DRAG

Ваш доверлив партнер за незаборавни патувања и нови авантури. 

Нова Година Малта 2027

  • ПревозАвион
  • ДестинацијаМалта-Гозо, Малта
  • МестоСлиема
  • Следно поаѓање28.12.2026
  • ВодичДа
  • КвалитетЗагарантиран

Малта е најголемиот остров и културен, трговски и административен центар. Тука се премостуваат милениуми од неверојатен спектар на работи кои треба да се откријат. Каде и да одите, сценографијата и архитектура се со спектакуларна позадина. Боите се впечатливи, боите на меден-камен во мешавина со медитеранската сина. Малта е опишан како еден голем музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е тоа што толку многу од минатото е видливо денес. Истражете ја мистериозната праисторијата на островот, рутата на стапките на Свети Павле или пак видете каде витешкиот ред на Свети Јован се борел во своите најпознати битки. Малта е одмор, Малта е расположение… Може да се релаксирате со спорт, да ги посетите познатите историски знаменитости, и сеуште да имате време за ноќен живот. Тоа е вистинската предност на престојот тука. Малта има велнес и спа објекти на луксузни хотели и одморалишта. И, ако тоа не ви е доволно, тука се другите два острови – Гозо и Comino-кои може да бидат пријатна промена на сцена за време на вашиот престој во Малта. Изборот е ваш!

Главниот град на Малта, Валета, нуди спектакуларни новогодишни прослави. Плоштадот на Републиката и Св.Џорџ е центар за забава со концерти, светлосни шоуа и величествени огномети што го осветлуваат небото над прекрасната Валета.  Луѓето од различни делови на Малта и светот се собираат овде за да го дочекаат доаѓањето на новата година во главниот град. Тука е и Светилникот на островот Гозо: Романтичен дочек под ѕвездите. Островот Гозо, дел од малтешкиот архипелаг, нуди романтично добредојде на Новата година. Светилникот на островот Гозо е омилено место за средба на полноќ на паровите и љубовниците под ведрото медитеранско небо. Огнометот од блиските острови додава магија на овој момент. Традиционални малтешки новогодишни јадења – Малтешката кујна нуди вкусни новогодишни специјалитети. За оваа празнична ноќ често се подготвуваат јадења како „Фенката“ (јадење зајак) и „Имќарун“ (посебен вид паста). Исто така, традиционалните малтешки колачи и слатки се незаменлив дел од празничните оброци.

28 декември 2026 (понеделник) Битола – Скопје – Малта

Состанок на групата на Спортска сала Битола во 08,00 часот на предпладне. (за патници со организиран трансфер) Состанок на групата на аеродром Скопје во 11.10 часот. Полетување во 13:10 часот, а слетување на аеродром во Малта во 15,00 часот (локално време).  Трансфер и сместување во хотел во Слиема – најатрактивната туристичка област блиску до Валета. Слободна вечер за прошетка и уживање во променадата покрај море. Ноќевање1.

29 декември 2026 (вторник) Малта-Гозо

Појадок. Слободен ден. Можност за факултативна целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Тргнување со бус и  брод од пристаништето Cirkewa. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Екскурзијата ја започнуваме со градот Victoria во минатото познат како Rabat. Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Првите остатоци на градот датираат уште од неолитот, но првата тврдина започнала со градба од страна на Феничаните, подоцна продолжена од Римјаните. Денешниот изглед тврдината го добива околу 17 – ти век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред. Оваа тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оргиналната градба. На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот музеј. Продолжуваме кон предисторискиот комплекс Ggantija Temples, постара градба и од египетските пирамиди или Стоунхенџ, како и познатата област со огромни карпи Dwejra и познатото селце Xlendi. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… посета на Dwejra, спектакуларно место каде се наоѓал Азурниот прозорец, како и посета на црквата ta’Pinu. Враќање во хотел во попладневните часови. Цена на турата 60 Еур. Ноќевање 2.

30 декември 2026 (среда) Моста-Мдина-Валета  Појадок. Слободен ден. Можност за факултативна целодневна екскурзија до M0sta, Mdina, Crafts Village и Valetta. Се упатуваме спрема централниот дел на островот со посета на стариот главен град на островот-Мдина, уште и познат и како тивкиот град. Додека се движиме низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачиме на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“, изградена во 19 – ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата. Продолжуваме кон занаетчиското село Ta’Qali, каде што се наоѓаат најразлични занаeтски услуги, како изработка на стакло, филиграни, дрвенарија, чипка и различни сувенири од островот. Заминување за главниот град и разглед на Валета, изграден од витезите на St. John. Потоа прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што застанува здивот од панорамскиот поглед на Големиот Залив. Можност за посета на богато украсената Катедрала и музејот на St. John, со светски познатите уметнички ремек дела на Караваџо и Матија Прети (влезница 15 Еур)  Цена на турата: 60 Eur. Враќање во хотел. Вечерта можност за организирана посета на култното место за ноќен живот Ст. Џулианс (јавен транспорт). Ноќевање3.

