од 0 оценка
4 дена/3 ноќевања/3 екскурзии
Specific Tour
30 луѓе
___
8ми Септември
Тревизо-Венеција-Верона
(06.09.2026 – 09.09.2026)
Таа е романтична, волшебна и сјајна…
Колку е величествена говори изреката на Францускиот крал Henri III:
Да не сум крал на Франција, би бил граѓанин на Венеција!
Венеција – Господарка на Јадранот… чудесен град на вода со повеќе од 400 канали и исто толку мостви, со векови е еден од најчудесните градови што некогаш човекот ги создал…Венеција е колаж од раскошни палати на каналот Гранде, таинствени улички, канали, мостови, гондоли, повеќе од 100 фасцинантни цркви, симпатични плоштади и колоритни фасади… Најуникатен град на планетата Земја… во минатото најмоќна светска поморска и трговска сила… денес го живее истиот сјај од врвот на својата слава во 15 от век. Венеција не може никој да Ви ја прераскаже… едноставно морате да ја доживеете нејзината убавина.
1 ден 06.09.2026 (недела) Состанок на групата во Битола на Спортска сала во 05:00 часот ( патници со трансфер), а состанок на аеродром Скопје во 08,30 часот. Лет за Венеција во 10,25 часот и пристигнување на аеродром Тревизо во 12,10 часот. Организиран трансфер до хотел во Местре, туристичко место во Венецијанскиот залив кое има 15 километри долга песочна плажа, многу хотели и повеќе од десет плоштади. Попатно организиран разглед на Тревизо – град со повеќе од 80.000 жители, кој главен град на истоимената италијанска провинција, а воедно е и еден од најголемите градови во регионот Венето 40 километри од Венеција и има локален аеродром кој го опслужува целиот регион. Тука се наоѓаат седиштата на неколку брендови, од кои најпознати се Benetton, Sisley, Geox, Lotto и DeLonghi. Исто така, познат е по просеко – познат вид пенливо вино – и кремастиот десерт тирамису за кои се верува дека потекнуваат од тука. Ќе ги видиме Пјаца деи Сињори е главниот плоштад и срцето на градот, каде се наоѓаат 3 важни историски градби, кои се поврзани и формираат една единствена целина. Тоа се Палацо дел Подеста, Торе Чивико и Палацо деи Треченто. Зад плоштадот Сињори и градското собрание се наоѓа уште еден прекрасен плоштад со фонтана, ресторани и две антички цркви кои се потпираат една на друга – црквата Света Луција и црквата Свети Видо. Заминување за Местре и сместување во хотел А&O https://www.aohostels.com/en/venice/venezia-mestre/. Слободно време за одмор и за индивидуални активности. Ноќевање 1.
2 ден 07.09.2026 (понеделник) Појадок. Заминување на групата со јавен превоз кон Венеција и разглед со локален водич во Венеција, единствениот град на вода кој лежи на дрвена конструкција. Го нарекуваат уште и невестата на морето и кралица на Јадранот. Срцето на градот кој наместо улици има канали, а наместо автомобили гондоли е изграден на Плоштадот Свети Марко на 50 метри над водата на темелите на дрвени греди. Легендата вели дека додека шетал низ островите, на евангелистот Марко му се јавил божји глас кој му рекол дека на тоа место ќе се изгради убав и необичен град кој тој ќе го земе под своја заштита. Наводно, така и се случило… Организиран разглед на градот низ кој се простира Црквата Свети Марко, Дуждевата Палата, каналите и мостовите кои минуваат низ целиот град од кои најпознатиот е Мостот на воздишките. Слободно време за индивидуални прошетки, уживање во вкусот на најубавото италијанско кафе, можност за возење со елегантните гондоли, шопинг низ тесните улички кои се преплавени со обележјето на градот-венецијанските маски. Слободно време за прошетка, разглед и ручек во некој од многубројните ресторани. Во доцните попладневни часови ја напуштаме Венеција со брод и се враќаме назад во Местре. Ноќевање 2.
3 ден 08.09.2026 (вторник) Појадок. Организирана екскурзија со воз, локален транспорт и локален водич (факултативно 60 еур) за најрматичниот град на светот -Верона. Многу туристи сосема забораваат на Верона, брзајќи да ги посетат Рим, Тоскана и Венеција, а овој град е едно од најдобрите места за вкусување на автентична храна и вино, па и еден од најубавите региони на Италија. Верона е поспан, мирен град кој не е така полн со туристи, како што се поголемите градови во Италија, но нуди многу сетилни задоволства, поаѓајќи од вкусната храна и вино, до посебни прекрасни глетки. Ќе направиме пешачка тура низ градот и ќе ги посетиме културно историските артефакти кои се сите тука, близу сместени едни до други. Ќе ги видиме Плоштадот „Бра“ каде се наоѓа големата арена, мостот „Ponte Pietra“, музејот „Castelvecchio“ и ќе уживаме во погледот кон целиот град од кулата „Lamberti“. И секако, атракција која не треба да се пропуштиме е добро познатиот балкон на Јулија (дополнителна влезница 5 еур). Градот е преполн со мали и големи места каде со сигурност ќе пробаме добра храна, а меѓу нив, се рестораните „Re Teodorica“ и „Ristorante 12 Apostoli“. Кога одите во Верона, вреди да ги пробате локалните вина како „Amarone“ и „Campofiorin“. Градот е опколен со прекрасни богати лозја како „Masi Tenuta Canova“ кои можете да ги посетите и како турист. Враќање во Местре во попладневните часови. Ноќевање 3
4 ден 09.09.2026 (среда) Појадок. Слободен ден за одмор и релаксација. Одјавување од хотелот во 10 часот. Слободно време за индивидулани активности, прошетка низ Местре со можност за шопинг во некој од шопинг центрите во близина. Заминување на групата кон аеродром Тревизо во 10,00 часот. Можност за посета на шопинг центар Декатлон во тревизо. Лет за Скопје во 14,10 часот и пристигнување во Скопје во 15:50 часот. Органзиран трансфер до Битола и останати градови.
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
– Авионски превоз Скопје- Венеција (Тревизо) со рачен багаж (30x40x20cm 10kg)
– Организирани трансфери во Венеција: аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел 3* во Местре на база три ноќевања со појадок
https://www.aohostels.com/en/venice/venezia-mestre/
– Организиран разглед на Тревизо
– Организирана екскурзија за Венеција ( трансфер, водич, аудио систем)
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
– Организиран ескурзија за Верона 60 еур (трансфер, воз, водич)
-Туристичка такса…2 евра по лице од вечер (се плаќа во хотел)
– Влезници за музеи и туристички атракции
-Доплата за еднокреветна соба – 60 евра
– Повратен трансфер Битола-аеродром Скопје 15 еур
– Патничко осигурување
НАПОМЕНИ:
* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
* За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
* Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
* комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
* Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција
Општи напомени за патување:
*Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
* За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
* Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.