from 129
Резервирај

НОВА ГОДИНА 2027 САРАЕВО И МОСТАР (30/12/2026-02/01/2027) 159 ЕУР

Нема оценка
Времетраење

Вид на аранжман

Daily Tour

Големина на група

1 person

Јазик

___

Преглед

САРАЕВО И МОСТАР НОВА 2027 ГОДИНА
автобуски превоз

Мешавина од култури и религии, спој од минатото и сегашност е тоа што го прави Сараево посебен. На оваа програма ќе ги видите најбитните места што треба да се посетат во Босна и Херцеговина, во продолжение програмата…

РЕДОВНА ЦЕНА: 159 € / 8.620 мкд

ПРОМО ЦЕНА : 129 € / 6.760 мкд

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Автобуски превоз (Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово)
– 2 ноќевања со појадок во Хотел со 3* во Сараево
– Разглед на Сараево со водич
– Посета на Андриќград и Вишеград
– Туристички придружник за време на целото патување

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Пакет Неретва (Бункерот на Тито, Коњиц, Јабланица, Врело Буне и Мостар ) – 70 евра, (се плаќа во автобус) *влезницата за Букнерот на Тито се доплаќа на лице место-21евро.
– Посета на Босански пирамиди- 25 евра (се плаќа во автобус)
– Tуристичка такса- 5 евра за 2 ноќевања по лице (се плаќа во автобус)
– Крстарење по Дрина- 10 евра од лице
– Доплата за еднокреветна соба 50 евра за двете ноќевања

 

ПРВ ДЕН – 30.12.2026 (СРЕДА) СКОПЈЕ – САРАЕВО

Состанок на групата во 21:30час. пред хотел Русија. Поаѓање за Сараево во 22:00час. Ноќно возење преку Србија со попатни кратки паузи за освежување и царински формалности.


ВТОР ДЕН – 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) САРАЕВО ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 

Пристигнување во Сараево каде следува разглед на градот со локален водич. Сараево е поделен на 3 дела, Отомански дел каде се наоѓа Башчаршија, Австро-Унгарски дел каде се спојуваат културите и доминираат австро-унгартските градби и Југословенски дел. Кога ќе шетате ќе се почувствувате како да влегувате од град во град.
Разгледот ни започнува кај Vjecnica, најрепрезентативната зграда во Сараево која се наоѓа покрај реката ,,Miljacka’’. Продолжуваме кон Башчаршија, симболот на градот каде ќе имате можност да ги вкусите Сараевските ,,Cevapi kaj Zeljo’’ и Сараевскиот бурек. Ќе ја видите Џамијата Гази Хусреб Бег или позната како Беговата Џамија која е прва џамија во светот во која се изработени електрични инсталации како и внатрешно електрично осветлување. Сместена во срцето на Башчаршија, Беговата џамија е мета на многубројните туристи од цел свет. Оваа џамија заедно со саат-кулата е застапена во многу филмови, пред сè во филмови од документарен карактер, а најпознатиот филм е Валтер го брани Сараево, ќе дојдете до точката каде се спојуваат културите на истокот и западот, местото каде е формирана EX YU групата INDEXI ќе го видите хотел Eвропа кој е најстариот хотел во Сараево каде престојувал Тито и ,,Vjecna Vatra’’. Вечниот оган е споменик на воените и цивилните жртви од Втората светска војна во Сараево. Споменикот е изграден на 6 април 1946 година, на првата годишнина од ослободувањето на Сараево од германската окупација. За време на опсадата на Сараево пламенот на споменикот бил изгаснат бидејќи во градот немало гориво. На крај на разгледот ќе го видите местото каде е убиен Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип на 28 јуни 1914 година и со ова убиство започнува почетокот на Првата Светска војна и Латински мост кoј е еден од најстарите мостови во главниот град. По разгледот следува слободно време за индивидуален разглед. Во попладневните часови се упатуваме кон хотелот,по што следува сместување во собите и одмор.

Во вечерните часови е предвиден дочек на Новата година,со богата празнична програма,забавна атмосфера и настапи на познати музички изведувачи.По забавата враќање во хотел.Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН – 01.01.2027 (ПЕТОК) БУНКЕРОТ НА ТИТО, КОЊИЦ, ЈАБЛАНИЦА (БИТКА НА НЕРЕТВА) ИЗВОРОТ ВРЕЛО БУНЕ  И МОСТАР

Појадок во хотел. Бидете спремни за еден долг и прекрасен ден 😊 
Денот ни започнува со посета на Бункерот на Тито.
Бункерот, со површина од 6.500 метри квадратни, се состои од над 100 мали простории, канцеларии, конференциски сали, опремени со едноставен мебел и задолжителен портрет на Тито. Јосип Броз Тито започнал со изградба на овој бункер во раните 50-ти години во близина на Босанскиот град Коњиц. Неговата цел била да ја прими владеачката класа во случај на нуклеарен напад. Објектот е наречен Д-О „АРЦ“. Изграден е под превезот на тајност од 1953 до 1979 година за време на Студената војна. Завршен е една година пред смртта на Тито. Бункерот со длабочина од 270 метри е опремен со најмодерна технологија од минатиот век. Машина за пишување, фиксни и други средства за комуникација.
Доколку има патници кои не сакаат да го посетат бункерот, имаат слободно време за прошетка/кафе низ Коњиц. По разгледот на Бункерот на Тито групата ќе има можност да го посети местото Јабланица каде била битката на Неретва. Битката на реката 
Неретва била една од најепските битки за време на Втората светска војна во Југославија. Во доцната 1942 година, германското високо командување било загрижено поради можноста за слетување на Сојузничките сили на Балканот. Затоа, Адолф Хитлер наредил офанзива со цел нарушување на централното командување на партизанското движење во централна БиХ. Пресвртницата на битката се случила кога силите на партизаните го уништиле добро обезбедениот мост над реката Неретва за да го забават напредувањето на германската армија.
Oваа битка е “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ. Битката била овековечена во 1960-те со снимањето на филмот „Битката на Неретва“ во кој, меѓу другите холивудски актери, главните улоги ги толкуваат Јул Бринер и Орсон Велс. Постерот за филмот бесплатно го изработил Пикасо. Ќе имате можност да го видите срушениот мост и возот каде имало пруга. Попатно како ќе се движите према Херцеговина ќе ги видите најубавите клисури низ овој дел, дефинитивно ќе уживате во погледот и ќе ја гледате реката Неретва.
Претпоследната посета за овој е изворот Врело Буне кое се наоѓа на само 12 километри од Мостар. Овој извор е втор по големина во Босна и се смета за еден од најсилните извори во Европа, над изворот силно се издигнуваат карпи кои достигнуваат висина од 240 метри. Самата река Буна тече девет километри и се влева во Неретва кај селото Буна.
 Реката Буна е лева притока на Неретва. Различните нијанси на зелено и тиркизно и високите карпи ја зачувуваат оваа природна убавина,глетка која нема да ја заборавите така лесно. Околу изворот има ресторани каде ќе уживате во природата и вашето кафе. Врело Буне е меѓу најатрактивните локации на сите инстаграмџии.
Денот го завршуваме со посета на Мостар еден од најубавите градови во Босна и Херцеговина, кој името го добил по чуварите на мостовите на реката Неретва (мостари) на чиј брег е послан градот. Прошетка до Стариот мост ( кој заедно со стариот дел на градот во 2005 е ставен на листата на УНЕСКО), кулата Келебија, Саат кула, Крива Чуприја (еден од најстарите споменици кои датираат од османлискиот период), старата Мостарска чаршија која се наоѓа на левиот брег на реката Неретва…
Мостар никој не го остава рамнодушен, еднаш штом ќе го посетите никогаш нема да саката да го напуштите.
Во Мостар ќе имате можност да се возите со глисери, се поминува низ стариот мост, крстарењето трае кратко но е доста атрактивно. Од другата страна на мостот има населба со колоритни згради. Овде дефинитивно ќе ги направите најубавите фотографии.

