Олимписката ривиера или Пиериа е област со песочни плажи и плитки води кои се протегаат со километри. Пиериа е мошне популарна област во Грција при летната сезона. Паралија, Лептокарија, Олимпик Бич и Неи Пори се главните туристички дестинации во оваа област, и нудат одлична инфраструктура.Долгите и широки приморски шеталишта, големиот број барови на плажа, рестораните, продавниците и најразличните забавни активности, придонесуваат овие дестинации да се погодни за сечиј вкус. Одвоивме сместување во приватни апартмани, но и во хотели кои се наоѓаат блиску до плажа.
