Хотел Акрополис 3* – Фурка, Халкидики 2027

View on map
Нема оценка од 0 оценка
0/5
100% guests recommend

Description

Хотел-Акрополис  3*се наоѓа во Фурка, на околу 250 метри од најблиската песочна плажа. Обезбедува услуга за ноќевање, ноќевање со појадок или полупансион. Хотелот има и сопствен бар на плажа, каде што е можно користење лежалки и чадори со задолжителна потрошувачка во барот. Хотелот се наоѓа на локација каде имате прекрасен панорамски поглед на цела долина и море заради својата поставеност над заливот на Фурка. Центарот на градот е оддалечен околу 600 метри од хотелот, а тоа е и оддалеченост од ресторани, кафулиња и продавници.
Комплексот се состои од три згради, тип А, Б и Ц, кои се поврзани со главната зграда на објектот во кој се наоѓа ресторанот. Над рецепцијата има тераса, опремена со маси и столови, која може да ја користат сите гости и од која има прекрасен поглед на морето и градот. Тоа е одличен избор за уживање во зајдисонце. Во понуда се два вида сместувачки единици кои се наоѓаат на приземје, на прв или втор кат.
Студиото може да прими најмногу три возрасни и дете и располага со брачен и единечен кревет, чајна кујна и бања.
Апартманите за четири лица, со две спални соби, се состојат од  кујна, две спални соби и бања. Едната спална соба има брачен кревет, додека другата соба има два единечни кревети.
Сместувачките единици се климатизирани (климата е вклучена во цена), а гостите имаат на располагање бесплатен Wi-Fi интернет, телевизор со рамен екран, како и кујна, стандарден фрижидер со преграда за замрзнување. Бањите имаат туш без завеса, а некои единици имаат и туш со завеса. Верандите и балконите се опремени со седење. Некои од собите имаат поглед на море, базенот или градината.
Во украсениот двор на гостите им се на располагање бар и голем базен, а гостите можат бесплатно да користат лежалки и чадори. На песочната плажа има хотелски бар, а гостите можат да користат лежалки и чадори заедно со нарачани пијалоци или храна. Чистењето, како и менувањето постелнина и крпи, се врши на половина период од престојот. Во ова сместување НЕ се дозволени домашни миленици. Обезбеден е паркинг простор за сместување на гостите. Хотелот  Акрополис е одличен избор за сите оние кои сакаат хотелско сместување со базен во близина на плажа. Сместувачките единици се добро опремени, и  секогаш уредни и добро одржувани.
Распоред на соби:
БЛОК А
1 спрат –  А12 1/4 studio DBL+2SGL
1 спрат –  А13 1/4 duplex DBL + SGL

БЛОК Б
2 спрат –  Б22 1/4 duplex DBL+2SGL

БЛОК C
приземје C4 1/3 studio DBL+SGL
приземје C5 1/4 duplex DBL+2SGL
1 спрат  C10 1/3 studio DBL+SGL
1 спрат  C11 1/4 duplex DBL+2 SGL
2 спрат C14 1/3 studio DBL+SGL
2 спрат C15 1/3 studio DBL+SGL
2 спрат C16 1/4 duplex DBL+SGL

https://maps.app.goo.gl/eocekjDuvsm8JxPYA 

39.988048236459555, 23.379960153449144

 

Фамилијарна апартманска понуда Фурка – Халкидики 2027
Попусти за рана уплата : -20% до 30/11/2026   -15% до 31/12/2026   -10% 28/02/2027
За запазување на попуст за рана резервација е потребна уплата од 40%,
а остатокот најдоцна 14 дена пред термин.
Најбараната апартманска понуда за фамилии на мирната страна на Халкидики.
Апартхотел Акрополис 3* Фурка 1/2 студио 1/3 студио 1/4 студио 1/4 апартман Напомена
Термин/Услуга наем наем наем наем  
22.05-29.05.2027 229 249 269 289  
29.05-05.06.2027 269 289 309 329  
05.06-12.06.2027 299 319 349 369  
12.06-19.06.2027 329 349 369 389 задолжителен појадок
19.06.-26.06.2027 369 399 429 419 задолжителен појадок
26.06.-03.07.2027 429 469 499 529 задолжителен појадок
03.07.-10.07.2027 489 499 529 559 задолжителен појадок
10.07.-17.07.2027 569 589 649 669 задолжителен појадок
17.07.-24.07.2027 649 679 699 749 задолжителен појадок
24.07.-31.07.2027 649 679 699 749 задолжителен појадок
31.07-07.08.2027 649 679 699 749 задолжителен појадок
07.08-14.08.2027 649 679 699 749 задолжителен појадок
14.08.-21.08.2027 649 679 699 749 задолжителен појадок
21.08-28.08.2027 629 659 679 729 задолжителен појадок
28.08-04.09.2027 549 579 599 629  
04.09-11.09.2027 429 449 469 499  
11.09-18.09.2027 339 359 379 399  
18.09-25.09.2027 229 249 269 289  
Цените се дадени за наем на СТУДИО/АПП за 7 ноќи во Еур и задолжителна доплата за појадок.
Хотелот Акрополис располага со 1/3 и 1/4 студија, како и 1/4 апартмани опремени со кујна, тоалет,
балкун, паркинг и клима ВКЛУЧЕНА во цена. Хотелот располага и со детско катче со играчки и крлешки.
Некои апартмани имаат прекрасен поглед на море и целата околина на Фурка.
Гостите имаат на располагање базен бесплатно, како и лежалки и чадори на базен.
Хотелот им нуди на гостите лежалки и чадори на плажа со нарачка на кафе или пијалок
од својот Akropolis beach bar со музика и одлична услуга.
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОПЛАТА за појадок по цена од 10Еур по лице/ден во Јуни, Јули и Август.
Деца 0-06 год. ГРАТИС.
Термините во Јуни и Септември не подлежат на задолжителна уплата за појадок.
Можност за доплата за вечера 10 еур/лице/ден по избор. Информации и резервации во агенција.
Попуст за два последователни термини 7%. Попустите не може да се комбинирааат.
На плажата оддалечена 250м од хотелот има можност за поставување и на свои лежалки по желба.
Автобуски превоз 45 Еур возрасни Битола, Прилеп, 50 Еур Скопје, Велес, Кавадарци.
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст 10 Евра од редовната цена.
За запазување на попуст за рана резервација е потребна уплата од 40%,
а остатокот најдоцна 14 дена пред термин.
Важат Општите услови за патување на НАТА и ТА Ариес

 

 

Hotel Facilities

Air Conditioning
Flat Tv
Internet – Wifi
Kitchen
Parking
Pool
Restaurant
Yard
Show All

Hotel Theme

Early Booking 2025
Standard
Автобуски аранжмани
Грција
Касандра - Халкидики
Лето 2025
Фурка, Халкидики
Хотели Закуп
Show All

Rules

Check In 14:00 pm
Check Out 10:00 pm

Rooms

avg 0 /night

Owner

Aries Travel

Member Since 2019