индивидуални и лични трошоци
  • Се што не е вклучено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

          

ПРОМОТИВНА ПОНУДА ЗА МАРТ 2021

Период на патување 29.03-09.04.2021/ период на престој 30.03-08.04.2021 – 9 ноќевања
TK1004 29MAR SKPIST 0855 1130/ TK 567 29MAR ISTZNZ 1945 0305
TK 567 09APR ZNZIST 0400 1255/ TK1005 09APR ISTSKP 1925 2000.
ХОТЕЛ ЛОКАЦИЈА УСЛУГА ТИП НА СОБА/СМЕСТУВАЊЕ     30.03 –       08.04.2021
9 НОЌИ
Highland Bungalows 3* Baobab Way, Nungwi НП По лице во двокреветна соба      € 990
НП доплата за еднокреветна соба       € 200
Smiles Beach Hotel 4* Nungwi Beach НП По лице во двокреветна соба      € 1.190
НП доплата за еднокреветна соба      € 380
Doubletree By Hilton Resort Zanzibar Nungwi 4* Nungwi Beach ПП По лице во двокреветна соба      € 1.590
ПП доплата за еднокреветна соба      € 550
Meliá Zanzibar 5* Kiwengwa ПП =AI По лице во двокреветна соба      € 2.290
ПП =AI доплата за еднокреветна соба      € 980
1 – 2.ДЕН (29.03-30.03) СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ-ЗАНЗИБАР
Состанок на аеродромот во Скопје три часа пред лет (во 6ч на 29.03). Чекирање на багаж до крајна дестинација Занзибар. Полетување на авион во 08.55ч, слетување во истанбул во 11.30ч. Слободно време на аеродорм Истанбул до полетување за Занзибар во 19.45ч. Слетување во Занзибар во рани утрински часови на 30.03. По завршување на сите царински и визни формалности трансфер до хотелот и слободно време до check-in согласно политика на хотелот. Можност и за ран check-in, доколку нашите соби се спремни и во нив нема туристи кои заминуваат истиот ден. За гарантиран ран check-in и лица кои сакаат веднаш да се сместат во соба постои можност за доплата на истата услуга согласно политика на хотелот (доплата на барање и пред тргнување од Скопје). Се освежуваме и заминуваме на плажа да го испиеме првиот ладен коктел и уживаме во окенот и сонцето!
3-10. ДЕН (31.03-07.04) ЗАНЗИБАР
Ни претстојат незаборавни денови. Покрај плажата и забавата, ќе имате можност да го запознаете островот Занзибар и неговиот начин на живот, култура, храна! Ќе имаме прилика и да уживаме во најголемите атракции во регионот благодарение на дополнителните екскурзии на островот Занзибар, кои ги избравме специјално за вас (по избор).ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ – PRISON ISLAND TOUR, STONE TOWN TOUR со посета на куќата во која живеел Фреди Меркјури (Freddie Mercury), SPICE TOUR – “THE ISLAND OF SPICES”, посета на ресторанот ROCK BAR, посета на прекрасните плажи на Занзибар (Nungwi Beach, Bwejuu Beach, Kendwa Beach, Pongwe Beach, Paje Beach …) Нè очекуваат многу изненадувања и нови емоции, кои заедно ќе ги доживееме на островот!
11-12 ДЕН (08-09.04) ЗАНЗИБАР – ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ
Појадок и check out од хотелот согласно хотелска политика (околу 11-12ч). Можност за late check out со доплата согласно хотелска политика и цена (на барање пред поаѓање од Скопје). Слободно време да се збогуваме со неверојатната природа и пријателските луѓе во Занзибар. За жал, секоја добра работа има свој крај … Во вечерните часови пред полноќ на 08.04 трансфер до аеродром. Лет за Истанбул во 04.00 на 09.04. Слетување во Истанбул во 12.55. Полетување за Скопје во 19.25. Пристигнување во Скопје на 09.04 во 20.00ч (сите саатници на летови се по локално време).…. И така до следната авантура!* Цените се промотивни до 01.02.2021г, по овој датум сите цени се зголемуваат

