- Носете влажни марамици. Некогаш може да се случи да поминат денови дури да најдете соодветен туш,во зависност од дестинацијата на која патувате.
- Перете ги алиштата под туш или во умивалник. Носете со себе мало шишенце со прашок за перење. Ова е многу полесно, отколку да барате перална во земјата во која сте.
- Купувајте од локални продавници, кои ви нудат евтина храна и традиционални вкусови. Со ова и ќе заштедите многу пари.
- Чувајте пари за итни случаи. Имајте некое скришно место во кое ќе имате резерва пари,доколку се случи да ви го украдат новчаникот.
- Кога се пакувате алиштата виткајте ги во ролна. Покрај тоа што нема да мора да диплите, туку ќе имате многу повеќе простор во куферот.
- Имајте резерва најлонски кеси, за да ги складирате валканите алишта.
- Научете да пакувате малку гардероба. Не секогаш ви треба куфер од 20кг за неколку дневно патување. Што помалку носите, поопуштени ќе бидете.
- Научете прва помош, за секој случај. Ова ви е потребно секако во животот,не само за патување.
- Носете палома, или било каква хартија. И гел за дезинфекција на рацете може многу да ви користи.
- Имајте испечатена мапа од местото во кое сте. Чувајте ја батеријата на телефонот за поважни работи.
- Користете јавен превоз. Во повеќето земји е многу добро организиран, брз и евтин, а ќе ви овозможи подобро доживување на авантурите.
- Носете ги само оние обувки кои ви се најудобни, посебно ако знаете дека многу ќе пешачите.
- Комуницирајте со локалното население. Тоа ќе ви помогне да видите и некое одлично место кое и не е толку познато.
- Дознајте каде е вашата амбасада. Може да ви притреба, за секој случај.
- Скенирајте го пасошот и другите важни документи. Копиите дајте им ги на вашите сопатници, па доколку ги изгубите оригиналите да имате доказ за документите.
- Научете по некој збор од јазикот кој се зборува таму. Многу ќе ви помогне кога ќе можете да се разберете со локалците.
- Бидете сигурни дека картичката ви функционира, па да не треба да се јавувате во банката.
- Ценкајте се (се разбира онаму каде што има простор). Ќе заштедите пари, не се срамете.
- Задолжително обезбедете си патничко осигурување.
- Потрудете се да ги запознаете правилата во сообраќајот на земјата во која престојувате.
- Чувајте резервна облека и неопходни средства за лична хигиена во рачната торба.
- Проверете дали водата е за пиење.
- Носете си апчиња за главоболки, или тегоби во стомакот. Може многу да ви се најдат, наместо да трчате и да барате аптека во близина.