Сместен на брегот на Охридското Езеро, хотелот Тино Свети Стефан нуди бесплатен wi-fi, бесплатна климатизација, 24 часновна рецепција, велнес центар и ресторан, бесплатен паркинг за гостите (со претходна резервација), конференциска сала.
Хотелот располага и со внатрешен базен, надворешен базен и излез на брегот на Охридското Езеро. Вкусен појадок се служи секое утро во хотелот, а за вечера може да се ужива во ресторанот во куќата. Исто така, достапна е и услуга во собата.
Велнес областа на хотелот се состои од затворен и отворен базен, сауна, амам и фитнес центар. Масажата се доплаќа и истата е на барање. Во самиот хотел има и посебна просторија за оставање на багажот.
Античкиот театар на Охрид се наога на 4км од хотелот, а аеродромот се наоѓа на 12км.
Сместување:
Хотелското сместување располага со двокреветни соби, апартмани со поглед кон море, трокреветни соби, економи двокреветна соба. Секоја соба е удобно опремена со балкон, ТВ со рамен екран и мини бар, сопствен тоалет.
ЦЕНИ ЗА МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ
Овие цени се однесуваат на првото и второто ноќевање, за секое наредно цената е намалена со 45% од горе наведената цена.
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ВАУЧЕРИТЕ ДОМА СИ Е ДОМА ОД 01.12-15.12.2020
40евра за 2 лица на полупансион од Недела до Петок
за минимум 2 ноќевања, за секое наредно ноќевање цената е намалена со 45% од горе наведената цена
Дополнителни информации:
- Апартманот е задолжителено плаќање на 3 полноплатежни лица
- Деца од 0-5,99год – бесплатно (во двокреветна соба без дополнително легло)
- Деца од 6-11,99год – 10еур на ден (во двокреветна соба со дополнително легло)
- Полупансионот – секоја вечера избор од 3 главни јадења, предјадење и десерт
Услуги вклучени во цените: појадок и вечера, користење на внатрешен базен, детски базен, спа центар со џакузи, сауна и парна бања, детско игралиште, пинг понг маса, билјард маса, конференциски сали (за настани), Wi-Fi, паркинг пред хотелот.
Можност доплата за масажи, третмани и солариум. Собите во хотелот се реновирани во 2020 год.
Цените се со вклучен ДДВ.
Во цената не е вклучена туристичка такса -40ден по лице на ноќ.
Политика на отказ на резервација;
До 4 дена пред пристигање – без пенали, од 3-0 дена – 100% пенали.