31 декември 2026 (четврток) Малта-Крстарење по заливот Валета

Појадок. Можност за релаксирано претпладне како и  организирано утринско поаѓање за опуштено двочасовно пловење во заливот како  апсорпција на атмосферата на островот после дочекот на Нова Година. (доколку дозволуваат временските услови). Крстарење низ двете природни пристаништа Марсамкси и Гранд Харбор, кои одиграа клучна улога во историјата на Малта. Ќе уживате во поинаков поглед на Валета, во сета нејзина убавина и одлична можност да се опуштите и да направите уникатни фотографии. Цена на турата 30Еур. По пловењето, слободно време за прошетка во главниот шопинг зона на Слиема или одмор во некое од многуте кафулиња. Вечерта организиран  Дочек на НОВА ГОДИНА на плоштадот во Валета. Единствена можност на Плоштадот на Републиката и Плоштадот Св. Џорџ кој стануват центар за забава со концерти, светлосни шоуа и величествени огномет што го осветлуваат небото над прекрасната Валета. Луѓето од различни делови на Малта и светот се собираат овде за да го дочекаат доаѓањето на новата година во главниот град (посета со јавен превоз – автобус или ферибот 3-5 еур).  Ноќевање 4.

01 јануари 2027 (петок) Малта-Marsaxlokk-Blue Grotto -Скопје-Битола

Појадок.  Одјавување од хотел. Полудневна факултативна екскурзија (30 еур) до јужниот дел на Малта, со посетана блискиот комплекс Blue Grotto, кој се состои од дури седум пештери и рибарското село Марсашлок. Прошетка низ живописното гратче, покрај неговото шеталиште покрај морето, каде што можете да видите многу шарени традиционални рибарски чамци Луцу. Можност за ручек од богатата понуда на локални специјалитети. Цена на задолжителната тура 30 Еур .  Организиран трансфер до аеродром во 13.00 часот. Полетување за Скопје во 15:35 часот. Слетување во Скопје во 17:15 часот. Организиран трансфер до Битола и останати градови.

 Цена на аранжманот:457 еур/28.334,00
Цена за деца 2-12 години 398 еур. Доплата за еднокреветна соба 90 Еур.

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта – Скопје со WizzAir (авионска карта со рачен багаж 8кг)
 – Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.
 – Сместување во хотел  Kennedy Nova 4* во атрактивната Слиема  на база  4 ноќевања со појадок https://kennedynova.com
– Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Трансфер од Битола/Охрид/Ресен/Прилеп/Дреново/Велес 15 Еур РТ
 – Организиран трансфер аеродром од/до центарот на Скопје 10 еур
 – Факултативна посета на Моста-Мдина-Валета (МОСТА – ТА’АЛИ ) 60 Еур
 – Факултативна посета на Гозо 60 Еур
 – Факултативна  екскурзијата Marsaxlokk-Blue Grotto 30 Еур (задолжителна)
 – Факултативна крстарење по заливот Валета 30 Еур
 – Цена со попуст за уплата во агенција на сите 4 екскурзии 160 Еур
 – Туристичка такса во хотел
 – Влезници за културно историските музеи
 – Патничко осигурување
 – Сите неспоменати трошоци

 

НАПОМЕНИ:
 * ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
 * За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ https://aries.mk/opsti-uslovi-za-patuvanje/
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
* Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
* комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
* Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција
Општи напомени за патување:
 – Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
 – За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
 – Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Ден 1: Полет и пристигнување на Малта.

Ден 2–3: Истражување на островот, стари градови и филмски локации.

Ден 4: Слободен ден или излет, со вечер за дочек на Новата 2027 година.

Ден 5: Заминување и повратен полет.

Програма

Ден 128 декември 2026 (понеделник) Битола – Скопје – Малта

Состанок на групата на Спортска сала Битола во 08,00 часот на предпладне. (за патници со организиран трансфер) Состанок на групата на аеродром Скопје во 11.10 часот. Полетување во 13:10 часот, а слетување на аеродром во Малта во 15,00 часот (локално време).  Трансфер и сместување во хотел во Слиема – најатрактивната туристичка област блиску до Валета. Слободна вечер за прошетка и уживање во променадата покрај море. Ноќевање1.

