Локација: Strahinje Popovića, 31315 Zlatibor, Srbija
За хотелот:
Лоциран во можеби најмирниот дел од Златибор, овој хотел опкружен со борова шума, е идеален за престој на сите генерации на гости, располага со ресторан со капацитет од 110 лица.
Сместување и типови на соби:
Хотелот поседува 20 соби и 25 апартмани. Секоја од собите/апартманите во хотелот располага со: ТВ, безжичен интернет, клима уред, парно греење, телефон, мини бар, балкон/тераса, тоалет со туш кабина и фен.
Видови на соби:
- Standard соба (19 – 22 m2); Капацитет: 1-2 лица
- Komfort соба (28 m2); Капацитет: 1-3 лица
- Standard апартман (31 – 38 m2); Капацитет: 1-4 лица
- Komfort апартман (36 – 44 m2); Капацитет: 1-4 лица
- Buket апартман (45 m2); Капацитет: 1-4 лица
Спа и велнес центар:
Wellness центарот се протега на околу 800 метри квадратни. Располага со 2 базени, од кој едниот е со солена вода. Покрај тоа, има џакузи, финска и био сауна, солена соба, парна бања, соби за масажа, тепидариум. Исто така не изостанува ниту модерно опремената фитнес сала (45м2).
Конгреси и семинари:
Модерната, целосно климатизирана конгресна сала (140м2) со капацитет од 80 лица е опремена со сета потребна опрема (проектор, панел, безжичен интернет).
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 61,8МКД
| Цени валидни до 28.12.2021 |
| Стандардни соби |
| Двокреветна |
Комфорт 1/2 |
Еднокреветна |
| 65 |
69 |
83 |
| Апартман |
| Стандард 1/3 |
Комфорт 1/3 |
Букет 1/3 |
| 75 |
78 |
83 |
Цените се по лице на ден
Во цената е вклучено
- Појадок и вечера
- Користење на спа центар ( внатрешни базени,џакузи, топли клупи ,солена соба,партна бања и сауна )
- Користење на фитнес сала
- За ноќевање со појадок цената се намалува за 6 евра
- Екстра легло се плаќа 50% од цената
- Трето и четврто лице во апартманите плаќаат 70% од цената
- Ако едно лице престојува во апартман цената се зголемува за 70%
- Доколку има повеќе од 10 гости во хотелот појадок и вечерата се служат на шведска маса, во противно се служи јадење по избор.
Политика за деца
- Деца до 6,99 доколку престојуваат со 2 возрасни – бесплатно
- Деца 7-11,99 во сместување со 2 возрасни плаќаат 20 евра на ден на база на ноќевање со појадок, и 23 евра на база на полупансион.
- Изнајмувањето на бебешко креветче за деца до 2г е бесплатно
- Приложувањето на книшка или пасоши за децата на рецепција е задолжително
- При резервација е задолжителен депозит од 30% од сумата, а остатокот треба да биде исплатен 15 дена пред престојот.
- Во случај на отказ, no show или кратење на веќе резервираниот престој, хотелот има право да ја задржи целата сума.
- Туристичката такса не е вклучена во цената и изнесува 1 евро по лице на ден
- Деца до 15 год плаќаат 0,5 евра туристичка такса