од 0 оценка
Daily Tour
1 person
___
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 4 ноќевања
29. декември (вторник) СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 13:55 часот. Лет за Рим W6 4757 во 15:55ч. Пристигнување во Рим во 17:40 часот. Трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Вечерта слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.
30. декември (среда) РИМ (Панорамски разглед)
Појадок. Факултативна посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар… По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi… Вечерта индивидуално дочек на Новата Година на некој од познатите плоштади на градот Рим. Ноќевање.
Појадок. Можност за факултативна прошетка низ Рим со јавен превоз и посета на катедралата Сан Џовани Латерано (поранешната претстолнина на Ватикан), базиликата Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи и една од најпозните скулптури на Микеланџело – Мојсије, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил, во долниот дел на црквата се наоѓаат едни од поважните археолошки ископини, каде ќе имате можност да видите оригинален пагански олтар од 1в.н.е… Враќање до хотел. Вечерта препорачуваме прошетка низ познатиот боемски кварт Трастевере: Црквата Св.Марија ин Трастевере, посета на единствениот остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба… Ноќевање.
02. Јануари (сабота) РИМ – ТИВОЛИ
Појадок. Факултативна посета прекрасната Villa D’Este во Тиволи. Нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим…Трансфер до аеродромот во Рим во 15:00ч. Лет за Скопје W6 4758 во 18:20ч. Пристигнување во Скопје во 20:05 часот.
Во цената е вклучено:
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
– Влезници за културно-историските споменици
НАПОМЕНА:
– За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 17 патници
– Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета
– Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот
– За овој аранжман важат Општите услови за патување.