од 0 оценка
Daily Tour
1 person
___
Откријте ја магијата на Босна и Херцеговина – каде Истокот и Западот се среќаваат, а секој чекор раскажува приказна. Прошетајте низ калдрмата на Сараево и Башчаршија со духот на минатото, восхитете се на Стариот мост во Мостар, почувствувајте го мирот во Благај и уживајте во прекрасната природа. Ве очекуваат топли луѓе, богата историја, традиционална кујна и незаборавна атмосфера. Босна и Херцеговина е идеална дестинација за викенд-патување, културен и духовен туризам. Патувајте со нас и доживејте вистинска Балканска приказна. Ограничен број на места по промо цените.
22.05.2026 – Состанок на група во 18:00 часот, поаѓање во 18:30 од Битола спортска сала. Патувањето ќе биде преку граничен премин Табановце. Попатно собирање на патници од Прилеп, Росоман, Велес, Скопје и Куманово (доколку има пријавени патници). Ноќно возење низ Србија со попатни паузи и царински формалности.
23.05.2026 – Во утринските часови на околу 20 км после границата со Р.Србија ќе пристигнеме во Вишеград и прво правиме посета на ‘Андриќград’ град и културен центар кој се наоѓа на самото устие на реките Дрина и Рзав, изграден по иницијатива на Емир Костурица. Потоа со групата се упатуваме кон разглед на Мостот на Дрина (околу 15 минути се задржуваме за фотографирање). Прекрасен град каде туристите ќе имаат прилика да крстарат по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот.
По разгледот продолжуваме према САРАЕВО каде прво со локалниот водич се прави прошетка низ центарот на градот, Себиљ, Башчаршија, Народниот театар, Мостовите на Миљацка, плоштадот Маршал Тито Катедралата на светото срце Исусово, црквата Рожденство на Пресвета Богородица итн….
По разгледот се сместуваме во хотел и следува слободно време.
Ноќевање.
24.05.2026 – Појадок. По појадокот се оди према Мостар (факултатива), имаме околу час и половина за возење. Попатно застанување за фотографирање во Јабланица (мостот кај ‘битката на Неретва’). Па се упатуваме кон местото каде што се мешаат убавината на природата, архитектурата и историјата oддалечено 12 км од Мостар, ВРЕЛО БУНА, извор на реката Буна. Изворот на реката Буна е пример за карстна река и е eден од најголемите и поубавите извори ширум Европа. Водата тече низ пештера која е дел од карпа висока 200 метри a Буна е лева притока на реката Неретва. Местото е фантастично, богато со ресторани и кафетерии покрај реката, а доколку барате мир дефинитивно овде ќе го најдете. Групата ќе има слободно време за прошетка, фотографии и останати активности. По разгледите продолжуваме кон МОСТАР. Како град претставува административен центар на кантонот Херцеговина и е изграден покрај реката Неретва. По пристигнување се прави прошетка низ стариот дел на градот, чаршијата, мостот на Неретва. Ќе имате можност за ручек или кафе во автентичен стил во старата чаршија со поглед према “Стариот мост” кој претставува симбол на градот Мостар но и на Босна и Херцеговина. Во договорено време со водичот со групата се враќаме назад во Сараево. Слободно време за прошетки во некој од трговските центри, искачување на највисокиот облакодер во БИХ – Аваз твист кулата или на Башчаршија. Ноќевање.
25.05.2026 – По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот, особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османагич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација.
По завршување на разгледот на Босански пирамиди продолжуваме према Врело Босне едно од најпознатите обележја на Босна и Херцеговина, кое се наоѓа на периферијата на Сараево покрај Илиџа во подножјето на планината Игман на површина од 603 хектари. Врело Босне е јавен парк и заштитен споменик на природата. Следува слободно време за кафенце покрај изворите на реката Босна.
По посетата се упатуваме кон Македонија со што патниците кои не доаѓаа на факултативата ќе бидат информирани од водичот за место и време на поаѓање од Сараево. Откако ќе се собере цела група продолжуваме према Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА ОД 109 ЕУ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО задолжителна резервација на еден од факултативите
Цена НА аранжманот: 139 еу по лице – без задолжителни факултативи
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
ПАКЕТ 1: ФАКУЛТАТИВА МОСТАР (со локален водич) – ЈАБЛАНИЦА – ВРЕЛО БУНА – 60 ЕУ
ПАКЕТ 2: ФАКУЛТАТИВА БОСАНСКИ ПИРАМИДИ И ВРЕЛО БОСНЕ – 35 ЕУ
КРСТАРЕЊЕ ПО ДРИНА – 10 ЕУ
Задолжително е да се одбере минимум еден од наведените пакети!
НАПОМЕНИ:
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
– За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
– Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
– Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети. -Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума.
Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор
– За ова патување важат општите услови за патување на ТА Ариес Травел.