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Авионска карта со TURKISH AIRLINES согласно политика на авио компанија (Авио билет со сите такси на релација Скопје – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж)
  • Аеродромски такси
  • 9 ноќевања во хотелот по Ваш избор/ тип на соба основна стандардна двокреветна на база НП = ноќевање со појадок/ ПП = полупансион (доручек и вечера) соглсно политика на хотел и протоколи
  • Оброци во хотелот и пакет по ваш избор
  • Трансфери: аеродром-хотел-аеродром во Занзибар

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Дополнителни екскурзии / опционални НА БАРАЊЕ согласно број на патници пријавени /
  • Виза за Занзибар – 50 USD
  • Градска такса – 1 USD од ноќ по лице. Се плаќа директно на рецепција во хотелот.
  • Патничко – здравствено осигурување – пожелно што покрива КОВИД (Триглав или Еуролинк осигурување)
  • Индивидуални и лични трошоци
  • Осигурување за откажување патувања
  • Се што не е вклучено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

Highland Bungalows 3* – Сместен во Baobab Way, Nungwi на плажата Нунгви, недалеку од плажа. Хотелот располага со ресторан и отоврен бар. Гостите можат да го искористат надворешниот базен кој е опкружен со градина. Собите се со африканска тематика и се лоцирани во бунгалови од слама. Секоја има бања со туш и креветите кои се обвиткани со мрежа за комарци. Локални и меѓународни јадења може да се нарачаат во ресторанот. Со коктели и пијалоци може да уживате во барот, кој исто така е домаќин на редовни музички настани во живо и вечерна забава. highlandzanzibar.co.tz

Smiles Beach Hotel 4* – Сместен во приватна делница на плажата Nungwi, реновираниот хотел располага со чадори и импровизирани лежалки, како и голема тропска градина. Исто така постои и ресторан покрај плажа и бесплатен Wi-Fi во хотелските соби. Климатизирани соби сите имаат балкон и поглед на Индискиот океан. Тие се исто така опремени со сателитска ТВ и врежани дрвени кревети. Секоја сопствена бања има туш. Гостите можат да се релаксираат покрај плажа или во градината. Во ресторанот се служат јадења од Занзибари и морска храна со свежи, локални состојки. smilesbeachhotel.com

Doubletree By Hilton Resort Zanzibar Nungwi 4* – на плажата Nungwi, уживајте во погледот на Индискиот Океан и директен пристап до плажата на пет минути од традиционалното рибарско село Нунгви. Изграден во традиционален стил на Занзибар со покриви со трски од палми, ова одморалиште има отворен базен со слатка вода, фитнес центар, спортови на вода, забава во живо и спа-објекти.  www.hilton.com/en/hotels/znzdtdi-doubletree-resort-zanzibar-nungwi

MELIA ZANZIBAR 5* – Доколку сакате да се преточите во луксузот на Занзибар, ние избравме едно од најдобрите одморалишта на островот. Сместена во Кивенгва, Мелија Занзибар нуди приватна плажа, отворен базен, тениско игралиште и фитнес центар. Собите во Мелиа Занзибар се опремени со опрема за правење чај и кафе, приватна бања, клима уред и телевизор со рамен екран. Некои вклучуваат тераса и други имаат поглед на море. Доручек се служи на лице место наутро. Хотелот има 5 ресторани специјализирани за интернационална, медитеранска и локална кујна. Исто така постои и сауна, а областа е популарна за кајакарство. Овој хотел со 5 starвезди нуди и изнајмување автомобил.  www.melia.com/en/hotels/tanzania/zanzibar/melia-zanzibar

Услови:

  • При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 15 дена пред поаѓање.
  • Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација
  • Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
  • Задолжително патничко осигурување
ОВАА ПРОГРАМА НЕ Е ДЕЛ ОД ПРОГРАМАТА НА TА АРИЕС, И ЗА ИСТАТА НЕ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ КОВИД ВАУЧЕР!
View More

Tour's Location

Created with Sketch.
from €0,00

You might also like