Велика Британија е островска држава во Западна Европа. Кралството се состои од четири држави: Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска. Главен и најголем град е Лондон, а други големи градови се Манчестер, Бирмингем, Лидс, Глазгов, Единбург…

Во областа на денешното кралство живееле разни народи од Келтите, Римјаните, Викинзите до англосаксонските племиња. Во 9-от век, народите на северот го основале Кралството Шкотска, а потоа во 10-от век е основано Кралството Англија, кое по векови превирања, војни и освојувања биле обединети во 17-от век, а на почетокот на 19 век било основано Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Од 16 век, Велика Британија ја проширила својата империја на далечниот исток, американскиот континент, Африка и била најголема поморска и територијална сила до 19-от век, кога го достигнала својот врв и нејзината контрола над колониите започнала да ослабува, која продолжила и во 20-от век со светските војни и колониите кои се бореле за независност.

Велика Британија има една од водечките улоги во светската историја, таа е една од најзаслужните земји за развој на демократијата, науката и литературата, па дури и денес претставува значајна политичка и економска сила.

Потребни документи за британска туристичка виза

Аплицирање за Британска Виза во Македонија   Велика Британија има систем базиран на поени преку кој се одобруваат барањата за виза за одредени категории кандидати. Како ќе се оценува Вашата апликација? Вашата апликација за виза ќе се оценува според одредени критериуми како што се: ☑️ Дали можете финансиски да се издржувате ☑️ Кој е Вашиот […]

Формулар за Британска туристичка виза