од 0 оценка
Daily Tour
1 person
___
Првомајски Викенд во Лептокарија
Олимписка Ривиера – Грција
Сместена под падините на Олимп, Лептокарија е идеално место за краток одмор покрај море, со прекрасни плажи, чисто Егејско море и опуштена атмосфера.
Сместувањето е во Hotel Akrotalassia 3★, со одлична локација во близина на плажа и центар, што овозможува пријатен и безгрижен престој.
01.05.2026 (Петок)
Собир на групата пред Дрводекор во Скопје во 04:00 часот наутро, по што следува поаѓање кон Грција. Патувањето се одвива со попатно приклучување на патници од Велес, Штип, Прилеп и Битола, со паузи за одмор и освежување.
Се продолжува преку граничниот премин Меџитлија и пристигнување во Лептокарија во претпладневните часови. Сместување во хотел и слободно попладне за плажа, прошетка или уживање покрај море. Во вечерните часови следува вечера (за полупансион) и ноќевање.
02.05.2026 (Сабота)
Појадок и слободен ден за индивидуални активности, одмор и уживање на плажа.
Факултативна посета на Литохоро (10 € по лице): живописно гратче сместено во подножјето на Олимп, познато по традиционалната архитектура, тесните улички и локалната кујна. Одлична можност за прошетка, кафе или ручек во автентични таверни. По посетата, враќање во Лептокарија. Вечера (за полупансион) и ноќевање.
03.05.2026 (Недела)
Појадок и одјавување од хотелот, по што следува поаѓање кон Македонија.
Попатно е предвидена посета на Едеса – Водопади (Воден), каде што патниците ќе имаат слободно време за прошетка, кафе и фотографии во прекрасен природен амбиент.
Во попладневните часови продолжување кон Македонија и враќање во Скопје со попатни застанувања во Битола, Прилеп, Велес и Штип.
Цена дадена по лице пакет аранжман со вклучен превоз, сместување и оброк:
Полупансион (појадок + вечера) – 129 €
Ноќевање со појадок – 115 €
Сопствен превоз / -10 € попуст
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
НАПОМЕНИ: