Пефки е мирно место сместено на крајниот север на Евиа. Самото име Пефки значи дека местото е опкружено со борова шума која е преставува воздушна бања и е идеална за оние кои сакаат природа, чист воздух, кои во комбинација со прекрасното море се наслада за Вашите сетила и здравје, право место за вистински одмор. По краткото возење со ферибот од само 25 мин. пристигнувате во Агиокампос, а Пефки е на само 20 км источно од пристаништето. Се работи за мирно и мало место, но со сите потребни содржини за пријатен одмор. Тука се и таверните, маркетите, продавниците, кафетериите, љубезните домаќини… Долж местото се протега камчесто-песочна плажа, со баровите со чадори и лежалки, каде што со пијалок можете да ги користете бесплатно. Покрај плажата е поплочено долго шеталиште со голем број ресторани и таверни. Цените тука се поповолни од останатиот дел на Грција. Од Пефки постои можност за поволна посета на Скијатос, па вреди да ја искористите оваа можност и да го збогатите својот одмор.
GPS: 39.00457819256661 23.206762075424194
Вила Асимина А категорија – е мала вила на самиот морски брег, Вилата нуди трокреветни студија. Сите единици се опремени со кујна, фрижидер, бања, ТВ, клима уред (ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНА), Wi-FI, прекрасно уредено двориште опремено со маси и столици со поглед на заливот во Пефки скали за влез во море дирекно пред вилата, како и плажа во непосредна близина. Воедно добивате и крпи на користење.
Структура на кревети:
1/3 STD= брачен кревет + единечен