from 179 168
Резервирај

Св.Климент Атина-Егина-Пелопонез-Сунион (04.12-08.12.2026) 168 еур

Λεωφόρος Ποσειδώνος 55, Glifada 166 75, Greece
Нема оценка
Времетраење

4 дена/3 ноќевања/4 екскурзии

Вид на аранжман

Specific Tour

Големина на група

45 луѓе

Јазик

___

Преглед

***Св.Климет Охридски ***

(Атина-Егина-Пелопонез-Сунион)

 04-08 Декември 2026

Атина често пати се нарекува колевка на западната цивилизација. Таа е еден од најстарите светски градови чија историја бележи преку 3400 години. Се семета за зачеток на демократијата. Атина е центар на економскиот, политичкиот и културен живот во Грција, родно место е на Сократ, Перикле, Софокле и други значајни филозофи, писатели и политичари. Таа е еден од главните светски центри за архиолошки истражувања. Ова популарно туристичко место има дури 148 театри!

Програма на патувањето:

04.12.2026 (Петок) Македонија-Атина Состанок на групата на Спортска сала Битола во 20,30 часот.Поаѓање во 21:00 часот. Ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.

05.12.2026 (Сабота) Атина разглед-Прошетка на Плака  Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омонија, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…  Посета на Акропол -Пропилеј, Партенон, Ерџтејон ( доплата за влезница 13 Еур). Заминување и  сместување во хотел во Глифада – најелитната населба во Атина. Слободно попладне. Вечерта можност за прошетка низ центарот на Глифада. Ноќевање1.

06.12.2026 (Недела) Атина-Коринт-Пелопонез  Појадок. Целодневна екскурзија на Арголида (факултативно 50 Еур): Коринтски канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус  – најакустичниот антички амфитеатар (влезница 6 еур), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена -древниот град на митскиот крал Агамемнон (влезница 6 Еур). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница – продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во хотелот. Слободна вечер. Ноќевање 2

07.12.2026 (Понеделник) Глифада-Пиреја-Егина  Појадок.Слободен ден за прошетка и уживање во прекрасната Глифада или во Атина. Можност за факултативна еднодневна екскурзија на островот Егина (50 Еур). Овој остров е дел од Саронските острови и се наоѓа на околу 30 километри од Атина. Егина е дом на антички урнатини (вклучувајќи го и познатиот храм Афаја), неверојатни плажи, шармантни селца и пристаништа. Плус, во минатото градот Егина кратко бил престолнина на Грција. Ќе ја посетиме црквата посветена на Свети Нектариј Егински, подигната од старец Нектариј Виталис со помош на верното население, и каде што старецот за време на својот земен живот служел и живеел. Потоа одиме да се поклониме на гробот на скороупокоениот старец Нектариј Виталис. После посетата на Камариза тргнување кон пристаништето во Пиреја. Панорамски разглед на Пиреја. Враќање во Глифада. Слободна вечер со можност за индивудални активности. Ноќевање 3.

02.01.2023 (Вторник) Атина-Сунион- Македонија Појадок.Слободно  претпладне со мoжност за  факултативна прошетка (25 еур) и уживање во прекрасната Глифада или Атина, како и можност за  екскурзија (вклучена во цена) покрај Аполоновиот брег на Атика: летувалиштата Глифада, Вула, Вулјамени и  р’тот Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат над самиот рт’ во слава на богот Посејдон со можност за влез на локалитетот (8 Еур). Враќање во Глифада. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови. Организирани трансфери до градови. .

Цена на аранжманот: 179 Eур/11.098,00 МКД

ПОПУСТ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 30/10/2026: 168 Еур/10.416 МКД

Деца: 2-12 години со двајца возрасни 129 Еур/ 7,998,00   Еднокреветна соба 229 Еур.