Ноќевање: Malta

Ден 229 декември 2026 (вторник) Малта-Гозо

Појадок. Слободен ден. Можност за факултативна целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Тргнување со бус и  брод од пристаништето Cirkewa. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Екскурзијата ја започнуваме со градот Victoria во минатото познат како Rabat. Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Првите остатоци на градот датираат уште од неолитот, но првата тврдина започнала со градба од страна на Феничаните, подоцна продолжена од Римјаните. Денешниот изглед тврдината го добива околу 17 – ти век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред. Оваа тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оргиналната градба. На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот музеј. Продолжуваме кон предисторискиот комплекс Ggantija Temples, постара градба и од египетските пирамиди или Стоунхенџ, како и познатата област со огромни карпи Dwejra и познатото селце Xlendi. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… посета на Dwejra, спектакуларно место каде се наоѓал Азурниот прозорец, како и посета на црквата ta’Pinu. Враќање во хотел во попладневните часови. Цена на турата 60 Еур. Ноќевање 2.

Оброци: B Ноќевање: Malta

Ден 330 декември 2026 (среда) Моста-Мдина-Валета

 Појадок. Слободен ден. Можност за факултативна целодневна екскурзија до M0sta, Mdina, Crafts Village и Valetta. Се упатуваме спрема централниот дел на островот со посета на стариот главен град на островот-Мдина, уште и познат и како тивкиот град. Додека се движиме низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачиме на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“, изградена во 19 – ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата. Продолжуваме кон занаетчиското село Ta’Qali, каде што се наоѓаат најразлични занаeтски услуги, како изработка на стакло, филиграни, дрвенарија, чипка и различни сувенири од островот. Заминување за главниот град и разглед на Валета, изграден од витезите на St. John. Потоа прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што застанува здивот од панорамскиот поглед на Големиот Залив. Можност за посета на богато украсената Катедрала и музејот на St. John, со светски познатите уметнички ремек дела на Караваџо и Матија Прети (влезница 15 Еур)  Цена на турата: 60 Eur. Враќање во хотел. Вечерта можност за организирана посета на култното место за ноќен живот Ст. Џулианс (јавен транспорт). Ноќевање3. 

Оброци: B Ноќевање: Malta

Ден 431 декември 2026 (четврток) Малта-Крстарење по заливот Валета

Појадок. Можност за релаксирано претпладне како и  организирано утринско поаѓање за опуштено двочасовно пловење во заливот како  апсорпција на атмосферата на островот после дочекот на Нова Година. (доколку дозволуваат временските услови). Крстарење низ двете природни пристаништа Марсамкси и Гранд Харбор, кои одиграа клучна улога во историјата на Малта. Ќе уживате во поинаков поглед на Валета, во сета нејзина убавина и одлична можност да се опуштите и да направите уникатни фотографии. Цена на турата 30Еур. По пловењето, слободно време за прошетка во главниот шопинг зона на Слиема или одмор во некое од многуте кафулиња. Вечерта организиран  Дочек на НОВА ГОДИНА на плоштадот во Валета. Единствена можност на Плоштадот на Републиката и Плоштадот Св. Џорџ кој стануват центар за забава со концерти, светлосни шоуа и величествени огномет што го осветлуваат небото над прекрасната Валета. Луѓето од различни делови на Малта и светот се собираат овде за да го дочекаат доаѓањето на новата година во главниот град (посета со јавен превоз – автобус или ферибот 3-5 еур).  Ноќевање 4.

Оброци: B Ноќевање: Malta

Ден 501 јануари 2027 (петок) Малта-Marsaxlokk-Blue Grotto -Скопје-Битола

Појадок.  Одјавување од хотел. Полудневна факултативна екскурзија (30 еур) до јужниот дел на Малта, со посетана блискиот комплекс Blue Grotto, кој се состои од дури седум пештери и рибарското село Марсашлок. Прошетка низ живописното гратче, покрај неговото шеталиште покрај морето, каде што можете да видите многу шарени традиционални рибарски чамци Луцу. Можност за ручек од богатата понуда на локални специјалитети. Цена на задолжителната тура 30 Еур .  Организиран трансфер до аеродром во 13.00 часот. Полетување за Скопје во 15:35 часот. Слетување во Скопје во 17:15 часот. Организиран трансфер до Битола и останати градови.

Оброци: B

Итинерер

Најинтересно

  • Дочек на Нова Година 2027 на Малта
  • Сончев зимски одмор на Медитеран
  • Посета на најнеобичниот филмски остров
  • Истражување на стари градови, тврдини и улички
  • Прошетки покрај морето и живописни заливи
  • Топла атмосфера и празнична ноќ

Термини и цени

ПоаѓањеВраќањеВозрасенДетеСтатус
28.12.202601.01.2027€457€398СлободноРезервирај

Места на поаѓање

  • Скопје · 11:00
  • Битола · 08:00 · +€15
  • Прилеп · 09:00 · +€15
  • Охрид · 06:30 · +€15
  • Струга · 06:00 · +€15
  • Велес · 10:00 · +€15
  • Кавадарци · 09:30 · +€15

Детска цена за возраст 2–12 години. Доплата за еднокреветна соба: €90. Аванс при резервација: 30%.

Цената вклучува

  • Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта – Скопје со WizzAir (авионска карта со рачен багаж 8кг)
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.
  • Сместување во хотел Kennedy Nova 4* во атрактивната Слиема на база 4 ноќевања со појадок https://kennedynova.com
  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

Не е вклучено

  • Трансфер од Битола/Охрид/Ресен/Прилеп/Дреново/Велес 15 Еур РТ
  • Организиран трансфер аеродром од/до центарот на Скопје 10 еур
  • Факултативна посета на Моста-Мдина-Валета (МОСТА – ТА’АЛИ ) 60 Еур
  • Факултативна посета на Гозо 60 Еур
  • Факултативна екскурзијата Marsaxlokk-Blue Grotto 30 Еур (задолжителна)
  • Факултативна крстарење по заливот Валета 30 Еур
  • Цена со попуст за уплата во агенција на сите 4 екскурзии 160 Еур
  • Туристичка такса во хотел
  • Влезници за културно историските музеи
  • Патничко осигурување
  • Сите неспоменати трошоци

Доплати и екскурзии

Пакет 4 факултативи€160 / особа

Добро е да знаете

Забелешка

Програмата може да се прилагоди според распоредот на летовите и локалните услови. Точните часови на полетите и информациите за хотелот ќе ви бидат испратени пред патувањето.

Ноќниот дочек на Новата година може да вклучува празнична вечера или настан, но тоа не е задолжително освен ако не е изрично наведено во потврдата на резервацијата.

Важни информации

Документи: Потребен е важечки патен документ. Проверете ги правилата за влез пред патувањето, бидејќи тие може да се менуваат.

Виза: Малта е членка на Шенген. Државјаните на Северна Македонија обично имаат потреба од виза или од соодветна шенгенска дозвола, во зависност од важечките правила. Проверете ги условите пред резервација.

Клима: Зимите на Малта се блага и сончеви, а дневните температури често се околу 14 до 16 °C. Понесете удобна облека за денови и лесна јакна за вечерите.

Валута: Официјална валута е еврото (EUR).

Багаж

Правилата за багаж зависат од авиокомпанијата и тарифата. Проверете ја големината и тежината на дозволениот багаж при резервација. Дополнителниот багаж се плаќа дополнително.

Услови за плаќање

Условите за плаќање ќе бидат наведени во потврдата на резервацијата. Може да биде потребен депозит при резервација, а остатокот се плаќа во рок наведен од Aries Travel.

Услови за откажување

Услови за откажување се применуваат според договорот и тарифата на авиокомпанијата. Откажувањето во близина на датумот на патувањето може да предизвика трошоци. Информациите ќе бидат наведени во потврдата на резервацијата.

Хотел Kennedy Nova 4* Sliema ↗

Локација

Хотел Kennedy Nova 4* Sliema

Резервирај го аранжманот

Патници

Име, презиме и датум на раѓање на секој патник, како во пасошот – се впишуваат во договорот за патување.

Дополнително
Како сакате да платите?

🔒 Картичката се плаќа на безбедната страница на Халк Банка – податоците од картичката не стигнуваат до нас.

  • Плаќање со картичка – резервацијата продолжува со евидентирана уплата
  • Ваша страница за следење на резервацијата, документите и пораките
  • Одговор по е-пошта, Viber или WhatsApp

Рецензии

5,01 рецензија
5★1
4★0
3★0
2★0
1★0
Dusanka ApostolovaBitola · New Year 2026

Perfect trip

Perfect trip on Malta for New Year! It was amazing experience with Nikola and Irena as tour guiders!

Цена од
€457 по особа
Резервирајили јавете се +38972228155

Напишете име, место или држава – на пр. Лефкада, Истанбул, Нидри.

Или пребарајте со датуми