Лутраки е мало туристичко место со околу 2000 жители и се наоѓа на само 130 км од граничниот премин Богородица/Меџитлија. Местото со своите минерални лековити извори е познато уште од времето на Александар Македонски. Од 1992 год. туризмот значително се развива и денес има голем број хотели и апартмани кои ги задоволуваат потребите на гостите. Освен тоа, местото изобилува со ресторани, продавници и кафетерии.
Овде посетителот може да ги комбинира минералната топла вода во базените со планинарењето, посетата на уникатната по својот вид пештера или скијање на планината Ворас (Кајмакчалан).Областа е планинска. Течењето на топлите и ладни води заедно со богатството флора му дава на овој регион уникатна убавина уште од далечната 1920 год кога за прв пат е прогласен за “природна бања“. Температурата на водата е од 37 – 38 Целзиусови степени. Водите се лековити и се препорачуваат за болни од реума, ишијас, бронхит, нервоза, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулативни и респираторни нарушувања.
Хотел Филипион – Лутраки | |||
---|---|---|---|
Период | 20.12.2019-06.01.2020 | ||
За минимум две ноќевања со појадок, цена по соба на ден | |||
Double | 61.6 | ||
Triple | 78.4 | ||
За минимум три ноќевања со појадок, цена по соба на ден | |||
Double | 56 | ||
Triple | 72.8 | ||
Период | 01.11-20.12.2019 и 07.01-30.03.2020 | ||
цени од Недела до Четврток | |||
За минимум две ноќевања со појадок, цена по соба на ден | |||
Double | 44.8 | ||
Triple | 61.6 | ||
цени од Петок до Недела | |||
цена по соба на ден со појадок | |||
Double | 50.4 | ||
Triple | 67.2 |
Цените се изразени по соба на ден, на база Ноќевање со континетален појадок.
Соби со камин и џакузи од 20/10 до 30/4 доплата на ден за соба 15 €
Цените се изразени за минимум 2 ноќевања.
Задолжителна доплата за туристичка такса по соба на ден од 0,5еур на ден.
Check In | 12:00 pm |
---|---|
Check Out | 12:00 pm |