Hotel Orsa Maggiore 3* – Доломити ( 07.01 – 15.01.2026 ) од 419 евра по лице

View on map
Нема оценка од 0 оценка
0/5
100% guests recommend

ДоломитСКИ Ретрит – Италија

 

Лоцирани на сончевата страна на Алпите, Доломитите се дестинација за одмор која заслужено се смета за една од најдобрите скијачки региони во светот – идеална за оние што бараат разновидност и врвно ски-искуство.

Од почетници кои сакаат безгрижно да ги направат своите први чекори на снег, до семејства со деца кои бараат безбедна и пријатна средина, па сè до искусни скијачи и ѕвезди на Светскиот куп кои бараат динамични падини и вистински спортски предизвик – Доломитите нудат нешто за секого.

Скијањето овде значи уживање на легендарните патеки на Мармолада, како и на бројните поврзани скијачки центри, со вкупно над 1.200 км патеки и 30 снежни паркови. Сето тоа поддржано од модерни жичари, совршено уредени терени и беспрекорна инфраструктура.

Сместувањето е организирано во Hotel Orsa Maggiore 3* – хотел со одлична локација, веднаш до прекрасните скијачки стази на Доломитите, кој нуди удобност, топлина и сè што ви е потребно за вистински зимски одмор.

Нашиот искусен тим ќе се погрижи за секој детал – од организација и логистика до дружење и активности, со цел да ви овозможиме не само патување, туку и вистинско зимско доживување.

 Придружете ни се и поминете незаборавен одмор исполнет со скијање, авантура, нови пријателства и многу забава.
Искусете уникатни моменти и создадете спомени за цел живот 

Датум: 07.01 – 15.01.2027
Цена:
  • 589€ за возрасно лице со организиран превоз
  • 419€ за возрасно лице со сопствен превоз
  • 499€ за дете од 03 – 12.99 години со организиран превоз
  • 349€ за дете од 03 – 12.99 години со сопствен превоз
Во цената е вклучено:
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Доломити – Скопје
  • 6 ноќевања со појадок и вечера во хотел Орса Магиоре 3*
  • Превоз до ски стазите и назад ( освен за патниците кои што патуваат со сопствен превоз )
  • Претставник од агенцијата со цел објаснување и водење за целиот ски центар на Доломити
  • Доктор за прва помош за време на целата тура
Во цената не е вклучено:
  • Ски опрема
  • Ски карта
  • Туристичка такса 2 евра по лице на ден за возрасни ( плаќање во хотел )
  • Патничко осигурување

Програма:

07.01.2027
-Собир на група и тргнување од Скопје во 17.00 часот со автобуски превоз
-Ноќно возење
08.01.2027
-Пристигнување во Фалкаде
-Сместување во хотел (после 15.00 часот)
-Помош при купување ски карти и ски рент
-Вечера во хотел и ноќевање

09.01 – 13.01.2027
-Појадок во хотел
-Индивидуални активности/Ски активности
-Вечера
-Слободни активности
-Вечера во хотел и ноќевање 

14.01.2027
-Појадок во хотел
-Тргнување кон Скопје
15.01.2027

-Пристигнување во Скопје во претпладневните часови

 

Дополнителни информации:
  • Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зонаta
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД

Hotel Theme

Италија
Check In 12:00 pm
Check Out 12:00 pm

Rooms

Owner

Aries Travel

Member Since 2019