од 0 оценка
Daily Tour
1 person
___
НОВА ГОДИНА 2027 ПАРИЗ (29/12/2026-03/01/2027) 649 ЕУР
АВИОНСКИ ПРЕВОЗ
Париз – “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на светот. Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен…
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 6 дена / 5 ноќевања
29 декември (вторник) — СКОПЈЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:00 часот. Полетување за Париз во 06:00 ч., лет W6 4719. Слетување во Париз на аеродромот „Бове“ во 09:05 часот. Трансфер и панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Кралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островот Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња… Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.
30 декември (среда) — ПАРИЗ – ЛУВР
Појадок. Можност за факултативна посета на најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа „Нике“ од Самотраки, „Сплавот на Медуза“… како и голем број познати слики од Рембрант, Рубенс, Тицијан, Пусен… (одење и враќање со метро). Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: катедралата Нотр-Дам, Латинската четврт, Луксембуршките градини… Ноќевање.
31 декември (четврток) — ПАРИЗ – ПИГАЛ И МОНМАРТР
Појадок. Прошетка со јавен превоз и придружникот на групата низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре Мулен Руж. Јужно од булеварот Клиши, современите бистра им отстапуваат место на величествените неокласични градби од 19 век, кои на оваа област ѝ го донеле прекарот „Нувел Атен“ (Нова Атина). Меѓу значајните уметнички музеи се Националниот музеј „Гистав Моро“ и Музејот на романтичарскиот живот. Прошетката продолжува кон уметничкиот кварт Монмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа прекрасен поглед на Париз… Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Вечерта, прошетка до плоштадот Конкорд и авенијата Шанзелизе до Триумфалната порта за прослава на Новогодишната ноќ… Ноќевање.
01 јануари (петок) — ПАРИЗ – ДИЗНИЛЕНД
Појадок. Можност за индивидуална посета (превоз со градска железница) на најголемиот забавен парк за возрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. Европскиот Дизниленд е посветен на децата и на оние што знаат да се радуваат како деца. Студиото „Волт Дизни“ е посветено на безвременската фасцинација со филмот и телевизијата. Дизниленд во Париз се состои од два парка, Дизниленд Парк и Волт Дизни Студио Парк, како и шопинг-зона со продавници, ресторани и бутици… Враќање во Париз. Ноќевање.
02 јануари (сабота) — ПАРИЗ – ВЕРСАЈ / АЈФЕЛОВА КУЛА / КРСТАРЕЊЕ ПО СЕНА
Појадок. Полудневен факултативен излет во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа, изграден во XVII век, воедно последната резиденција на француските кралеви. Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 година, кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па сè додека кралското семејство не било принудено да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата… Факултативна посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз, изградена за Светската изложба во 1889 година, со прекрасна панорама на Париз од нејзиниот врв. Факултативно вечерно крстарење по реката Сена: романтично пловење со брод со звуците на француската шансона, со панорама на градот од друга перспектива. Враќање во хотелот со метро. Ноќевање.
03 јануари (недела) — ПАРИЗ – СКОПЈЕ
Напуштање на собите во хотелот, спакуван појадок. Трансфер до аеродромот „Бове“ во 05:30 ч., рано наутро. Лет за Скопје во 09:40 ч., лет W6 4720. Пристигнување во Скопје во 12:25 ч.
Цена во претпродажба: 649 € (40.238 ден.) – со вклучен 1 разглед
Цена на аранжманот: 699 € (43.338 ден.) – со вклучен 1 разглед
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНИ: