DRAG

Ваш доверлив партнер за незаборавни патувања и нови авантури. 

Вила Порто Фино – Никиана, Лефкада

  • Категорија★★
  • ЛокацијаНикиана, Greece
  • Плажа20 m
  • Центар0 m
  • Пријавување / одјавување14:00 / 09:00
  • УслугаRO

Вила Порто Фино, Никиана, Лефкада

 

Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја…Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен.

Зошто ја одбравме за Вас Вила Порто Фино во местенцето Никиана на Лефкада?!
– одличен квалитет со 3 креветни студија идеални за фамилии ( со можност да се стави екстра кревет каде има место)
– приватна плажа во непосредна близина на само 20м без гужви и галама
– иделана позиција на островот со еднаква оддалеченост од Нидри и главниот град Лефкас
– прекрасен простран двор за одмор и забава покрај зидана скара која е на располагање на гоститеНикиана е мало рибарско место кое се наоѓа измеѓу главниот град Лефкас и Нидри. Ова место има идеална местоположба за сите оние кои сакаат да го истражуваат прекрасниот остров, исто така близината на главниот град дава можност за шопинг и ноќни забави. Поради прекрасната околина богата со вегетација и преполна со маслинови дрва Никиана стана една од омилените дестинации на Лефкада за сите оние кои сакаат релаксација и ослободување од стрес. Во Никиана има три различни поголеми песочни плажи и неколку мали романтични плаж на кои можете да уживате под природни сенки, исто така местото има автобуска постојка која Ви дава можност да ги посетите преубавите плажи и градови на Лефкада со автобус. Во Никиана можете да уживате во таверни кои служат прекрасна морска храна, кафе барови и супермаркети распоредени на главната улица и покрај плажата.

Вила Порто Фино Б кат. – Никиана, сe наоѓа на главниот пат одалечена само 30 тина метри од најблиската песочна плажа. Во близина на вилата има пекара, супермаркет и неколку таверни. Вилата располага со 12  реновирани  студија за 3-4 лица кои имаат 1 брачен кревет и еден  единечен кревет. Сите студија се опремени со кујна, клима (со доплата 5 еур/ден), телевизор и тераса со делумен поглед кон море, исто така вилата има и голем двор со тревна површина каде има скара и фурна кои гостите можат да ги користат.

 

Координати: 38.75555497808294, 20.719592557129662          https://goo.gl/maps/WnJnAJzYdw9maZt47  

Цените се дадени за наем на студио 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД 
 | Дозволено е сместување спрема капацитетот на студио (број на кревети) 
 | освен 1 дете до 7 години во кревет со родител.
 | Доплата за клима 5 еур на ден. 
 | Автобуски превоз 60 Еур возрасни Битола.
 |  Доплата за превоз 10 Еур: Струга,Oхрид, Ресен, Скопје, Велес, Дреново, Прилеп. 
 | Деца од 2 до 11,99 год: Попуст – 10 Евра од редовната цена.
 | За уплата на 2 или повеќе темини одобруваме 7% попуст. 
 | Попустите не може да се комбинираат. Термините се фиксни на 7 ноќи.
 | Термините обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст. 
 | Туристичката такса се плаќа на лице место.
 |  Важат Општите услови за патување на НАТА.

 Време на поаѓање кон Грција:

01:00 h Скопје (Дрводекор)
 01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
 12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
 02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
 03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
 04:00 h Битола (Главна автобуска станица)
 03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
 02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
 02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола

 Време на заминување од Грција:
Бус Лефкада-Врахос-Парга
(времињата се по ГР време)

Агиос Никитас 13.00 часот
 Нидри 14.00 часот
 Никиана 14.30 часот
 Врахос 15.30 часот
 Амудиа 16.00 часот
 Парга 16.30 часот

 ТА Ариес со своите партнери во интерес на нашите клиенти, организира секоја недела заедничко крстарење со компанијата Нидри Стар и тоа со организиран превоз од Агиос Никитас 08,00 часот и Никиана 08,30 часот(со минимална доплата за повратен трансфер 5Еур), како и на пристаниште во Нидри на пултот на Нидри Стар  во 09,00. За да се пријавите за крстарење можете кај водичот Мартин или на нашиот вибер +38972228155. Крстарењето чини 40 еур по лице со вклучен ручек на брод и загарантирани незаборавни моменти и забава. ЕКСКУРЗИЈА КОЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРОПУШТИ! 

Содржини

  • Брз WiFi
  • Паркинг
  • Целосна кујна
  • Клима уред
  • Балкон
  • ТВ
  • Фрижидер
  • Рецепција 24/7

Соби и цени

1/3 студио

Само ноќевање · 1 брачен + 1 единечен · 15 m² · макс. 2 возрасни + 0 деца

  • Брз WiFi
  • Паркинг
  • Целосна кујна
  • Клима уред
  • Балкон
  • Поглед на море
+1 уште
Избери

1/3 студио

  • Тип на собаТрокреветна соба
  • УслугаСамо ноќевање
  • Кревети1 брачен + 1 единечен
  • Големина15 m²
  • Капацитетмакс. 2 возрасни + 0 деца

Содржини во собата

  • Брз WiFi
  • Паркинг
  • Целосна кујна
  • Клима уред
  • Балкон
  • Поглед на море
  • ТВ

Термини и цени

Наскоро нови термини – испратете барање.

Добро е да знаете

Забелешка

Вила Порто Фино се наоѓа во мирното рибарско место Никиана, помеѓу главниот град Лефкас и Нидри. Тоа е идеална основа за истражување на островот.

  • Студија за 3-4 лица со брачен кревет и единечен кревет. Можно е поставување екстра кревет каде има место.
  • Секое студио има кујна, телевизор и тераса со делумен поглед кон морето.
  • Клима е достапна со доплата од 5 евра на ден.
  • Приватна плажа е на околу 20 метри од вилата, со мирна атмосфера.
  • Во близина има пекара, супермаркет и таверни. Автобуската постојка ви овозможува лесно да ги посетите најубавите плажи и градови на Лефкада.
  • Голем двор со тревна површина, со зидана скара и фурна на располагање на гостите.
Куќен ред

Пријавувањето (check-in) е од 14:00 часот, а одјавувањето (check-out) е до 09:00 часот.

Домашни миленици: ве молиме контактирајте не пред резервацијата, за да ви потврдиме дали се дозволени.

Депозит: ве молиме побарајте информации за евентуалниот депозит при вашето барање.

Услови за откажување

Условите за откажување ги потврдуваме при вашето барање за резервација. Ве молиме контактирајте не за точните услови пред да ја потврдите резервацијата.

Локација

Провери цени и резервирај

Патници

Име, презиме и датум на раѓање на секој патник, како во пасошот – се впишуваат во договорот за патување.

Како сакате да платите?

🔒 Картичката се плаќа на безбедната страница на Халк Банка – податоците од картичката не стигнуваат до нас.

  • Плаќање со картичка – резервацијата продолжува со евидентирана уплата
  • Ваша страница за следење на резервацијата, документите и пораките
  • Одговор по е-пошта, Viber или WhatsApp

Рецензии

Сè уште нема рецензии. Патувавте со нас? Бидете први што ќе напишете.

Напишете рецензија

Рецензија можат да напишат клиентите што патувале со нас: внесете го бројот на резервацијата и е-поштата од резервацијата.

Напишете име, место или држава – на пр. Лефкада, Истанбул, Нидри.

Или пребарајте со датуми