Во цената се вклучени следниве услуги:
-Превоз со високотуристички автобус
-3 ноќевања со појадок во хотел 4* во Глифада
-Организиран разглед на Атина и Акропол со локален водич
-Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:
-Факултативен излет Пиреа-Егина-Св.Нектариј Егински (бус+брод+водич 50 Еур)
-Екскурзија на Арголида – Пелопонез (50 Еур + влезници)
– Екскурзија Сунион и Аполоновиот храм (30 Еур + влезница)
– ПАКЕТ 3 факултативи 110 еур + влезници
-Туристичка такса 1,5€ по соба од ден, напалата на рецепција во хотел
-Влезници за посета на локалитетите со водич: Акропол (12 еур); Микена (6 Еур);  Епидаурус (6 Еур) Посојдоновиот храм (6 Еур)
-Патничко и здравствено осигурување 150 мкд

  • Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје, Велес, Прилеп, Охрид и Кавадарци 10 Еур/лице
  • НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Важат Општите услови за патување на СКТМ и ТА Ариес.
Духовен живот и спaсение – инспиративни патувања!
Чудата на Светителот Св.Нектариј Егински!
Некогаш човек не е ни свесен колку се Бог и Светителот блиску до нас, па кога ќе се случи чудо, тогаш сфаќаме…
„Онаму каде што сака Бог и законите на природата се надминуваат”.
Егина е еден од саронските острови во Грција во Саронскиот Залив, 27 километри од Атина. Традицијата го добива името од Егина, мајката на херојот Ајак, која е родена на островот и стана нејзин крал.
До овој магичен остров лесно може да се стигне со редовна врска со траект или спидбот од Пиреја. Егина има многу посебна енергија и автентична убавина. Покрај тоа што е недопрен остров за одмор, неговата трансформациска енергија направи многу луѓе да одлучат да се преселат, дури и оние што го обиколија светот ширум светот. Егина ве прави да се чувствувате како дома.
Во 1904 година, сега светски познатиот чудотворен исцелител Свети Нектариј избра да се пресели во Егина; го претвори опустошениот манастир во свој дом и место на богослужба. До денес, неговиот манастир служи како место за удобност и е една од најпосетуваните знаменитости на островот. Поради својата посебна светлина, многу уметници ја избраа Егина како основа и инспирација за креативност. Во сегашно време, островот служи како популарна локација за работилници, семинари и изложби.
Егина можеби е островот од каде започнува вашето духовно патување. Но, дозволете да ве предупредиме, Егина не е остров на поаѓање, тоа е остров на враќање! Сигурен сум дека ги читате овие зборови со причина. Не ја наоѓате Егина, ЕГИНА ЌЕ ВЕ НАЈДИ, и тоа го прави во вистинскиот момент.
Уверете се во исцелителната моќ на постхумните остатоци од овој светец и неговиот манастир.

Highlights

  • Програма во која ќе имаме можност да ја доживееме и вкусиме Атина и нејзината најважна околина од копно и море. Ќе имаме можност да уживаме во прекрасното сонце на Пелопонез, островот Егина, безбројните археолошки локалитети кои постојано ги посетуваат илјадници туристи од целиот свет.

Агенда

Вклучува/Не вклучува

  • Во цената се вклучени следниве услуги:
  • -Превоз со високотуристички автобус
  • -3 ноќевања со појадок во хотел 4* во Глифада
  • -Организиран разглед на Атина и Акропол со локален водич
  • -Организација и водство на патувањето
  • Во цената не се вклучени следниве услуги:
  • -Факултативен излет Пиреа-Егина-Св.Нектариј Егински (бус+брод+водич 50 Еур)
  • -Екскурзија на Арголида - Пелопонез (50 Еур + влезници)
  • - Екскурзија Сунион и Аполоновиот храм (30 Еур + влезница)
  • - ПАКЕТ 3 факултативи 110 еур + влезници
  • -Туристичка такса 1,5€ по соба од ден, напалата на рецепција во хотел
  • -Влезници за посета на локалитетите со водич: Акропол (12 еур); Микена (6 Еур);  Епидаурус (6 Еур) Посојдоновиот храм (6 Еур)
  • -Патничко и здравствено осигурување 150 мкд

Локација на аранжманот

Λεωφόρος Ποσειδώνος 55, Glifada 166 75, Greece
- 6%
од 179 168

Why book with us?

  • Ариес автобуски аранжман

    Ариес автобуски аранжман

  • Ариес аранжман со водич

    Ариес аранжман со водич

You might also like