from 399
Резервирај

Малта ( 01.05 – 04.05.2026 )

Нема оценка
Времетраење

4 дена/ 3 ноќи

Вид на аранжман

Specific Tour

Големина на група

20 луѓе

Јазик

___

Преглед

Малта е мала, густо населена островска земја во Средоземното Море. Архипелагот го сочинуваат трите острови – Малта, Гозо и Комино – кои заедно зафаќаат површина од околу 316 квадратни километри. Географски припаѓа на Африка, но политички е дел од Европа. Главен град е Валета. Малтешките острови се музеј на отворено, со 7000 години историја во која траги оставиле Феникијците, Римјаните, Арапите, Малтешките витези и Британците, чии обележја можат да се видат и денес. За љубителите на уметноста, Малта нуди бројни музеи и галерии, а за спортистите – многубројни спортови на вода. Покрај тоа, на овој медитерански остров се ужива и во гастрономијата, природните убавини, шопингот, плажите и вечерните прошетки по градските променади.

 

МАЛТА 4 ДЕНА / 3 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ

Цена на аранжманот 399 еур

Програма

1 ден 01.05.2026 (петок)

Состанок на групата на аеродром во Скопје 2 часа пред време за лет. Полетување за Малта во 20:50ч., слетување во 2235 ч. Организиран трансфер со автобус. Сместување во хотел. Ноќевање.

 2 ден – 02.05.2026 (сабота)

Појадок. Организиран разглед на Валета. Разгледот опфаќа Upper Barrakka Gardens – градини со панорамски поглед на пристаништето, Republic Square – главниот плоштад на градот, Fort St. Elmo – историска тврдина од 16. век, и St. John’s Co-Cathedral – барокна катедрала со богата уметничка декорација. Факултативно: влез во Fort St. Elmo и St. John’s Co-Cathedral. Слободно време за индивидуален разглед и ручек.

Потоа поаѓање кон Birgu (Vittoriosa), со кратка пауза за разглед на Fort St. Angelo – средновековна тврдина на пристаништето, Inquisitor’s Palace – историски дворец на инквизиторот, St. Lawrence Church – значајна црква со богат ентериер, Malta Maritime Museum – музеј за морската историја, како и прошетка низ средновековните улици и пристаништето на градот. Влезниците за објектите се со доплата, по желба на посетителите. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.

3 ден – 03.05.2026 (недела)

Појадок. Поаѓање за Рабат и Мдина. Разглед на значајни знаменитости: Mdina Gate – главната порта на средновековниот град, средновековните улици на Мдина, St. Paul’s Cathedral – катедралата на Св. Павле, главната катедрала на градот, Bastions – тврдини со панорамски поглед, и Palazzo Falson – историски дворец. Доплатата за влезници во објектите е по желба на посетителите. Може да се посети: Catacombs of St Paul (катакомбите на Св. Павле) во Рабат, St. Paul’s Cathedral and Museum (катедралата и музејот на Св. Павле) во Мдина, и Palazzo Falson во Мдина.

Во попладневните часови, посета на Моста, вклучувајќи ја Rotunda of Mosta (Church of the Assumption of Mary) – црква позната по својата купола. Разгледот продолжува со посета на Blue Grotto – природна морска пештера со тиркизна вода. По желба и доколку има доволно време, можност за пловидба со брод низ пештерата. Враќање во хотел. Ноќевање.  

 4 ден 04.05.2026 (понеделник)

Појадок. Поаѓање за Марсашлок и Слиема, со прошетка по шеталиштето и разглед на живописното рибарско место со многу бротчиња. Разгледот продолжува со посета на St. Julian’s, каде што се вклучуваат: Paceville – познато туристичко и забавно соседство, Spinola Bay – живописна заливска област, Portomaso Marina – модерно пристаниште со ресторани и кафулиња, Spinola Palace – историски дворец, Balluta Bay – залив со шеталиште и плажа, и Balluta Church – црква во непосредна близина на заливот. Попладнето слободно време за шопинг. Организиран превоз до аеродромот, полетување од Малта во 23:10 ч, слетување во Скопје во 00:50 ч.

 

Вклучено

  • Авионска карта на релација Скопје – Малта – Скопје со Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж 40 x 30 x 20
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градот со автобус
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
  • Туристичка такса

Не е вклучено

  • Сѐ што не е наведено во програмата
  • Влезниците за во објектите
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

Напомена

  • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
  • Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
  • Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.

 

Агенда

Вклучува/Не вклучува

  • Авионска карта на релација Скопје – Малта - Скопје со Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж 40 x 30 x 20
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градот со автобус
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
  • Туристичка такса
  • Сѐ што не е наведено во програмата
  • Влезниците за во објектите
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

Локација на аранжманот

од 399

You might also like