DRAG

Ваш доверлив партнер за незаборавни патувања и нови авантури. 

Божиќен маркет Атина-Егина-Пелопонез

  • Траење4 дена / 3 ноќевања
  • ПревозАвтобуска тура
  • ДестинацијаАтина, Егина,Пелопонез, Грција
  • МестоАтина
  • Следно поаѓање04.12.2026
  • Големина на група20–48
  • ВодичДа
  • КвалитетЗагарантиран

***Св.Климет Охридски ***

(Атина-Егина-Пелопонез-Сунион)

 04-08 Декември 2026

Атина често пати се нарекува колевка на западната цивилизација. Таа е еден од најстарите светски градови чија историја бележи преку 3400 години. Се семета за зачеток на демократијата. Атина е центар на економскиот, политичкиот и културен живот во Грција, родно место е на Сократ, Перикле, Софокле и други значајни филозофи, писатели и политичари. Таа е еден од главните светски центри за архиолошки истражувања. Ова популарно туристичко место има дури 148 театри!

Програма на патувањето:

04.12.2026 (Петок) Македонија-Атина Состанок на групата на Дрводекор Скопје во 17,30часот а на Спортска сала Битола во 20,30 часот. Поаѓање во 21:00 часот. Ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.

05.12.2026 (Сабота) Атина разглед-Акропoлис-Плака  Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омонија, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…  Посета на Акропол -Пропилеј, Партенон, Ерџтејон ( доплата за влезница 30 Еур). Заминување и  сместување во хотел во Глифада – најелитната населба во Атина. Mожност за прошетка низ центарот на Глифада или органзирана посета на атинскиот Божиќен маркет Christmas factory https://www.thechristmasfactory.gr/en . Ноќевање1.

06.12.2026 (Недела) Атина-Коринт-Пелопонез  Појадок. Целодневна екскурзија на Арголида (факултативно 50 Еур): Коринтски канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус  – најакустичниот антички амфитеатар (влезница гратис), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена -древниот град на митскиот крал Агамемнон (влезница гратис). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница – продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во хотелот. Слободна вечер. Ноќевање 2

07.12.2026 (Понеделник) Глифада-Пиреја-Егина  Појадок.Слободен ден за прошетка и уживање во прекрасната Глифада или во Атина. Можност за факултативна еднодневна екскурзија на островот Егина (50 Еур). Овој остров е дел од Саронските острови и се наоѓа на околу 30 километри од Атина. Егина е дом на антички урнатини (вклучувајќи го и познатиот храм Афаја), неверојатни плажи, шармантни селца и пристаништа. Плус, во минатото градот Егина кратко бил престолнина на Грција. Ќе ја посетиме црквата посветена на Свети Нектариј Егински, подигната од старец Нектариј Виталис со помош на верното население, и каде што старецот за време на својот земен живот служел и живеел. Потоа одиме да се поклониме на гробот на скороупокоениот старец Нектариј Виталис. После посетата на Камариза тргнување кон пристаништето во Пиреја. Панорамски разглед на Пиреја. Враќање во Глифада. Слободна вечер со можност за индивудални активности. Ноќевање 3.

08.12.2026 (Вторник) Атина-Сунион- Македонија  Појадок. Слободно  претпладне со мoжност за  факултативна прошетка (30 еур) и уживање во прекрасната Глифада или Атина, како и можност за  екскурзија  покрај Аполоновиот брег на Атика: летувалиштата Глифада, Вула, Вулјамени и  р’тот Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат над самиот рт’ во слава на богот Посејдон со можност за влез на локалитетот ( доплата за влезница ). Враќање во Глифада. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови. Организирани трансфери до градови.

 Цена на аранжманот: 179 Eур/11.098,00 МКД

Black Friday цена: 159 Еур/9,858 МКД

Деца: 2-12 години со двајца возрасни 129 Еур/ 7,998,00   Еднокреветна соба 229 Еур.

Во цената се вклучени следниве услуги:
-Превоз со високо туристички автобус
-3 ноќевања со појадок во хотел 4* во Глифада
-Организиран разглед на Атина и Акропол (влезница 30 еур) со локален водич
-Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:
-Факултативен излет Пиреа-Егина-Св.Нектариј Егински (бус+брод+водич 50 Еур)
-Екскурзија на Арголида – Пелопонез (50 Еур + бесплатни влезници Микена и Епидаурус)
– Екскурзија Сунион и Аполоновиот храм (30 Еур )
– ПАКЕТ 3 факултативи 110 еур
-Туристичка такса 1,5€ по соба од ден, напалата на рецепција во хотел
-Влезници за посета на локалитетите со водич: Акропол (30 еур); Посојдоновиот храм ( доплата за влезница )
-Патничко и здравствено осигурување 150 мкд

  • Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје, Велес, Прилеп, Охрид и Кавадарци 10 Еур/лице
  • НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Важат Општите услови за патување на НАТА и ТА Ариес.

