На туристите ширум целиот свет синоним за Египет не им се само пирамидите и бројните културно-историски споменици, туку и прекрасното Црвено Море кое со својата топлина , боја и кристално бистра, чиста вода, волшебниот подводен свет кој е многу интересен за љубителите на нуркање, неверојатните плажи, луксузните хотели и ресторани на неговиот брег и активниот ноќен живот, нуди незаборавен и совршен одмор во тек на целата година
Sharm El Sheikh е монденско летувалиште сместено во Азискиот дел на Египет, на самиот југ на Синајскиот полуостров, на 480км. од главниот град Каиро.
Поволната клима и исклучителната географска положба многу силно влијаеле Шарм да израсне во едно од најубавите и најпопуларни летувалишта . Овде сонцето грее во тек на целата година а покрај брегот се протегаат прекрасни, песочни плажи со плитки делови погодни за летување на семејства со деца како и фантастични, колоритни и богати со најразлични тропски риби, корални гребени за љубителите на нуркање.
Морето е исклучително топло, со боја на тиркиз која го одзема здивот а пејсажот станува уште по нестварен заради пустињата во неговата позадина .
Самиот брег кој има три прекрасни, корални заливи : Na’ama Bay, Sharks Bay i Nabqa Bay, опколени со Бедуински населби и планински масиви, се простира по должина од 40км.