from 398
Резервирај

11ти Октомври Неапол – Соренто – Амалфи 399еур

Нема оценка
Времетраење

4 дена/3 ноќи/ 3 3 екскурзии

Вид на аранжман

Specific Tour

Големина на група

30 луѓе

Јазик

___

Преглед

 

11 Октомври

НЕАПОЛ – СОРЕНТО – АМАЛФИ РИВИЕРА 

Отпатувајте до Капри, „островот на љубовта“ и вкусете ја италијанската „бела вита“ во нејзината најавтентична форма и неговата прекрасна архитектура, пробајте го познатото лимончело и препуштете се на шармот на јужна Италија. Во Неапол, градот под Везув, пробајте ја најдобрата пица. Во близина на Неаполскиот Залив, на јужниот брег на полуостровот Соренто, се наоѓа брегот Амалфи. По должината на брегот, на падините на стрмните карпи се наоѓаат мали градови со пастелно жолти, сини и розови куќи. Оваа позната туристичка дестинација е еден од најубавите делови на крајбрежната Италија, а поради својата природна убавина и архитектонски бисери, е прогласена за светско наследство на УНЕСКО.

Брегот на Амалфи е еден од најубавите и најживописни делови на Италија, сместен на југот од земјата, покрај Тиренското Море. Познат по драматичните карпи, шарените куќи поставени на ридовите и кристално чистото море, овој регион нуди совршена комбинација од природна убавина, медитеранска атмосфера и автентична италијанска кујна. Градовите како Позитано, Амалфи и Равело го прават брегот идеална дестинација за романтичен одмор и луксузно патување.

НЕАПОЛ – Основан пред повеќе од 2.500 години, Неапол е еден од најстарите континуирано населени градови во светот. Прошетајте низ неговиот историски центар – светско наследство на УНЕСКО – каде што тесните улички од калдрма водат до скриени цркви, подземни катакомби и палати стари со векови. Неапол е полн со ресторани каде што посетителите можат да уживаат во јадења и десерти од локалната италијанска кујна. Не пропуштајте да ја пробате познатата пица Наполетана, која потекнува од Неапол. Вечерта, ви предлагаме да го истражите ноќниот живот на градот, да го почувствувате неговиот пулс и живата атмосфера на неговите улици.

КАПРИ – Издигнувајќи се од длабоките сини води на Тиренското Море, Капри е остров од соништата кој со векови ги воодушевува посетителите. Познат по своите драматични карпи, тиркизни пештери и елегантен шарм, Капри претставува совршена мешавина од природна убавина, луксуз и италијанската животна убавина. Капри е познат по својата бујна медитеранска вегетација и волшебниот пејзаж. По пристигнувањето во пристаништето Гранде Марина, земете минибус до Анакапри, каде што предлагаме посета на Вила Сан Микеле, со многуте антички артефакти и прекрасна градина, или земете жичарница до видиковецот Монте Соларо со уникатен поглед на островот и Неаполскиот Залив. Продолжете со возењето и посетете го градот Капри, кој се наоѓа на 142 метри надморска височина; Пјацета опкружена со средновековни куќи и други знаменитости на островот: Чертоса ди Сан Џакомо, Џардини ди Аугусто, Виа Круп…

АМАЛФИСКА РИВИЕРАБрегот Амалфи е прекрасен дел од крајбрежјето во јужна Италија, познат по своите драматични карпи, шарени крајбрежни села и кристално чиста вода. Живописни патишта ги поврзуваат шармантните градови како Позитано и Амалфи, каде што посетителите можат да уживаат во прекрасните глетки, историска архитектура и автентична италијанска кујна. Со својата мешавина од природна убавина, медитерански шарм и опуштена атмосфера, брегот Амалфи е една од најпознатите туристички дестинации во Европа. Малфи, кој се смета за еден од најспектакуларните во Европа поради своите прекрасни пејзажи. Возењето по самиот брег е одземачко, додека магичните градови покрај брегот го надополнуваат впечатокот. Прво, правиме фото-пауза над живописното Позитано – рибарски град со шарени куќи сместени на карпа. На првата пауза, можете да пробате локален овошен сок (лимони и портокали). Потоа, возиме до градот Амалфи, кој е под заштита на УНЕСКО поради својата исклучителна убавина. Прошетка до катедралата Свети Андреја со своите впечатливи скали и декоративна фасада. Слободно време за попладневна пауза со еспресо или можеби лимончело.

1 ден 09/10/2026  (петок) Скопје-Неапол-Салерно

Состанок на групата на Спортска Сала Битола. Заминување скопскиот аеродром и пристигнување 2 часа пред летот. Лет од Скопје за Неапол. Поаѓање во 16:30 часот, пристигнување во Неапол во 18:10 часот. Трансфер од аеродром до Салерно. Сместување во хотел. Слободна вечер за одмор и прошетка. Сместување во хотел во Салерно или Неапол. Ноќевање 1.

