Pefki

Print Friendly, PDF & Email

Пефки е мирно место сместено на крајниот север на Евиа. По краткото возење со ферибот од само 25 мин. пристигнувате во Агиокампос, а Пефки е на само 20 км источно од пристаништето. Се работи за мирно и мало место, но со сите потребни содржини за пријатен одмор. Тука се и таверните, маркетите, продавниците, кафетериите, љубезните домаќини… Долж местото се протега камчесто-песочна плажа, со баровите со чадори и лежалки, каде што со пијалок можете да ги користете бесплатно. Уз плажата е поплочено, долго шеталиште со голем број ресторани и таверни. Цените тука се поповолни од останатиот дел на Грција. Од Пефки постои можност за поволна посета на Скијатос, па вреди да ја искористите оваа можност и да го збогатите својот одмор.