Доживејте ја Божиќната фабрика

Божиќната фабрика го трансформира историскиот индустриски комплекс Технополис во Атина во Гази во најголемата и најволшебна празнична дестинација во градот. Прославувајќи повеќе од една деценија празнична магија, оваа пространа божиќна земја на чудата секоја година добредојдува стотици илјади посетители за да доживеат целосен „град во град“ инспириран од самата Атина. Местото располага со над 50 продавници кои нудат играчки, рачно изработени подароци, традиционални декорации и грчки слатки, заедно со 10 бесплатни интерактивни работилници, вклучувајќи сликање на лице, кино, правење колачи, градинарски активности, пишување писма до Дедо Мраз, музички и движечки игри, сликање и сесии за раскажување приказни. Забавата достигнува нови височини со 20-метарско панорамско тркало кое нуди панорамски поглед на осветлената Атина, класична вртелешка, лизгалиште на мраз и театарски претстави на омилени божиќни приказни. Атмосферата на Божиќниот забавен парк се протега низ целиот комплекс Технополис, со десетици џуџиња кои создаваат магични моменти, додека тезгите со храна ги задоволуваат сите желби со бургери, хот-догови, сувлаки, пица, вафли, чоколади, бонбони и традиционални грчки закуски. Специјалните церемонии на отворање вклучуваат концерти во живо со големи грчки уметници, прослави со палење елки и огномет. Без разлика дали купувате уникатни занаетчиски подароци, уживате во театарски претстави или едноставно уживате во празничната атмосфера со семејството, „Божиќната фабрика“ нуди незаборавно искуство во грчкиот Божиќ. Пристигнете рано за време на викендите за да избегнете гужви и да го максимизирате времето за истражување на сите работилници и атракции.

Чудата на Светителот Св.Нектариј Егински!

 Духовен живот и спaсение – инспиративни патувања!

Некогаш човек не е ни свесен колку се Бог и Светителот блиску до нас, па кога ќе се случи чудо, тогаш сфаќаме…

„Онаму каде што сака Бог и законите на природата се надминуваат”.

Егина е еден од саронските острови во Грција во Саронскиот Залив, 27 километри од Атина. Традицијата го добива името од Егина, мајката на херојот Ајак, која е родена на островот и стана нејзин крал.

До овој магичен остров лесно може да се стигне со редовна врска со траект или спидбот од Пиреја. Егина има многу посебна енергија и автентична убавина. Покрај тоа што е недопрен остров за одмор, неговата трансформациска енергија направи многу луѓе да одлучат да се преселат, дури и оние што го обиколија светот ширум светот. Егина ве прави да се чувствувате како дома.

Во 1904 година, сега светски познатиот чудотворен исцелител Свети Нектариј избра да се пресели во Егина; го претвори опустошениот манастир во свој дом и место на богослужба. До денес, неговиот манастир служи како место за удобност и е една од најпосетуваните знаменитости на островот. Поради својата посебна светлина, многу уметници ја избраа Егина како основа и инспирација за креативност. Во сегашно време, островот служи како популарна локација за работилници, семинари и изложби.

Егина можеби е островот од каде започнува вашето духовно патување. Но, дозволете да ве предупредиме, Егина не е остров на поаѓање, тоа е остров на враќање! Сигурен сум дека ги читате овие зборови со причина. Не ја наоѓате Егина, ЕГИНА ЌЕ ВЕ НАЈДИ, и тоа го прави во вистинскиот момент.

Уверете се во исцелителната моќ на постхумните остатоци од овој светец и неговиот манастир.

  • 1 ден: Поаѓање и пат кон Атина
  • 2 ден: Разгледување и програма посветена на Св. Климент Охридски
  • 3 ден: Остров Егина
  • 4 ден: Пелопонез и Божиќен маркет
  • 5 ден: Враќање кон Скопје

Програма

Ден 1Поаѓање кон Атина

Поаѓаме со автобус од Северна Македонија и патуваме кон Грција. Во текот на патувањето ќе има паузи за одмор. Пристигнуваме во Атина и се сместуваме во хотел.

Ден 2Атина и програма за Св. Климент Охридски

Денот е посветен на разгледување на Атина, со придружба на водич. Дел од програмата е посветен на Св. Климент Охридски. Слободното време можете да го искористите за самостојно истражување на градот.

Ден 3Остров Егина

Денот е резервиран за излет до островот Егина. Островот е мирен и погоден за шетање, а ќе имате и слободно време за ручек и разгледување по сопствен избор.

Ден 4Пелопонез и Божиќен маркет

Патуваме низ Пелопонез и ги гледаме нејзините убави пејзажи и историски места. На крајот од денот ве очекува посета на Божиќен маркет, идеално место за подароци и празнична атмосфера.

