from 0
Book Now

Мини одмор Врњачка Бања (14-17.11.2024)

Not Rated
Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

1 person

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

ВРЊАЧКА БАЊА

14.11.2023 (Четврток)   ОХРИД – ВРЊАЧКА БАЊА

Состанок на групата на бензиска пумпа Лукоил во 03.30 часот. Поаѓање за Србија во 04.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотел. Кратко време за одмор и освежување од патувањето и заминување на информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… По разгледот враќање во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење  на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.

15.11.2023 (Петок)  ВРЊАЧКА БАЊА

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки низ Врњачка Бања. Време предвидено за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.

16.11.2023 (Сабота)  ВРЊАЧКА БАЊА – ЉУБОШТИЊА  – ВРЊАЧКА БАЊА

Појадок. Moжност за  факултативна посета на манастирот Љубоштиња.  Изграден во крајот на XIV век и почетокот на XV век. Одалечен е од Врњачка Бања околу 16 километри, така што претставува одлична атракција за посета во овој дел. Интересно за овој Манастир е тоа што тука се наоѓаат моштите на кнегиња Милица, како и тука е погребана и српската средновековна поетеса Јефимија, воедно и монахиња. Овој Манастир е прв женски Манастир во Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената.  Ноќевање.

17.11.2023 (Недела) ВРЊАЧКА БАЊА – ОХРИД

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Поаѓање за Охрид во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Охрид во вечерните часови.

Цена на аранжманот – 195

Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација

– Сместување во хотел со 4* во центарот на Врњачка Бања

– Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања

– Исхрана на база 3 ноќевања со поjaдок

– Секојдневно користење на Велнес и Спа центар

– Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби;

– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително патничко и здравствено осигурвање;

– Доплата за туристичка такса 5 €, вкупно за 3 ноќи  ( во агенција)

– Факултативна посета на манастирот Љубоштиња 5 € (доплата на лице место)

Свечена вечера 30 (доплата на лице место)

Itinerary

Tour's Location

from 0

You might also like