од 0 оценка
Daily Tour
1 person
___
8ми декември во Богутовачка Бања –
Србија ( 05 – 08.12.2026 )
БОГУТОВАЧКА БАЊА
Поминете викенд во прекрасната природна околина на Богутовачка Бања, сместена на падините на планината Троглав, на неполни 25 километри од Краљево. Позната по својата лековита минерална вода, чистиот планински воздух и долгогодишната бањска традиција, Богутовачка Бања е идеално место за одмор, релаксација и дружење. Добра атмосфера и незаборавно дружење со нас!
ПРЕВОЗ | ПОЛНПАНСИОН | | БАЗЕН /ПАРНА БАЊА/ТИПИДАРИУМ| ЛЕКОВИТА МИНЕРАЛНА ВОДА
ПРОГРАМА
ПРВ ДЕН – 05.12.2026 (САБОТА) БИТОЛА/СКОПЈЕ/БОГУТОВАЧКА БАЊА
Состанок на групата Битола во 02:30ч. Поаѓање во 03:00 ч. Со попатни зимања на патници Прилеп, Велес и Штип. Поаѓање Скопје во 05:00 ч со попатни паузи за одмор и гранични формалности. Патувањето се одвива преку Граничен премин Табановце. Пристигнување во Богутовачка Бања околу пладне, сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот. Вечера. Ноќевање.
ВТОР ДЕН – 06.12.2026 (НЕДЕЛА)-БОГУТОВАЧКА БАЊА-МАНАСТИР ЖИЧА
Појадок. Организирана посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Враќање назад во хотелот. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на содржините на хотелот вклучени во цената. Вечера. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК)-БОГУТОВАЧКА БАЊА-КРАЉЕВО
Појадок. По појадокот мoжност за факултативна посета на градот Краљево, градот со богата историја и култура. Разглед на градот (Трг српских ратника, господар Васин Конак, Аџиќа куќа, Музеј на градот Краљево, Соборна Црка Света Тројица, …) Слободно време за освежување и индивидуални активности. Во договорено време враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот. Вечера. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН – 08.12.2026 (ВТОРНИК) – БОГУТОВАЧКА БАЊА-СКОПЈЕ/БИТОЛА
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување.. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА ДО 25.10.2026 – 185€
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 205 €
НАПОМЕНИ:
За овој аранжман важат Општите услови за патување на НАТА и АРИЕС ТРАВЕЛ