Ден 5Враќање кон Скопје

По појадокот (ако е вклучен) тргнуваме на враќање кон Скопје. Патувањето заврши со незаборавни спомени од Атина, Егина и Пелопонез.

Најинтересно

  • Разгледување на Атина
  • Излет до островот Егина
  • Патување низ Пелопонез
  • Програма посветена на Св. Климент Охридски
  • Посета на Божиќен маркет
  • Удобно патување со автобус
  • Пријатна група и организирано патување

Термини и цени

ПоаѓањеВраќањеВозрасенДетеСтатус
04.12.202608.12.2026€179 €159€129СлободноРезервирај

Места на поаѓање

  • Скопје · 17:00 · +€10
  • Охрид · 19:00 · +€10

Детска цена за возраст 2–12 години. Доплата за еднокреветна соба: €52.

Цената вклучува

  • Во цената се вклучени следниве услуги:
  • Превоз со високо туристички автобус
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 4* во Глифада
  • Организиран разглед на Атина и Акропол (влезница 30 еур) со локален водич
  • Организација и водство на патувањето

Не е вклучено

  • Во цената не се вклучени следниве услуги:
  • Факултативен излет Пиреа-Егина-Св.Нектариј Егински (бус+брод+водич 50 Еур)
  • Екскурзија на Арголида – Пелопонез (50 Еур + бесплатни влезници Микена и Епидаурус)
  • Екскурзија Сунион и Аполоновиот храм (30 Еур )
  • ПАКЕТ 3 факултативи 110 еур
  • Туристичка такса 1,5€ по соба од ден, напалата на рецепција во хотел
  • Влезници за посета на локалитетите со водич: Акропол (30 еур); Посојдоновиот храм ( доплата за влезница )
  • Патничко и здравствено осигурување 150 мкд
  • Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје, Велес, Прилеп, Охрид и Кавадарци 10 Еур/лице
  • НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Важат Општите услови за патување на СКТМ и ТА Ариес.

Доплати и екскурзии

Пакет факултативи€110 / особа

Добро е да знаете

Забелешка

Цената е 168 EUR по лице и важи за термините наведени во понудата, во зависност од достапноста.

Редоследот на посетите може да се измени поради временски услови, отворање или затворање на локалитети и сообраќај. Конкретните хотели, време на поаѓање и оброци ќе бидат потврдени при резервацијата.

Важни информации

Документи: Пред патувањето проверете дали имате важечки патен документ за влез во Грција. Препорачуваме важечки пасош. Условите за влез проверете кај агенцијата пред патувањето.

Виза: Визата се бара согласно важечките правила за државјаните на Северна Македонија. Ако е потребна, ќе ве известиме.

Клима: Во декември времето е поладно, особено во вечерните часови и на отворено. Препорачуваме топла облека, удобни чевли и дожд-мантил.

Валута: Во Грција се користи еврото (EUR).

Багаж

Во автобусот се пренесува едно поголемо патно куфер и една рачна торба по патник. Ве молиме да не носите вредни предмети во рачниот багаж во големи количини. Точните ограничувања за тежина и димензии се потврдуваат при резервацијата.

Услови за плаќање

Резервацијата се прави по барање и се потврдува од агенцијата во зависност од достапноста на местата. По потврдата, агенцијата ќе ги достави деталите за плаќање. Износот и роковите за уплата ќе бидат наведени во потврдата.

Услови за откажување

Откажувањето мора да се достави писмено до агенцијата. Износот на надоместокот зависи од времето на откажувањето и ќе биде потврден при резервацијата. Препорачуваме склучување патничко осигурување за откажување.

Локација

Резервирај го аранжманот

Патници

Име, презиме и датум на раѓање на секој патник, како во пасошот – се впишуваат во договорот за патување.

Дополнително
Како сакате да платите?

🔒 Картичката се плаќа на безбедната страница на Халк Банка – податоците од картичката не стигнуваат до нас.

  • Плаќање со картичка – резервацијата продолжува со евидентирана уплата
  • Ваша страница за следење на резервацијата, документите и пораките
  • Одговор по е-пошта, Viber или WhatsApp

Рецензии

Сè уште нема рецензии. Патувавте со нас? Бидете први што ќе напишете.

Напишете рецензија

Рецензија можат да напишат клиентите што патувале со нас: внесете го бројот на резервацијата и е-поштата од резервацијата.

Black Friday промоција −€20
Цена од
€179 €159 по особа
Заштедувате €20
Black Friday промоција цена важи за резервации уплатени до 01.12.2026
Резервирајили јавете се +38972228155

Напишете име, место или држава – на пр. Лефкада, Истанбул, Нидри.

Или пребарајте со датуми