Aurora Resort Spa 5* Berovo

View on map
Нема оценка од 0 оценка
0/5
100% guests recommend

Description

Print Friendly, PDF & Email

Со надморска височина од 1100 метри, ресортот е сместен во источниот планински дел на Македонија, близу до градот Берово, веднаш над Беровското езеро и прекрасниот кањон на Малешевските планини.

Точно овој регион, често именуван како мала Швајцарија, се наоѓа еден од четирите воздушни коридори во светот, збогатен со огромно количество на кислород, претворајќи го ресортот во беспрекорно чиста воздушна бања.

Изграден од природни елементи, со употреба на вулкански камен и дрво, оплеменет со различни видови на растенија и дрва кои го претвораат ресортот во прекрасна ботаничка градина, збогатен со секојдневниот пој на птиците, припитомени во куќарките соецијално изработени за нив и потставени по боровите кои го опкружуваат комплексот, ресортот е вистинска хармонична бајка.

СПА
Велнес и СПА центарот во Аурора Ресорт е хармонично дизајнирано место, коешто содржи избор од содржини и услуги пружајќи се’ за Вашата потполна релаксација.
Внатрешен базен (затоплен)
Сауна
Парна бања
Џакузи
Соба за релаксација и медитирање со можност за освежување
Избор на масажи од професионален физиотерапевт

Надворешен базен
Полн со беспрекорно чиста и освежителна вода од (160sqm), Бесконечниот базен е на располагање ексклузивно само за гостите на ресортот. Сместен над езерото, опкружен со стилни и комфортни лежалки дозволува неверојатна релаксација исполнета со спокоен и сценски амбиент.

Ресторан
Лоби Бар
Фурна Бар
Бар на базен”

Ресторанот е уникатно архитектурно ремек-дело со голем избор на специјалитети од надалеку прочуената локална Беровска кујна. Со огромен избор од ексклузивна селекција на вина од најстарите Македонски лозовни насади. Сето тоа комбинирано со беспрекорна услуга е идеалното место за организирање на банкети и специјални настани.
Прославете го појадокот или вечерата во ова ремек-дело од ресторан кајшто благодатта на природата и највисоките модни стандарди се среќаваат и креираат судар од луксуз, гламур и модерна уметност. Почуствувајте ја топлината на раскошниот камин и дозволете да ги подигнеме вашите кулинарски очекувања со превкусни деликатеси придружени од беспрекорна услуга и исклучителна атмосфера. Нашиот високо квалификуван тим од професионалци е посветен да Ви го приушти најквалитетното гастрономско искуство и да го разгали вашиот осет за вкус со деликатесни гурмански специјалитети. Нашата кујна посветува огромно внимание за набавка на екстремно свежи, здрави и органски производи од локалниот регион.

Аурора Ресорт и СПА е идеалното место за фамилии со деца. Нашите најмали гости ги очекува авантура полна со играчки, сложувалки и игри во Детското Катче!

Конгресна Сала
ВИП соба за средби

Конгресната сала на Аурора Ресорт и СПА е идеалното место за организирање на конференции, семинари, бизнис средби, team buildings. Модерно дизајнираната Конгресна сала е збогатена со уникатни уметнички дела и е со капацитет од 100 души, може да биде подготвена според вашите барања за конференција во театрален стил или како место за формални средби. Конгресната сала е опремена со видео бим, флип чартс, бела табла и бесплатен безжичен интернет.
ВИП собата за средби е поволна за бизнис средби или помали тренинзи, со капацитет од околу 20 лица.

Аурора Ресорт и СПА е идеално место за фамилии со деца. Децата се нашето најскапоцено богатство и затоа тимот на Аурора Ресорт и спа се грижи тие секогаш да бидат забавувани додека вие уживате во престојот. Сето тоа благодарение на детското игралиште во паркот на ресортот.

 

ЕСЕНСКА ПРОМОЦИЈА

3 дена / 2 ноќевања со појадок и вечера + СПА

Цена по лице за 2 ноќевања

сместување работни денови викенд допол.ноќевање
Супериор 5.394 7.130 2.356
Супериор со поглед 6.262 7.936 2.790
Делукс  џуниор суит 6.262 7.936 2.790
Џуниор свит со поглед 7.254 8.990 3.224
Апартман / Арт студио 7.254 8.990 3.224
Вила за 4 лица за 2 ноќевања 21.700 28.210 9.672

Цените се во македонски денари

понудата не важи за државни празници;
понудата важи за периодот 01.10-15.12.2021

Во цената Е вклучено:
Две ноќевања во тип на соба по избор
Полу пансион (појадок и вечера)
Вклучени тематски вечери за викенд – Романтичен петок & Традиционална сабота
Користењето на Спа услуги (сауна, парна бања и затоплен релакс базен) овозможено користење 1 час со претходна резервација на денот по пристигнувањето.
20% попуст при користење на масажи
-30% попуст за трето лице во соба

Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса по лице на ден:
45 денари – возрасен, 5 денари за деца до 12 г. (се плаќа на рецепција во хотелот);

Информации, попусти, доплати:
дете до 2.99 год бесплатно;
дете 3-11.99 год. плаќа 10 € од ден и 10 € за викенд (Сабота)
второ дете 3-11.99 год. 50% од цената за возрасен (важи за Делукс, Џуниор Свит и Апартман);
дете над 12 год. плаќа 70% од цената за возрасен (се пресметува како 3-то возрасно лице во соба);

Услови:
За резервација потребна е авансна уплата од 50% од вкупната цена на аранжманот.
Останатиот дел се доплаќа најдоцна 5 дена пред пристигнување;
*** Политика за откажување на резервацијата:
10 дена пред пристигнување – бесплатно;
10 до 5 дена пред датумот на пристигнување има задолжување од 50% од вкупната цена;
5 дена или покасно – се наплаќа целата сума на пакетот.

