од 0 оценка
Daily Tour
1 person
___
БУДИМПЕШТА 1МАЈ
Будимпешта– град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината.
Главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар. Познат како Бисерот на Дунав кој нуди широк избор на туристички атракции. Градот окупатор на двата брега на реката Дунав, од десна страна брегот Буда, а од лева страна Обуда со Пешта. Име составено од три градови Обуда, Буда и Пешта кои формирале еден град, односно Будимпешта. Познат по своите бројни топли природни и вештачки извори кои датираат уште од 1934 година, му ја подарија титулата на “Градот на Бањите“.
Космополитско место на неочекувани, елегантни и фасцинантни предизвици. Иако денес Будимпешта е целосно во духот на Европа во неа се апсорбирани брановите на миграциите на етничките групи. Најпрво се доселиле Унгарците кои навлегле пред околу илјада години. Следни биле Турците, Германците, Словените, Евреите и Ромите, кои создале своја бујна култура која врие и денес.
Градот со душа си има своја пишана историја и еклектричен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност, a благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 189 ЕВРА ПО ЛИЦЕ /11.720мкд
ПРОМО ЦЕНА 159 ЕВРА / 9.860 МКД ЦЕНА
ПРВ ДЕН 30.04.2026 (ЧЕТВРТОК)-Скопје-Будимпешта
Состанок на групата кај хотел Русија во 16:00час. Поаѓање за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.
ВТОР ДЕН 01.05.2026 (ПЕТОК)-Будимпешта
Пристигнување во Будимпешта. Разглед на градот, кој ќе започне од плоштадот на Хероите, Унгарскиот парламент, односно од третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со унгарски материјали. Разгледот го продолжуваме кон Базиликата на Св. Стефан, најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18 век, потоа Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под името Кралската Палата, претставувал дом на раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј се упатуваме кон црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја. По разгледот на импозантната црква се упатуваме кон Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот. Во вечерните часови следува незаборавно крстарење по Дунав, со импресивна глетка и романтична атмосфера. Сместување во хотел. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН 02.05.2026 (САБОТА)-Будимпешта-Виена
Појадокот. Факултативна посета на прекрасната Виена. Можност за прошетка низ Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере , Операта, Градското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот. Враќање во Будимпешта. Слободно време за одмор. Ноќевање.
ПОСЛЕДЕН ДЕН 03.05.2026 (НЕДЕЛА) -Будимпешта-Сент Андреа-Скопје
Појадок. Одјавување од хотел. Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Во договорено време поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Скопје во утринските часови, на 04.05.2026 – Понеделник
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Автобуски превоз
– 2 ноќевања со појадок во хотел 3
– Посета на трговскиот центар Арена
– Туристички придружник за време на целото патување
– Организиран превоз Кочани, Штип и Веле
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Задолжителен разглед на Будимпешта со водич 10 еур
– Факултативно крстарење по Дунав со чаша шампањ 20 еур
– Факултативна посета на Сент Андреа 25 еур
–Факултативна посета на Виена 40еур
– Патничко и здравствено осигурување 200 мкд
– Индивидуални трошоци
– Доплата за еднокреветна соба-3.500мкд
– Туристичка такса 5 евра по лице (се плаќа во автобус)
НАПОМЕНА:
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
– За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
– Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
– Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети. -Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума.
Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор
– За ова патување важат општите услови за патување на ТА АРИЕС ТРАВЕЛ.