Апартмани Алекс 2 -Полихроно

View on map
Not Rated from 0 review
0/5
100% guests recommend

Description

Print Friendly, PDF & Email

На првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун, се наоѓа туристичката дестинација Полихроно, сместена во кристално чистиот залив Торонеос. Полихроно е опкружено со бујна медитеранска вегетација. Го краси долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца.На местото на денешно Полихроно, во 7 век п.н.е. постоела населбата Неаполи која е уништена во 6 век н.е. Во 11 век се основа Полихроно . Денес брои повеќе од 1000 жители, а најразвиена гранка е туризмот. Местото е сликовито, со поплочени улици, палми, лимонови и маслинови дрва, убави дворови и осветлено шеталиште покрај плажа. Има супермаркети, продавници со сувенири, производи од маслиново масло и морски плодови, производи од крзно и кожа, амбуланта, аптека. Има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, како пици и друга брза храна. Полихроно е одличен избор за семејства со деца поради убавото шеталиште покрај морето, кристалното море, како и многубројните продавници.

ОПИС:

Апартмани “АЛЕКС 2” се наоѓа на само 10 метри од плажа и од пешачката патека. Вилата се состои од 4 апартмани бр. 1 и 2 на прв спрат и бр.3 и 4 на втор спрат. Сите со поглед на море. Апартманите се опремени кујна, шпорет со рерна, фрижидер, основни садови за соодветниот број на лица ,ТВ, тераси Wi-Fi интернет, купатило со када, клима уред. Сите апартмани се со оделна спална со француски лежај и 2 оделни кревети во кујна. Од спалната и од кујната имаат тераси.

Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената.

Check in:   14:00h.
Check out: 09:00h.

Важна Напомена: За хигиената на апартманите се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место.Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

GPS:  40.01870815169756, 23.52638786901466

Hotel Theme

Грција
Касандра - Халкидики
Лето 2024

Rules

Check In 12:00 pm
Check Out 12:00 pm

Rooms

avg 0 /night

Owner

Aries Travel

Member Since 2019