Ваш доверлив партнер за незаборавни патувања и нови авантури.
Вила Андреас румс – ( 20м од плажа) е сместувачки објект кој гостите ќе го најдат во зеленото крајбрежно туристичко село Никијана на Лефкада. Селото се протега по должината на главниот пат што ги поврзува Лефкада со Нидри и Василики, и е оддалечено само 9 км од градот Лефкада и 7 км од Нидри. Туристите можат да го најдат овој сместувачки капацитет на главниот пат, на само 12 метри од песочна плажа. Идеално е за вашите вечерни излегувања за забава во баровите и клубовите во Нидри и Лефкада.
Категоријата на овој комплекс е „2*“ (Б категорија), со различни сместувачки капацитети (двокреветни, трокреветни, четворокреветни соби) имаат на располагање заедничка кујна на приземје..
Сите соби се опремени со клима уред (вклучена во цена) , фрижидер, телевизор, балкон (некои со поглед на море), WC/Туш. Вклучени се и WiFi услуги. На приземјето има две заеднички кујнски соби кои можат да ги користат сите гости. Услугите за чистење се обезбедени на секои 2-3 дена, како и обезбедување чиста постелнина и крпи. Собите Андреас во непосредна близина имаат и кафе-бар, пекара, кој служат појадок, пијалоци, сладолед, кафе, закуски итн. Соодветни јавни паркинг места на улица пред објектот, како и во непосредна близина.
локација: https://maps.app.goo.gl/qprXkRciuVqApZUP9
Цените се дадени за наем на соба за 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД
| Дозволено е сместување спрема капацитетот на студио (број на кревети)
| освен 1 дете до 7 години во кревет со родител.
| Собите располагаат со ТВ, фрижидер и клима уред , а имаат заедничка кујна
| во посебно наменета просторија за сите гости на вилата.
| Во непосредна близина на вилата има маркети, пекара, таверни и бич барови.
| Климата е ВКЛУЧЕНА во цена.
| Автобуски превоз 60 Еур возрасни Битола.
| Доплата за превоз 10 Еур: Струга,Oхрид, Ресен, Скопје, Велес, Дреново, Прилеп.
| Деца од 2 до 11,99 год: Попуст – 10 Евра од редовната цена.
| За уплата на 2 или повеќе темини одобруваме 7% попуст.
| Попустите не може да се комбинираат.
| Термините обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст.
| Туристичката такса се плаќа на лице место.
| Важат Општите услови за патување на ТА АРИЕС ТРАВЕЛ И НАТА.
Време на поаѓање кон Грција:
01:00 h Скопје (Дрводекор)
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
02:20 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол Дреново)
03:10 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
04:00 h Битола (Главна автобуска станица)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
Време на заминување од Грција:
(времињата се по GR време)
Агиос Никитас 13.00 часот
Нидри 14.00 часот
Никиана 14.30 часот
Канали 15.00 часот
Врахос 15.30 часот
Амудиа 16.00 часот
Парга 16.30 часот
Напомена: Заради зголемен обем на сообраќај во сезона, некогаш не е можно да се запазат предвидените времиња на пристигање и поаѓање.
ТА Ариес со своите партнери во интерес на нашите клиенти, организира секоја недела заедничко крстарење со компанијата Нидри Стар и тоа со организиран превоз од Агиос Никитас 08,00 часот и Никиана 08,30 часот(со минимална доплата за повратен трансфер 5Еур), како и на пристаниште во Нидри на пултот на Нидри Стар во 09,00. За да се пријавите за крстарење можете кај водичот Мартин или на нашиот вибер +38972228155. Крстарењето чини 40 еур по лице со вклучен ручек на брод и загарантирани незаборавни моменти и забава. ЕКСКУРЗИЈА КОЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРОПУШТИ!
Само ноќевање · 1 брачен · 15 m² · макс. 2 возрасни + 0 деца
Само ноќевање · 2 единечни · 15 m² · макс. 2 возрасни + 0 деца
Само ноќевање · 2 единечни · макс. 2 возрасни + 0 деца
Кликнете на денот на пристигнување, па на денот на заминување.
Вила Андреас румс се наоѓа во зеленото крајбрежно туристичко село Никијана на Лефкада, на главниот пат што ја поврзува Лефкада со Нидри и Василики. Објектот е на околу 20 метри од песочна плажа, а до градот Лефкада има 9 км, до Нидри 7 км.
Објектот има категорија 2* и нуди двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби. Во сите соби има клима уред (вклучена во цената), фрижидер, телевизор, балкон (некои со поглед на море), WC/туш и бесплатен WiFi.
Вклучени се:
Во непосредна близина се кафе-бар и пекара, каде можете да појадите, да купите пијалоци, сладолед, кафе и закуски. Пред објектот, како и во близина, има соодветни јавни паркинг места.
Пријавување и одјавување: пријавувањето е од 14:00 часот, а одјавувањето најдоцна до 09:00 часот.
Миленичиња: за евентуално присуство на миленичиња ве молиме информирајте се кај нас пред резервација.
Депозит: ако е потребен депозит, ќе ви го соопштиме при потврдата на вашата резервација.
Резервациите се испраќаат како барање и се потврдуваат од Aries Travel. Условите за откажување ќе ви бидат соопштени при потврдата на вашата резервација.
Сè уште нема рецензии. Патувавте со нас? Бидете први што ќе напишете.