од 0 оценка
Daily Tour
1 person
___
МАТАРУШКА БАЊА – ИЗВОР НА НОВИОТ ЖИВОТ
Матарушка Бања се наоѓа во централниот дел на Србија, на десниот брег на реката Ибар, на 8 км од Краљево и 170 км од Белград. Се наоѓа во југозападниот дел од пространата Краљевачка котлина на 211 м надморска височина. Од југ и исток е опкружена со ограноците на планината Столови 1375 м, а од запад и југозапад со ограноците на Троглав 1177 м и Чемерна 1579 м, кои се спуштаат речиси до самата Бања. Овие блиски планински ограноци ја штитат Бањата од силни ветрови, особено од Кошава. Умерената континентална клима, реката Ибар и пространиот парк нудат извонредни можности за здравствен и спортско-рекреативен туризам.
Минералната вода на овој локалитет е откриена сосема случајно, по големата поплава од јуни 1897 година, која во овој регион се памети како „Тројните поплави“. Кога водата се повлекла и Ибар донекаде го променил својот тек, во една од клисурите на напуштеното корито на Ибар била пронајдена „топла, смрдлива вода“. Оваа вода спаѓа во категоријата на натриум, магнезиум, хидрокарбонатна и сулфурна хипертермија. Содржи значителни количини на водород сулфид, 16 mg, со температура од 46º
Програма на патување:
Состанок на групата рано наутро во 05.00 часот на паркингот кај Борис Трајковски салата (кај пералните).Поаѓање за Србија во 05.30 часот. Патувањето ќе се реализизира преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Матарушка Бања околу пладне, сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот, и истражување на околината и уживање во преубавиот поглед кон реката Ибар. Вечера. Ноќевање.
2.Ден 07.03.2026 САБОТА – МАТАРУШКА БАЊА – ПРОСЛАВА (СВЕЧЕНА САЛА ТЕРМАЛ)
Појадок.Ден предвиден за уживање во Спа услугите (препорака-базен, масажа, парна бања,) прошетка низ паркот и конзумација на слатки од ресторанот Капица. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и уживање во Спа услугите. Свечена Вечера исполнета со музика и неограничени домашни пијалоци. Ноќевање.
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило Посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија.По договорено време поаѓаме за Македонија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Попусти и доплати:
НАПОМЕНИ: