from 396
Book Now

Нова Година Малта 2025 (30/12-03/01/2025) Програма 1 aвион

Sliema, Malta
Not Rated
Duration

5 дена/4 ноќи/авион

Tour Type

Specific Tour

Group Size

30 people

Languages

___

Overview

 

Нова Година 2025 на Малта

незаборавен дочек  на Медитеран

Сончев одмор од 5 дена на најнеобичниот филмски остров 

5 дена / 4 ноќевања со појадок / авион /30 декември – 03 јануари 2025/ Програмата е креирана: 16.10.2024

Малта е најголемиот остров и културен, трговски и административен центар. Тука се премостуваат милениуми од неверојатен спектар на работи кои треба да се откријат. Каде и да одите, сценографијата и архитектура се со спектакуларна позадина. Боите се впечатливи, боите на меден-камен во мешавина со медитеранската сина. Малта е опишан како еден голем музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е тоа што толку многу од минатото е видливо денес. Истражете ја мистериозната праисторијата на островот, рутата на стапките на Свети Павле или пак видете каде витешкиот ред на Свети Јован се борел во своите најпознати битки. Малта е одмор, Малта е расположение… Може да се релаксирате со спорт, да ги посетите познатите историски знаменитости, и сеуште да имате време за ноќен живот. Тоа е вистинската предност на престојот тука. Малта има велнес и спа објекти на луксузни хотели и одморалишта. И, ако тоа не ви е доволно, тука се другите два острови – Гозо и Comino-кои може да бидат пријатна промена на сцена за време на вашиот престој во Малта. Изборот е ваш!

Главниот град на Малта, Валета, нуди спектакуларни новогодишни прослави. Плоштадот на Републиката и Св.Џорџ е центар за забава со концерти, светлосни шоуа и величествени огномети што го осветлуваат небото над прекрасната Валета.  Луѓето од различни делови на Малта и светот се собираат овде за да го дочекаат доаѓањето на новата година во главниот град. Тука е и Светилникот на островот Гозо: Романтичен дочек под ѕвездите. Островот Гозо, дел од малтешкиот архипелаг, нуди романтично добредојде на Новата година. Светилникот на островот Гозо е омилено место за средба на полноќ на паровите и љубовниците под ведрото медитеранско небо. Огнометот од блиските острови додава магија на овој момент. Традиционални малтешки новогодишни јадења – Малтешката кујна нуди вкусни новогодишни специјалитети. За оваа празнична ноќ често се подготвуваат јадења како „Фенката“ (јадење зајак) и „Имќарун“ (посебен вид паста). Исто така, традиционалните малтешки колачи и слатки се незаменлив дел од празничните оброци.

30 декември 2024 (понеделник) Битола – Скопје – Малта

Состанок на групата на Спортска сала Битола во 12,30 часот. (за патници со организиран трансфер) Состанок на групата на аеродром Скопје во 15.00 часот. Полетување во 17:10 часот, а слетување на аеродром во Малта во 19,00 часот (локално време).  Трансфер и сместување во хотел во Слиема – најатрактивната туристичка област блиску до Валета. Слободна вечер за прошетка и уживање во променадата покрај море. Ноќевање1.

31 декември 2024 (вторник) Моста-Мдина-Валета  Појадок. Слободен ден. Можност за факултативна целодневна екскурзија до M0sta, Mdina, Crafts Village и Valetta. Се упатуваме спрема централниот дел на островот со посета на стариот главен град на островот-Мдина, уште и познат и како тивкиот град. Додека се движиме низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачиме на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“, изградена во 19 – ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата. Продолжуваме кон занаетчиското село Ta’Qali, каде што се наоѓаат најразлични занаeтски услуги, како изработка на стакло, филиграни, дрвенарија, чипка и различни сувенири од островот. Заминување за главниот град и разглед на Валета, изграден од витезите на St. John. Потоа прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што застанува здивот од панорамскиот поглед на Големиот Залив. Можност за посета на богато украсената Катедрала и музејот на St. John, со светски познатите уметнички ремек дела на Караваџо и Матија Прети (влезница 15 Еур) Цена на турата: 60 Eur. Враќање во хотел. Вечерта организиран  Дочек на НОВА ГОДИНА на плоштадот во Валета. Единствена можност на Плоштадот на Републиката и Плоштадот Св. Џорџ кој стануват центар за забава со концерти, светлосни шоуа и величествени огномет што го осветлуваат небото над прекрасната Валета. Луѓето од различни делови на Малта и светот се собираат овде за да го дочекаат доаѓањето на новата година во главниот град. (посета со јавен превоз – автобус или ферибот 3 еур). Ноќевање2.

01 јануари 2025 (среда) Малта-Крстарење по заливот Валета

Појадок. Можност за релаксирано претпладне како и  организирано утринско поаѓање за опуштено двочасовно пловење во заливот како  апсорпција на атмосферата на островот после дочекот на Нова Година. (доколку дозволуваат временските услови). Крстарење низ двете природни пристаништа Марсамкси и Гранд Харбор, кои одиграа клучна улога во историјата на Малта. Ќе уживате во поинаков поглед на Валета, во сета нејзина убавина и одлична можност да се опуштите и да направите уникатни фотографии. Цена на турата 25 Еур.  По пловењето, слободно време за прошетка во главниот шопинг зона на Слиема или одмор во некое од многуте кафулиња. Вечерта можност за организирана посета на култното место за ноќен живот Ст. Џулианс (јавен транспорт) .  Ноќевање 3.

