Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја…Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен.
Зошто ја одбравме за Вас Вила Порто Фино во местенцето Никиана на Лефкада?!
– одличен квалитет со 3 креветни студија идеални за фамилии ( со можност да се стави екстра кревет каде има место)
– приватна плажа во непосредна близина на само 20м без гужви и галама
– иделана позиција на островот со еднаква оддалеченост од Нидри и главниот град Лефкас
– прекрасен простран двор за одмор и забава покрај зидана скара која е на располагање на гоститеНикиана е мало рибарско место кое се наоѓа измеѓу главниот град Лефкас и Нидри. Ова место има идеална местоположба за сите оние кои сакаат да го истражуваат прекрасниот остров, исто така близината на главниот град дава можност за шопинг и ноќни забави. Поради прекрасната околина богата со вегетација и преполна со маслинови дрва Никиана стана една од омилените дестинации на Лефкада за сите оние кои сакаат релаксација и ослободување од стрес. Во Никиана има три различни поголеми песочни плажи и неколку мали романтични плаж на кои можете да уживате под природни сенки, исто така местото има автобуска постојка која Ви дава можност да ги посетите преубавите плажи и градови на Лефкада со автобус. Во Никиана можете да уживате во таверни кои служат прекрасна морска храна, кафе барови и супермаркети распоредени на главната улица и покрај плажата.
Вила Порто Фино А кат. – Никиана, сe наоѓа на главниот пат одалечена само 30 тина метри од најблиската песочна плажа. Во близина на вилата има пекара, супермаркет и неколку таверни. Вилата располага со 12 комплетно реновирани студија за 3-4 лица кои имаат 1 брачен кревет и еден единечен кревет. Сите студија се опремени со кујна, клима (со доплата 5 еур/ден), телевизор и тераса со делумен поглед кон море, исто така вилата има и голем двор со тревна површина каде има скара и фурна кои гостите можат да ги користат.
Координати: 38.75555497808294, 20.719592557129662 https://goo.gl/maps/WnJnAJzYdw9maZt47
ПОПУСТИ: 15% до 31.01.2023 10% до 28.02.2023 | ||||||||||||||||||||
Вила Порто Фино Б кат Никиана | Maj | Јуни | Јули | Август | Септември | |||||||||||||||
24 | 31 | 07 | 14 | 21 | 28 | 05 | 12 | 19 | 26 | 02 | 09 | 16 | 23 | 30 | 06 | 13 | 20 | |||
Број на ноќевања | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | ||
1/2 сту. ( 2 лица) | 99 | 129 | 149 | 249 | 279 | 339 | 359 | 399 | 419 | 419 | 419 | 419 | 419 | 399 | 349 | 279 | 169 | 109 | ||
1/3 сту. ( 3 лица) | 119 | 149 | 169 | 269 | 299 | 359 | 379 | 419 | 439 | 439 | 439 | 439 | 439 | 419 | 369 | 299 | 189 | 129 | ||
Коментар | промо | промо | промо | / | / | / | / | / | / | / | / | / | / | / | / | / | промо | промо | ||
Цените се дадени за наем на студио на 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур. | ||||||||||||||||||||
Дозволено е сместување према капацитетот на студио(број на кревети), освен 1 дете до 7 години во кревет со родител. | ||||||||||||||||||||
Автобуски превоз 60 Еур возрасни – Скопје, Велес, Кавадарци Автобус 55 еур возрасни: Прилеп, Битола. Доплата за превоз 5 Еур Охрид и Струга | ||||||||||||||||||||
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст 15 Евра од редовната цена. | ||||||||||||||||||||
Климата е со доплата 5 Еур/ден. За уплата на 2 и повеќе термини одобруваме 7% попуст. | ||||||||||||||||||||
Термните кои се обележани со црвено се промотивни и не подлежат на попуст. | ||||||||||||||||||||
Важат Општите услови за патување на СКТМ. |
Време на поаѓање кон Грција:
01:00 h Скопје (Дрводекор)
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
04:00 h Битола (Главна автобуска станица)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола
02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)
Време на заминување од Грција:
(времињата се по МК време)
Бус Лефкада
Агиос Никитас 12.30 часот
Нидри 13.00 часот
Никиана 13.30 часот
Канали 14.15 часот
Бус Парга-Врахос
Врахос 13.00 часот
Амудиа 13.15 часот
Парга 13.45 часот
Check In | 14:00 |
---|---|
Check Out | 09:00 |
Напишете коментар