Hotel Bellagio 3* ALL INCLUSIVE – Фурка 2027

View on map
Нема оценка од 0 оценка
0/5
100% guests recommend

Description

Фурка е малo симпатично местенце на полуостровот Касандра на Халкидики, на околу 100 километри од Солун.
Има песочна плажа, со кристално чиста вода. Дното е главно песок, со исклучок на метар или два малку ситни камчиња на влезот, а потоа повторно песок и гребен. Бојата на водата е многу убава, зелено-сина, поради четинарите во околината.
На брегот веднаш покрај плажата има две убави таверни со фантастичен поглед на море, но и голем број приватни куќи во сопственост на Грците од Солун. Од таа причина, пристапот до плажата може да биде подалеку од сместувањето отколку што навистина е, бидејќи не можете да поминете низ приватни домаќинства. Затоа нема шеталиште покрај морето, туку голем и убаво уреден плоштад каде се одвива социјалниот живот, со повеќето кафулиња, продавници, ресторани и неколку игротеки за деца.
Во Фурка има два супермаркети, Масутис и Арванидитис, така што туристите имаат можност за поволно снабдување. За поголем шопинг, жив ноќен живот и поинтересна вечерна прошетка Калитеа е на само 10 километри, Ханиоти е исто така во близина, а сигурно местата на западниот брег, Сивири и Неа Скиони.
Фурка е одлично одморалиште за оние кои сакаат да поминат летен одмор на мирно место, без гужви за туристите.

Хотелот Bellagio3* се наоѓа на прекрасна локација, опкружен со бујна зелена борова шума и зеленило, на 400 метри од  песочната плажа  на Фурка, на западната и на помирната страна на  полуостровот Касандра, Халкидики. Хотелот со 3+ звезди – е најдобриот избор за вашиот идеален семеен одмор, кој комбинира релаксација и мир, а воедно и многу можности за активен одмор, за вашето семејство или вашите пријатели. Стилот и атмосферата во хотелот Bellagio 3* создаваат чувство на удобност и спокојство, бегајќи од секојдневието и гужвата. Хотелот е добро познат на нашиот пазар, и е надалеку познат по својата богата програма на СЕ ВКЛУЧЕНО и многу содржини. Причината што многу гости се враќаат повторно повеќе години, покрај својот квалитет, придонесува и профилот на фамилијарни гости со деца за кои има многу содржини, дружења, нови познанства и сеќавања кои траат засекогаш. Кога децата имаат преокупација и простор за дружење, возрасните имаат повеќе време за нив, за вистински одмор.

https://maps.app.goo.gl/gCj5hCfozW6VJ3Mi7

 

Фамилијарна понуда ALL INCLUSIVE 2027 Халкидики
Попусти за рана уплата : -20% до 30/11/2026   -15% до 31/12/2026   -10% 28/02/2027
За запазување на попуст за рана резервација е потребна уплата од 40%
а остатокот најдоцна 14 дена пред термин.
НАЈБАРАНАТА СЕ ВКЛУЧЕНО ПРОГРАМА НА ХАЛКИДИКИ
Hotel Bellagio 3* Furka ALL INCLUSIVE 2 возрасни 2 возр.+ 1 дете 2 возр. + 2 деца 3 возрасни 3 возр. + дете Напомена
Термин/Услуга се вклучено се вклучено се вклучено се вклучено се вклучено  
29.05-05.06.2027 599 599 769 789 789  
05.06-12.06.2027 659 659 819 829 829  
12.06-19.06.2027 849 849 1039 1059 1059  
19.06.-26.06.2027 899 899 1099 1159 1159  
26.06.-03.07.2027 969 969 1119 1179 1179  
03.07.-10.07.2027 1039 1039 1199 1269 1269  
10.07.-17.07.2027 1099 1099 1249 1299 1299  
17.07.-24.07.2027 1199 1199 1299 1349 1349  
24.07.-31.07.2027 1199 1199 1299 1349 1349  
31.07-07.08.2027 1199 1199 1299 1349 1349  
07.08-14.08.2027 1199 1199 1299 1349 1349  
14.08.-21.08.2027 1199 1199 1299 1349 1349  
21.08-28.08.2027 1159 1159 1229 1299 1299  
28.08-04.09.2027 999 999 1149 1199 1199  
04.09-11.09.2027 929 929 1049 1159 1159  
11.09-18.09.2027 659 659 799 799 799  
18.09-25.09.2027 599 599 749 729 729  
Цените се дадени по СОБА на 7 ноќи СЕ ВКЛУЧЕНО во Еур за уплата исклучиво во МКД.
Хотелот располага со 1/2+1 соби и додатен лежај за второ дете, или спие во кревет со родител.
1-во дете и 2-ро дете 2-12 години (спрема ценовник)
Хотелот не може да прими 4 ворасни лица во соба.
Автобуски превоз 50 Еур возрасни Битола, Прилеп, 55 Еур Скопје, Велес, Кавадарци.
Автобуски превоз за деца од 2 до 11,99 год. Попуст 10 Евра од редовната цена.
Попустите не може да се комбинирааат.
Програмата се вклучено се состои од 3 оброци со вклучени пијалоци,
како и користење на базен, клима уред и сите содржини на хотелот.
Туристичката такса 35 еур од соба за 7 ноќи се плаќа на рецепција.
 Важат Општите услови за патување на ТА Ариес и НАТА

 

Хотелот вклучува појадок, ручек и вечера како и пијалоци.
Појадокот, ручекот и вечерата се сервирани на база на шведска маса и тоа:
-појадокот се сервира од 8-10 часот по локално време и вклучува сувомеснати производи, млечни производи, леб, јајца салата, мармалад, свежо овошје и слично;
-ручекот се сервира од 13-15 часот по локално време и вклучува избор од 3 топли јадења на база на месо, како и салати, леб, солени намази;
-вечерата се сервира од 19-21 часот по локално време и вклучува избор од 3 топли јадења од кои 2 се на база на месо, леб, солени намази и слично;
-барот покрај базенот служи бесплатни пијалоци од од 10-21 часот, а после 21 часот може да се купи пијалок по редовна цена. Мини барот работи до 24 часот.
Информација околу димензиите на креветите:
-единечен кревет е 75х185 цм
-француски лежај е 200 х 185 цм
-помошен кревет на отворање е 65х175 цм
Во цената исто има вклучено:
-клима
-паркинг
-интернет
-крпи
-телевизор
-користење на базен

Информација околу времето за сместување и за напуштање на собата
-сместувањето е после 14 часот по локално време
-напуштањето на собата е до 11 часот по локално време
Рецепцијата е отворена 24 часа

Препорачуваме посета на Akropolis i Zattero Beach Bar – Fourka https://www.facebook.com/zattero/

Најблиската плажа (350м)  до хотел Bellagio e пред Хотел Greek Pride Seafront, каде туристите  можат да изнајмат лежалки или да постават свои.

Идеална плажа за фамилии со мали деца заради ситниот песок и постепена длабочина.

« ‹ of 2 › »

Hotel Facilities

Air Conditioning
Airport Transport
Flat Tv
Internet – Wifi
Parking
Pool
Restaurant
Yard
Show All

Hotel Theme

Best value
Budget
Classic
Early Booking 2025
Грција
Касандра - Халкидики
Лето 2025
Лето 2026
Фурка, Халкидики
Show All

Rules

Check In 14:00 pm
Check Out 09:00 am

Rooms

avg 0 /night

Owner

Aries Travel

Member Since 2019