Print Friendly, PDF & Email

Титикака

 

Титикака (шпански: Lago Titicaca, кечуански: Titiqaqa Qucha) — најголемото езеро во Јужна Америка и се наоѓа на западниот дел од континентот. Тоа е воедно и највисокото езеро во светот (се наоѓа на 3.810 метри надморска височина). Долго е 196, а широко 56 километри во просек и се протега од југоисточниот дел на Перу па се до западна Боливија. Површината изнесува 8.300 км, а најдлабоката точка се наоѓа на 280 метри под површината. Вкупно 25 реки со површина од околу 58.000 км се вливаат во езерото Титикака кај областа Алтиплано. На јужната страна од Титикака се наоѓа единствениот одлив од езерото – Desaquadero. Поради испарувања езерото губи 95% од влеаната вода. Титикака има 41 остров, од кои многумина се населени, а најголемиот остров е Титикака (Isla de Titicaca). Во околината на езерото може и ден денес да се најдат остатоци од градби од кои некои потекнуваат од времето на Инките. Располага со многу видови риби, а околината на бреговите се користи главно за земјоделство.

Езерото Титикака е бисер на природата

Езерото Титикака се наоѓа во Перу на 3.812 метри надморска височина и нераскинливо е поврзано со индијанскиот народ Ајмара.

Секој агол на овој предел, вклучително и езерото и неговото крајбрежје, свети се за припадниците на Ајмар народот. На врвовите кои парираат на небото над брегот на езерото „живеат богови“, а некои врвови претставуваат божество.

Воата на езерото Титикака, според легендата, е матица од која се родил Виракоч, а тоа е брадест бел претставник на Сонцето на Земјата.

Нему Ајмари му должат се, со оглед дека тој ги научил Земјаните како да градат домови, одгледуваат храна и прават традиционални чамци од трска.

Со векови Ајмари господареле со овие области во совршена хармонија со природата. Дури во 1535 година шпанските освојувачи во потрага по злато доаѓаат до овие простори.

Иако не биле премногу заинтересирани за природните убавини, биле маѓепсани со сликата која ја виделе: сино езерот од сите страни опкружено со високи планини прекриени со светол снег и ледени и живописни чамци од трска кои превезуваат локално население.

Живот на височина

Големата надморска височина и големата водена површина на неа, ги диктираат правилата на живот околу Титикака. Жителите кои живеат околу него се поинакви, природата им подарила поголем капацитет бели дробови и срца за да можат да се прилагодат на суровите животни услови и намалениот кислород во воздухот.

Веројатно тие сурови услови допринеле многубројни припадници на Ајмар и денес да живеат на ист начин како кога пред многу векови ги затекнале освојувачите. Тие живеат мирно и во ритамот на природата. На брегот на езерото градат сплавови од трска и скромни куќи. За исхрана користат само она што ќе им го подари езерото со зеленчукот кој самите го одгледуваат.