[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Свети Василије Острошки

Print Friendly, PDF & Email

Свети Василије Острошки – Манастирот Острог во Црна Гора место на вербата и чудата

Манастирот Острог е манастир кој се наоѓа на речиси вертикална карпа, високо на планината Острошка греда во Црна Гора. Овој манастир е посветен на Свети Василиј Чудотворец и се наоѓа во близина на Никшиќ, со спектакуларен поглед на Бјелопавличи.

Манастирот Острог во текот на целата година е најпосетеното светилиште во Црна Гора, а после Христовиот гроб и Светата гора, ова е третото најпосетено светилиште во светот од страна на христијаните. Го основал Херцеговачкиот митрополит Василиј (1610-1671) во 17. век.

Овој манастир е обновуван во периодот од 1923 до 1926 година, веднаш после пожарот кој се случил во манастирот при кој делумно биле поштедени пештерските цркви. Во Острошкиот манастир  доаѓаат и сиромашни и богати од целиот свет да најдат мир и лек за душата… Манастирот е вдлабнат во карпа, па така нуди величенствена и импресивна глетка.

ostrog (7)

На околу 3 до 3,5км. одалеченост, во долниот дел од Острог се наоѓа женскиот манастир во кој живеат неколку монахињи, а во горниот машки манастир, се наоѓа кивотот со моштите на св.Василиј Острошкиот-Чудотворец, а за посетителите, монасите како благослов даруваат по едно шише света вода и по едно шише свето масло.

ostrog (1)

Во манастирите се наоѓаат прекрасни конаци каде може да се престојува. Острошкиот манастир е место за оние кои бараат спокој и тишина, за оние кои бараат некаков лек, за оние кои имаат цврста вера, за оние кои веруваат во чуда…

ostrog (3)

За чудата и моќта на овој светец и самиот манастир се говори надалеку, па затоа и посетителите се од насекаде низ светот.

Едно од поголемите чуда, кои науката се уште не може да ги објасни и виновата лоза која расте во самиот манастир и излегува од средината на самата карпа. Се вели, оваа лоза се појавила на истото место и во истиот ден кога св. Василије Острошки починал.

Лозата излегува од карпата и расте над самото место кое е обележано како местото на кое тој починал. Нема вода или извор од каде таа се наводенува, едноставно таа сама живее.

Многу жени раскажуваат декаа токму плодовите на оваа лоза им помогнал да зачнат живот, отакако изгубиле надеж дека некогаш ќе бидат мајки.

Преданијата велат дека, после седум години од смртта на Светецот на тогашниот игуман на манастирот Свети Лука во Парохијата во близина на Никшиќ, често му се појавувал во сон, велејќи му да појде во манастирот и да го отвори неговиот гроб.

Кога тој одлучил да појде и да се отвори гробот на Св. Василије, неговото тело било пронајдено неоштетено, дури и се уште мирисало на восок.

Оттогаш, неговите мошти се изложени во ковчег во самиот манастир, каде стојат до ден денес. Покриени со ќебе, на кое има поставено икона, секој посетител може да се приближи до него и да ја каже својата молитва.

ostrog (2)  ostrog (6)

About the Author