2 ден 10/10/2026 (сабота) Салерно-Соренто-Капри

ПојадокПрепорачуваме факултативна екскурзија до Соренто и рајот Капри. Возење со автобус  и  пешачка тура низ Соренто со посета на пристаништето, катедралата, Манастирот Свети Франциск, базиликата Сан Антонио. Поаѓање од пристаништето во Соренто,  со фери брод до Капри. Слободно време во Капри за индивидуални активности и прошетка низ островотдо пристаништето каде што се качуваме на хидрофоил до островот Капри, популарна дестинација за меѓународниот џет-сет. Капри е познат по својата бујна медитеранска вегетација и волшебни пејзажи. По пристигнувањето во пристаништето Гранде Марина, возење со минибус до Анакапри, каде што предлагаме посета на Вила Сан Микеле, со многубројни антички артефакти и прекрасна градина, или возење со жичарница до видиковецот Монте Соларо со уникатен поглед на островот и Неаполскиот Залив. Продолжете со возењето и обиколка на градот Капри, сместен на 142 метри надморска височина; Пјацета опкружена со средновековни куќи и други знаменитости на островот: Чертоса ди Сан Џакомо, Џардини ди Аугусто, Виа Круп… Слободно време за ручек во една од типичните таверни и уживање во убавините на магичниот Капри. Враќање со брод попладне. . Враќање со ферибот до Соренто. Враќање за  Салерно. Ноќевање 2.

3 ден 11/10/2026 (недела) Салерно-Позитано-Амалфи

Појадок. Поаѓање со брод до Позитано. Одиме на патување до брегот на Амалфи, кој се смета за еден од најспектакуларните во Европа поради своите прекрасни пејзажи. Возењето по самиот брег е одземачко, додека магичните градови покрај брегот го надополнуваат впечатокот. Прво, правиме фото-пауза над живописното Позитано – рибарски град со шарени куќи сместени на карпа. На првата пауза, можете да пробате локален овошен сок (лимон и портокал). Потоа, возиме до градот Амалфи, кој е под заштита на УНЕСКО поради својата исклучителна убавина. Прошетка до катедралата Свети Андреја со своите впечатливи скали и декоративна фасада. Слободно време за попладневна пауза со еспресо или можеби лимончело. Продолжуваме со возењето до Равело каде што ќе ја видиме катедралата со своите бронзени врати со описи на библиски сцени и Вила Руфоло во чии градини Вагнер го компонирал Парсифал. Слободно време за Аперол. Враќање во хотел попладне.  Ноќевање3 .

 

4 ден 12/10/2026 (понеделник)

Појадок. Слободно време. Попладне, трансфер до аеродромот со попатна посета на Неапол.  Обиколка на историскиот центар на градот со туристички водич: Кралска палата, Кастел Нуово, Галерија Умберто I, Театро ди Сан Карло… По обиколката, слободно време во градот. Неапол е полн со бројни ресторани каде посетителите можат да уживаат во јадења и десерти од локалната италијанска кујна. Не пропуштајте да ја пробате познатата пица Наполетана, која потекнува од Неапол. Лет од Неапол за Скопјe. Поаѓање од Неапол во 18.45 часот. Пристигнување во Скопјe во 20.15 часот. Организирани трансфери по градови.

Вклучено

  • Авионска карта на релација Скопје – Неапол – Скопје со Wizzair со рачен багаж со димензии 40 x 30 x 20 cm
  • 3 ноќевања со појадок  во Неапол,  во Салерно – Grand Hotel Salerno 4* или сличен
  • Фери брод Соренто – Капри.
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус и пратител
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за време на првите 4 дена (за време на разгледите)

    Не е вклучено

    • Патничко осигурување
    • Индивидуални трошоци
    • Влез во туристичките знаменитости и музеи
    • Останати трошоци кои не се спомнати
    • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
    • Туристичка такса во Салерно 5 евра по лице по ноќевање се плаќа дирекно во хотел.

    Факултативни Излети

    Соренто – Позитано → Позитано – Амалфи → Амалфи – Салерно

    Цената за ова патување со три бродови изнесува 50 евра. ** Плаќање при пристигнување во дестинацијата
    За лицата кои нема да го изберат ова патување, ќе биде организиран автобуски превоз директно од Соренто до Салерно (по автопатот).

    Поради забраната за автобуски превоз по брегот на Амалфи, патувањата и екскурзиите во Позитано и Амалфи ќе се реализираат исклучиво со брод.

    Напомена

    • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
    • Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
    • Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.

 

Забелешка: Поради забраната за автобуски превоз по брегот на Амалфи, патувањата и екскурзиите во Позитано и Амалфи ќе се реализираат
исклучиво со брод, по следната маршрута:
Соренто – Позитано → Позитано – Амалфи → Амалфи – Салерно.
Цената за ова патување со три бродови изнесува 50 евра. ** Плаќање при пристигнување во дестинацијата
За лицата кои нема да го изберат ова патување, ќе биде организиран автобуски превоз директно од Соренто до Салерно (по автопатот).

 

Општи услови:
 Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
 За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
 Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
 За резервација задолжителна уплата од 100%
 Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
 Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
 Промена на име на патникот може да се направи до 7 дена пред патување со доплата од 150 €

 Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
 Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
 За овој аранжман важат општите услови на патување на ТА АРИЕС ТРАВЕЛ.

 

 

Вклучува/Не вклучува

  • Авионска карта на релација Скопје - Неапол - Скопје со Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж со димензии 40 x 30 x 20 cm
  • 7 ноќевања со појадок: - 1 ноќевање во Неапол, 2 ноќевања во Соренто, 4 ноќи во Салерно - Grand Hotel Salerno 4* или сличен
  • Фери брод Соренто - Капри.
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус и пратител
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за време на првите 4 дена (за време на разгледите) 
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Влез во туристичките знаменитости и музеи
  • Останати трошоци кои не се спомнати
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
  • Туристичка такса во Салерно 5 евра по лице по ноќевање се плаќа дирекно во хотел.8

Локација на аранжманот

од 398

Why book with us?

  • Ариес авионски аранжман

    Ариес авионски аранжман

  • Ариес аранжман со водич

    Ариес аранжман со водич

You might also like