from 549
Резервирај

Андалузиска Магија ( 21.10 – 25.10.2026 ) 549 еур

Нема оценка
Времетраење

Вид на аранжман

Daily Tour

Големина на група

1 person

Јазик

___

Преглед

АНДАЛУЗИЈА, ШПАНИЈА

Андалузиска Магија

21.10 – 25.10.2026 ✈ Авион • Групна тура • Придружник од агенцијата

549 € по лице


За патувањето

Андалузија – сончевиот бисер на јужна Шпанија, регион на уметност, историја и автентичен медитерански шарм. Еден од најбогатите и најразновидни региони во Европа, Андалузија нуди совршен спој на море, култура и гастрономија, каде традицијата и современиот дух живеат во хармонија.

Регионот е дом на импресивно културно наследство – од маварски палати, тврдини и римски споменици, до величествени катедрали, историски градови и светски познати уметници. Со повеќе од 300 сончеви денови годишно, Андалузија привлекува со своите долги плажи, топло море и жив ритам на живот.

Патувањето ги опфаќа Севиља – домот на кралските палати и фламенкото, Ронда – драматичен град поставен над кањон, Гранада – со величествената Алхамбра, Марбеља – елеганција покрај морето и Малага – престолнината на Коста дел Сол и роден град на Пабло Пикасо.


Датуми, цена и вклучени услуги

Датум

21.10 – 25.10.2026

Цена

549 € по лице

80 € за деца до 2 години


Во цената е вклучено

✓ Трансфер Скопје – Тирана – Скопје

✓ Повратен авионски лет од Тирана со рачен багаж

✓ Аеродромска такса

✓ 4 ноќевања со појадок во Tent Torremolinos 3*

✓ Продолжен појадок до 13:30 часот

✓ Придружник од агенцијата

✓ Трансфер од аеродром – хотел – аеродром


Во цената не е вклучено

✗ Туристичка такса по лице / ден

✗ Факултативни излети

✗ Патничко осигурување

✗ Локален транспорт: метро или автобуски билети

Програма

21.10.2026

• Собир со групата во Скопје и тргнување кон Тирана.

• Полетување за Малага во 17:25 часот, слетување во 20:50 часот. Ноќевање.

22.10.2026

• Посета на Марбеља – старата чаршија, плоштадите и марината.

• Продолжување кон Ронда – мостот Puente Nuevo, арената за корида, арапските бањи и палатата Mondragón.

23.10.2026

• Појадок.

• Целодневна посета на Севиља – Катедралата со гробницата на Колумбо, кулата Гиралда, Кралскиот Алказар, Златната кула и Плоштад Шпанија.

24.10.2026

• Појадок.

• Целодневна посета на Гранада и величествената Алхамбра – маварски палати, тврдини и Генералифе градините.

25.10.2026

• Појадок и напуштање на собите.

• Краток разглед на Малага – Катедралата, Римскиот театар и Calle Larios.

• Трансфер до аеродромот. Полетување за Тирана во 21:35 часот, слетување во 00:50 часот.


Факултативни излети

Марбеља и Ронда 85 €

Целодневна тура: старата чаршија и марината во Марбеља, потоа Ронда со мостот Puente Nuevo, арената за корида, арапските бањи и палатата Mondragón.

Севиља 100 €

Катедралата со гробницата на Кристофер Колумбо, кулата Гиралда, Кралскиот Алказар, Златната кула, Паркот Марија Луиза и Плоштад Шпанија.

Гранада 85 € + доплата за влезница во Алхамбра 45 €

Целодневна посета на Алхамбра со маварските палати, тврдините и Генералифе градините, со локален водич.

Малага 40 €

Катедралата, Римскиот театар, старата чаршија Calle Larios и панорамски поглед на тврдините Алкасаба и Гибралфаро.

Пакет за сите факултативи 315 € наместо 355 €

Комбиниран пакет за сите четири екскурзии по попустена цена.


Дополнителни информации

• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.

• Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од расположливоста.

• Пасошот мора да важи најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.

• Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.

• При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.

• Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.

• Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.

• Организаторот може да ги понуди слободните места по специјални „ultra first“ или „last minute“ цени.

• Патниците кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на поврат при разлика во цена.

Агенда

Локација на аранжманот

од 549