*** Влез во СПА центарот и користење сите негови содржини на деца под 10 години не е препорачливо. За деца 10-12 год, придружба на родител е неопходна и е дозволено само користење на внатрешниот базен;

 

ФАМИЛИЈАРЕН ПАКЕТ

Фамилијарен Пакет+
Лесен полн пансион (појадок, лесен ручек и вечера)
2 ноќевања во соба по ваш избор
Цена на пакет за 2 лица и 2 деца до 11,99 години

сместување работни деново викенд
Делукс Џуниор суит 14. 880 18.352
Апартман Џуниор суит со поглед 16.864 20.646

Цените се во македонски денари

понудата не важи за државни празници;
понудата важи за периодот 01.10-25.12.2021
дополнително ноќевање 6.696 денари

Во цената Е вклучено:
Ноќевања во одреден тип на соба по ваш избор
Лесен полн пансион (појадок + лесен ручек + вечера)
Вклучени тематски вечери за викенд – романтичен петок & традиционална сабота
-20% попуст за користење на Спа услугите  – предмет на достапност и претходно закажување
3то возрасно лице  -30% попуст
Сместување: максимум 2 лица + 2 деца до11.99 год / или 3 лица + 1 дете до 11.99 год

Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса по лице на ден:
45 денари – возрасен, 5 денари за деца до 12 г. (се плаќа на рецепција во хотелот);

Информации, попусти, доплати:
2 деца под 12 години бесплатно.
трето дете 3-11.99 год. плаќа 50% од цената за возрасен (во Делукс, Џуниор Свит и Апартман);
дете над 12 год. плаќа 70% од цената за возрасен (се пресметува како 3-то возрасно лице во соба);

Услови:
За резервација потребна е авансна уплата од 50% од вкупната цена на аранжманот.
Останатиот дел се доплаќа најдоцна 5 дена пред пристигнување;
*** Политика за откажување на резервацијата:
10 дена пред пристигнување – бесплатно;
10 до 5 дена пред датумот на пристигнување има задолжување од 50% од вкупната цена;
5 дена или покасно – се наплаќа целата сума на пакетот.

*** Влез во СПА центарот и користење сите негови содржини на деца под 10 години не е препорачливо. За деца 10-12 год, придружба на родител е неопходна и е дозволено само користење на внатрешниот базен;

РОМАНТИЧНО БЕГСТВО

3 дена / 2 ноќевања со појадок и романтична вечера + СПА + Масажи

Цена по лице за 2 ноќевања

сместување работни денови викенд
Џуниор суит или Делукс соба 8.928 10.540

Цените се во македонски денари

понудата не важи за државни празници;
понудата важи за периодот 01.10-25.12.2021

Во цената Е вклучено:
2 ноќевања / полу пансион (појадок и вечера) во тип на соба по избор
Вечера во романтичен амбиент
1 вино или шампањ во соба за добредојде
Користењето на Спа услуги (сауна ,парна бања и затоплен релакс базен) овозможено користење 1 час со претходна резервација денот по пристигнување
По една последователна масажа за двајцата во времетраење од 30 минути

Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса по лице на ден:
45 денари – возрасен, 5 денари за деца до 12 г. (се плаќа на рецепција во хотелот);

Информации, попусти, доплати:
дете до 2.99 год бесплатно;
дете 3-11.99 год. плаќа 10 €;
второ дете 3-11.99 год. плаќа 50% од цената за возрасен;
дете над 12 год.плаќа 80% од цената за возрасен (се пресметува како 3-то возрасно лице во соба);

Услови:
За резервација потребна е авансна уплата од 50% од вкупната цена на аранжманот.
Останатиот дел се доплаќа најдоцна 5 дена пред пристигнување;

*** Политика за откажување на резервацијата:
10 дена пред пристигнување – бесплатно;
10 до 5 дена пред датумот на пристигнување има задолжување од 50% од вкупната цена;
5 дена или покасно – се наплаќа целата сума на пакетот.

*** Влез во СПА центарот и користење сите негови содржини на деца под 10 години не е препорачливо. За деца 10-12 год, придружба на родител е неопходна и е дозволено само користење на внатрешниот базен;

 

Hotel Theme

Spa i wellnes hoteli
Берово
Берово - зима 2020/21
Македонија
Македонија - зима
Македонија Бањи
Хотели на барање
Show All

Rules

Check In 12:00 pm
Check Out 12:00 pm

Rooms

avg 0 /night

Owner

Aries Travel

Member Since 2019