02 јануари 2025 (четврток) Малта-Гозо

Појадок. Слободен ден. Можност за факултативна целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Тргнување со бус и  брод од пристаништето Cirkewa. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Екскурзијата ја започнуваме со градот Victoria во минатото познат како Rabat. Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Првите остатоци на градот датираат уште од неолитот, но првата тврдина започнала со градба од страна на Феничаните, подоцна продолжена од Римјаните. Денешниот изглед тврдината го добива околу 17 – ти век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред. Оваа тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оргиналната градба. На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот музеј. Продолжуваме кон предисторискиот комплекс Ggantija Temples, постара градба и од египетските пирамиди или Стоунхенџ, како и познатата област со огромни карпи Dwejra и познатото селце Xlendi. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… посета на Dwejra, спектакуларно место каде се наоѓал Азурниот прозорец, како и посета на црквата ta’Pinu. Враќање во хотел во попладневните часови. Цена на турата 60 Еур. Ноќевање 4.

03 јануари 2025 (петок) Малта-Marsaxlokk-Blue Grotto -Скопје-Битола

Појадок. Слободно претпладне за прошетка и шопинг во многуте трговски комплекси во близина. Одјавување од хотел. Предлагаме полудневна факултативна екскурзија до јужниот дел на Малта, каде се наоѓа рибарското село Марсашлок. Прошетка низ живописното гратче, покрај неговото шеталиште покрај морето, каде што можете да видите многу шарени традиционални рибарски чамци Луцу. Можност за ручек од богатата понуда на локални специјалитети. Потоа следи возење до блискиот комплекс Blue Grotto, кој се состои од дури седум пештери. Можно возење со брод низ тиркизно сината пештера, доколку времето дозволи (билет се купува на лице место).  Цена на турата 30 Еур. Враќање во хотел во попладневните часови. Организиран трансфер до аеродром во 18.00 часот. Полетување за Скопје во 21,50 часот. Слетување во Скопје во 23:30 часот. Организиран трансфер до Битола и останати градови со доплата…

 Цена на аранжманот: 396Еур/ 24,550,00 мкд

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта – Скопје со WizzAir (авионска карта со рачен багаж 8кг)
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.
– Сместување во хотел  Kennedy Nova 4* во атрактивната Слиема  на база  4 ноќевања со појадок https://kennedynova.com
– Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Трансфер Битола-Скопје-Битола 15 Еур РТ
– Факултативна посета на Моста-Мдина-Валета (МОСТА – ТА’АЛИ ) 60 Еур
– Факултативна посета на Гозо 60 Еур
– Факултативна  екскурзијата Marsaxlokk-Blue Grotto 30 Еур
– Факултативна крстарење по заливот Валета 25 Еур
– Цена со попуст за уплата во агенција на сите 4 екскурзии 150 еур
– Туристичка такса во хотел
– Влезници за културно историските музеи
– Патничко осигурување
– Сите неспоменати трошоци

НАПОМЕНИ:
* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
* За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
* Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
* комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
* Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција
Општи напомени за патување:
– Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

Highlights

  • Главниот град на Малта, Валета, нуди спектакуларни новогодишни прослави. Плоштадот на Републиката и Св.Џорџ е центар за забава со концерти, светлосни шоуа и величествени огномети што го осветлуваат небото над прекрасната Валета.  Луѓето од различни делови на Малта и светот се собираат овде за да го дочекаат доаѓањето на новата година во главниот град. Тука е и Светилникот на островот Гозо: Романтичен дочек под ѕвездите. Островот Гозо, дел од малтешкиот архипелаг, нуди романтично добредојде на Новата година. Светилникот на островот Гозо е омилено место за средба на полноќ на паровите и љубовниците под ведрото медитеранско небо. Огнометот од блиските острови додава магија на овој момент. Традиционални малтешки новогодишни јадења - Малтешката кујна нуди вкусни новогодишни специјалитети. За оваа празнична ноќ често се подготвуваат јадења како „Фенката“ (јадење зајак) и „Имќарун“ (посебен вид паста). Исто така, традиционалните малтешки колачи и слатки се незаменлив дел од празничните оброци.

Itinerary

Included/Excluded

  • ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
  • - Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта - Скопје со WizzAir (авионска карта со рачен багаж 8кг)
  • - Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.
  • - Сместување во хотел  Kennedy Nova 4* во атрактивната Слиема  на база  4 ноќевања со појадок https://kennedynova.com
  • - Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето
  • ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • - Трансфер Битола-Скопје-Битола 15 Еур РТ
  • - Факултативна посета на Моста-Мдина-Валета (МОСТА – ТА’АЛИ ) 60 Еур
  • - Факултативна посета на Гозо 60 Еур
  • - Факултативна  екскурзијата Marsaxlokk-Blue Grotto 30 Еур
  • - Факултативна крстарење по заливот Валета 25 Еур
  • - Цена со попуст за уплата во агенција на сите 4 екскурзии 150 еур
  • - Туристичка такса во хотел
  • - Влезници за културно историските музеи
  • - Патничко осигурување
  • - Сите неспоменати трошоци

Tour's Location

Sliema, Malta
from 396

Why book with us?

  • Традиционална програма на Медитеран

    Традиционална програма на Медитеран

    Единствена можност да уживате 5 дена на прекрасната клима на Малта

  • Програма со загарантиран квалитет

    Програма со загарантиран квалитет

    Долгогодишна програма со висок квалитет

You might also like