Фурка е малo симпатично местенце на полуостровот Касандра на Халкидики, на околу 100 километри од Солун.
Има песочна плажа, со кристално чиста вода. Дното е главно песок, со исклучок на метар или два малку ситни камчиња на влезот, а потоа повторно песок и гребен. Бојата на водата е многу убава, зелено-сина, поради четинарите во околината.
На брегот веднаш покрај плажата има две убави таверни со фантастичен поглед на море, но и голем број приватни куќи во сопственост на Грците од Солун. Од таа причина, пристапот до плажата може да биде подалеку од сместувањето отколку што навистина е, бидејќи не можете да поминете низ приватни домаќинства. Затоа нема шеталиште покрај морето, туку голем и убаво уреден плоштад каде се одвива социјалниот живот, со повеќето кафулиња, продавници, ресторани и неколку игротеки за деца.
Во Фурка има два супермаркети, Масутис и Арванидитис, така што туристите имаат можност за поволно снабдување. За поголем шопинг, жив ноќен живот и поинтересна вечерна прошетка Калитеа е на само 10 километри, Ханиоти е исто така во близина, а сигурно местата на западниот брег, Сивири и Неа Скиони.
Фурка е одлично одморалиште за оние кои сакаат да поминат летен одмор на мирно место, без гужви за туристите.
Хотелот Bellagio3* се наоѓа на прекрасна локација, опкружен со бујна зелена борова шума и зеленило, на 400 метри од песочната плажа на Фурка, на западната и на помирната страна на полуостровот Касандра, Халкидики. Хотелот со 3+ звезди – е најдобриот избор за вашиот идеален семеен одмор, кој комбинира релаксација и мир, а воедно и многу можности за активен одмор, за вашето семејство или вашите пријатели. Стилот и атмосферата во хотелот Bellagio 3* создаваат чувство на удобност и спокојство, бегајќи од секојдневието и гужвата. Хотелот е добро познат на нашиот пазар, и е надалеку познат по својата богата програма на СЕ ВКЛУЧЕНО и многу содржини. Причината што многу гости се враќаат повторно повеќе години, покрај својот квалитет, придонесува и профилот на фамилијарни гости со деца за кои има многу содржини, дружења, нови познанства и сеќавања кои траат засекогаш. Кога децата имаат преокупација и простор за дружење, возрасните имаат повеќе време за нив, за вистински одмор.
All inclusive · 1 брачен 1 единечен 1 помошен · 14 m² · макс. 3 возрасни + 1 деца
Четворокреветна соба има еден дупли, еден единечен и еден помошен кревет. Информација околу димензиите на креветите: -единечен кревет е 75х185 цм -француски лежај е 200 х 185 цм -помошен кревет на отворање…
Попусти за рана уплата: −20% до 30.11.2026 · −15% до 31.12.2026 · −10% до 31.03.2027
Термин
2 возрасниДвокреветна соба · AI
2 возрасни + 1 детеДвокреветна соба · AI
2 возрасни + 2 децаТрокреветна соба · AI
3 возрасниТрокреветна соба · AI
3 возрасни + 1 детеТрокреветна со помошен лежај · AI
29.05–05.06.20277 ноќевања
05.06–12.06.20277 ноќевања
12.06–19.06.20277 ноќевања
19.06–26.06.20277 ноќевања
26.06–03.07.20277 ноќевања
03.07–10.07.20277 ноќевања
10.07–17.07.20277 ноќевања
17.07–24.07.20277 ноќевања
24.07–31.07.20277 ноќевања
31.07–07.08.20277 ноќевања
07.08–14.08.20277 ноќевања
14.08–21.08.20277 ноќевања
21.08–28.08.20277 ноќевања
28.08–04.09.20277 ноќевања
04.09–11.09.20277 ноќевања
11.09–18.09.20277 ноќевања
18.09–25.09.20277 ноќевања
Цените се по соба / апартман за целиот термин. Кликнете на цена за резервација.
Добро е да знаете
Забелешка
Неколку практични информации за вашиот одмор во Хотел Bellagio 3*, Скала Фурка (Касандра, Халкидики):
Локација: плажата е на околу 400 m, а центарот на околу 600 m од хотелот.
Услуга: all inclusive (AI).
Цени: цената е по соба, во евра (EUR). Конечната цена зависи од избраниот термин и составот на собата.
Сезона: термини од 29.05.2027 до 25.09.2027.
Резервација: можна е директна резервација преку нашата веб-страница.
Превоз со автобус (по желба): 50 EUR за возрасен и 40 EUR за дете до 12 години. Деца под 2 години патуваат бесплатно.
Попусти за рана резервација
20% попуст за резервации до 30.11.2026
15% попуст за резервации до 31.12.2026
10% попуст за резервации до 31.03.2027
Што порано резервирате, поголем е попустот. За детали околу содржините во хотелот и посебни барања, слободно контактирајте не.
Куќен ред
Ви благодариме што го избравте Хотел Bellagio 3* во Скала Фурка. За да вашиот престој помине пријатно и без непријатности, ве молиме да ги имате предвид следниве информации.
Пристигнување и заминување
Точните часови за прием (check-in) 15h и напуштање на собата (check-out) 10h ќе ви бидат наведени во ваучерот и потврдата за резервација.
Доколку пристигнувате раните утрински часови или заминувате доцна, јавете ни однапред. Ќе проверИме со хотелот дали е можно складирање на багажот.
Миленичиња
Условите за престој со миленичиња -хотелот НЕ ДОЗВОЛУВА. Ако планирате да патувате со миленик, контактирајте не пред резервацијата за да ви дадеме информација.
Депозит
Доколку хотелот бара депозит или гаранција при пристигнување, за тоа ќе бидете известени однапред. Најдобро е да прашате кај нас пред патувањето.
Општо
Ве молиме да ги почитувате мирот во хотелот и правилата на хотелот.
За сите дополнителни прашања, тимот на Aries Travel е на ваша услуга.
Услови за откажување
Условите за откажување и промени на резервацијата се дефинирани во договорот за патување и во општите услови на НАТА и Aries Travel, како и во условите на хотелот за избраниот термин.
Ве молиме откажувањето или промената да ги пријавите писмено и што е можно поскоро, бидејќи можните трошоци зависат од тоа колку пред почетокот на патувањето ќе нè известите.
Попустите за рана резервација важат според условите на понудата. Пред да потврдите резервација, слободно побарајте од нас точни информации за условите за откажување за вашиот термин – со задоволство ќе ви помогнеме.
bevme vo Belagio lani. hotelot e malku star, no cist i sreden. ona sto go nudi e za cela familija. odlicna hrana, pijacki, bazen, drustvo za site od familijata. za na plaza ima 10min odenje,no se isplati. mozat malku poveke blagi raboti da dadat! najsrekna e zenata zosto ne mora da gotvi po cel den
Напишете рецензија
Early Booking −20%
Цена од
€599€480 за термин
Заштедувате €119
Early Booking цена важи за резервации уплатени до 30.11.2026