од 0 оценка
Daily Tour
1 person
___
СКОПЈЕ – ЛИСАБОН – ТАНЖЕР – ВАЛЕНСИЈА – ПАЛМА ДЕ
МАЈОРКА – СЕТ – БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ.
Откријте ја магијата на Медитеранот со Celestyal Discovery преку
Лисабон, Танжер, Валенсија, Палма де Мајорка, Сет и Барселона.
Уживајте во сончевите брегови, автентичната култура, традиционалната
гастрономија и богатата историја на секоја од дестинациите.
Од шармантните улички на Лисабон и егзотичниот Танжер, до
прекрасните плажи на Мајорка и историската Тарагона – очекувајте
незаборавна медитеранска авантура исполнета со истражување нови
улици, вкусови и нови доживувања.
Цена од:
1.960€ намлена на 1.149€
(71.238 мкд)
ПОЛН
ПАНСИОН
Појадок, ручек, вечера –
со вклучени
безалкохолни пијалаци
Програма:
1 ДЕН :Поаѓање за Лисабон
Состанок на групата и поаѓање за Мадрид со WizzAir лет во 17:05
часот. Пристигнување во Мадрид 20:45 часот, од каде продолжуваме
со автобуски превоз до Лисабон (околу 8 часа пат).
2 ДЕН : Лисабон
Пристигнување во Лисабон во раните утрински часови. Мала
прошетка низ градот, потоа чекирање на крузерот. Чекирањето е од
12 до 16:00 часот. Сместување во кабините. Слободно време за
одмор и запознавање со бродот. Вечера и ноќевање на брод.
3 ДЕН : Лисабон | Испловување во 18:00 часот
Појадок. Слободно време за шетање и истражување на Лисабон.
Лисабон е познат по своите живописни улички, традиционалните
жолти трамваи, прекрасните видиковци и автентичниот португалски
дух. Можности за факултативни излети. Враќање на брод до 17:00
часот и оттука започнува незаборавната авантура по Медитеранот.
Вечера на брод. Ноќевање и ноќно крстарење кон Мароко.
3 ДЕН : Танжер | Испловување во 19:30 часот
Појадок. Пристигнување во Танжер околу 13:30 часот. Ручек.
Можност да прошетате низ живописната Медина, да ги истражите
тесните улички и традиционалните пазари, да уживате во погледот кон
Гибралтарскиот проток и да почувствувате дел од автентичната
мароканска атмосфера. Можности за факултативни излети и посета на
интересни знаменитости. Враќање на бродот до 18:30 и вечера на
брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Шпанија.
4 ДЕН : Пловење до Шпанија
Ден на море, пловење кон Шпанија. Појадок, ручек и вечера на
крузерот. Не може да здосади денот – од релаксирање покрај некој од
баровите или рестораните, искористувајќи некои од спа третманите
кои се нудат на крузерот, до различните забавни програми – караоке,
учење нов танц, нов јазик, музика во живо и што уште не.
Ноќевање и крстарење во ноќните часови кон Валенсија.
7 ДЕН : Валенсија | Испловување во 18:00 часот
Пристигнување во Валенсија во 08:00 часот. Појадок. Слободно време
за шетање низ Валенсија – град со прекрасна комбинација од богато
историско наследство, модерна архитектура и медитерански дух. Може
да прошетате низ живописниот стар град, да уживате во сончевите
плажи и да ја вкусите познатата паеља, која потекнува токму од овде.
Можности за факултативни излети и посета на најзначајните
знаменитости на градот. Вклучен ручек и вечера.
Испловување од Валенсија во 18:00 часот. Ноќевање и крстарење до
Палма де Мајорка.
7 ДЕН :Палма де Мајорка | Испловување во 17:00 часот
Пристигнување во Палма де Мајорка во 08:00 часот. Појадок.
Слободно време за шетање и истражување на градот кој плени со својата
медитеранска атмосфера, прекрасните плажи и богато историско
наследство. Може да прошетате низ шармантниот стар град, да уживате
во крајбрежјето и да ги откриете живописните улици. Можности за
факултативни излети и посета на најатрактивните места на островот.
Вклучен ручек и вечера.
Поаѓање во 17:00 часот. Ноќевање и крстарење до Франција.
8 ДЕН : Сет | Испловување во 19:00 часот
Пристигнување во Сет околу 10:30 часот. Појадок. Слободно време за
шетање и истражување на Сет, прекрасно пристанишно градче познато
по своите канали, рибарска традиција и прекрасната крајбрежна
атмосфера. Може да прошетате покрај каналите и пристаништето, да ги
истражите тесните улички на градот и да уживаат во локалните морски
специјалитети. Можности за факултативни излети и посета на околните
атрактивни места. Ручек и вечера на брод. Испловување во 19:00 часот.
Ноќевање и крстарење до Барселона.
9 ДЕН : Барселона – Скопје
Пристигнување во Тарагона (Барселона) во 09:30 часот каде завршува
ова преубаво крстарење. По појадокот, багажот се остава пред Вашите
кабини, го задржувате само Вашиот личен багаж.
Одјавување од бродот и слободно време за прошетка низ еден од
најубавите медитерански градови Барселона. Поаѓање кон Скопје со
WizzAir лет во 16:15 часот. Пристигнување во Скопје во 19:00 часот.
Цени по лице за сместување на минимум 2 лица во кабина:
12.12.2026 :
1.149€ за внатрешна кабина
1.359€ за надворешна кабина
1.539€ за кабина со балкон
Дете до 2 години плаќа 289€, а од 02-11 години за сместување во било која кабина, цената започнува од 1.049€
Цени за сместување во еднокреветна, трокреветна или четворокреветни кабини на барање.
Во цената се вклучени следниве услуги:
7 ноќевања во кабина на најновиот крузер Celestyal Discovery
Повратни авионски билети Скопје – Мадрид – Барселона – Скопје
Автобуски трансфер од аеродром до пристаништето
Пристанишни такси и бакшиш за персоналот 289 €
Забава на брод со безброј разни активности и анимации
Полн пансион со вклучени безалкохолни пијалаци за време на оброците и ужина
Филтер кафе, чај, вода и сокови вклучени во одредено време
Основен WI-FI интернет
Туристички претставник
Во цената не е вклучено:
Медицински услуги
Виза за Мароко 100€
Индивидуални трошоци за екскурзии, излети кои се нудат дополнително на бродот и сл.
Услуги во спа центарот и услуги за убавина
Патничко осигурување
Факултативни излети
Препорачуваме 1 еур. на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот.
Важна напомена:
Чекирањето на бродот е од 12:00 – 16:00 по локално време
За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци
Индивидуални излети/посети и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата
Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето
За резервација задолжителна е уплата од 50% депозит, целосна доплата 30 дена пред патувањето
За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел и Целестијал
За реализација на аранжманот потребно е минимум 30 патници.
Цената важи до 14.09.2026