По завршивање на разгледот слободно време и можност за ручек или кафе во автентичен стил во старата чаршија со поглед према “Стариот мост” кој претставува симбол на градот Мостар, но и на Босна и Херцеговина. Враќање во хотел. 
 
Во вечерните часови,новогодишната програма продолжува со богата музичка и забавна содржина и настапи на познати музички имиња меѓу кои и Тони Цетински ,Диви јагоди и други изведувачи.
Патниците кои сакаат поинаква вечерна забава ќе имаат слободно време ,а доколку постои интерес од групата ,ќе има можност за организирана посета на некој од локалните пабови.Враќање во хотел.Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН – 02.01.2027 (САБОТА) БОСАНКИ ПИРАМИДИ – ВИШЕГРАД – АДРИЌГРАД – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Посета на Босанските пирамиди. Ќе го посетите тунел Равне. Непосредно под долината на пирамидите се наоѓа праисториски подземен лавиринт од 1,7 км должина. Ве водиме низ лавиринтот чии тунели се остветлени, за да ја откриете лековитата моќ таму. Се верува дека високата концетрација на јони го чисти вашето тело. Посетата на тунелот позитвно влијае на вас,посебно доколку имате проблеми со кашлица или синуси.
Циркулацијата на воздухот е извонредна и се постигнува со различните висини на таванот што предизвикува различен воздушен потисок и природна вентилација. По посетата на Босанските пирамиди заминување кон Вишеград, едно мало градче во Босна и Херцеговина, кое се наоѓа на сливот на реките Рзав и Дрина. Место каде две култури, два света се спојуваат преку надалеку познатиот Мостот на Дрина, претставен пред светот од Иво Андриќ. Во Вишеград ќе имаме можност да го посетите и Андриќград кој е познат како и Каменград а инвеститор е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Како културен центар изграден по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка или Крстарење по Дрина. Заминување кон Македонија. Пристигнување после полноќ во Скопје 03.01.-Недела

 

Сами сте, сакате да патувате а не Ви се надоместува за еднокреветна соба? Нашиот Staff го има вашиот TRAVEL BUDDY! За ова патување ние Ве спојуваме со непозната личност, што значи тоа? Уплаќате за аранжманот, се запознавате со личноста пред да одите на патување што исто така има уплатено за турата и патувате заедно. Нашата цел е да ги споиме патниците, да Ве ослободиме од надомест за еднокреветна соба и правиме можност да запознаете нова личност и секако ново пријателство. Доколку сакате да патувате сами, си доплаќате за еднокреветна соба.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Автобуски превоз (Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово)
– 2 ноќевања со појадок во Хотел со 3* во Сараево;
– Разглед на Сараево со водич;
– Посета на Андриќград и Вишеград
– Туристички придружник за време на целото патување

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Пакет Неретва (Бункерот на Тито, Коњиц, Јабланица и Мостар ) – 70 евра, (се плаќа во автобус) *влезницата за Букнерот на Тито се доплаќа на лице место-21евро.
– Посета на Босански пирамиди- 25 евра (се плаќа во автобус);
– Tуристичка такса- 5 евра за 2 ноќевања по лице (се плаќа во автобус)
– Крстарење по Дрина- 10 евра од лице
– Доплата за еднокреветна соба 50 евра за двете ноќевања


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Деца до 2.99г.  во придружба на две возрасни, плаќаат само за превоз 50 евра (не користат легло)
– Деца од 3 до 11,99г. -плаќаат полна сума (добиваат попуст само на факултативите)

–  Доплата за еднокреветна соба  50 евра за две ноќевања.

НАПОМЕНА:
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
– За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
– Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
– Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
– За ова патување важат општите услови за патување.

Агенда

Вклучува/Не вклучува

  • ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
  • - Автобуски превоз (Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово)
  • - 2 ноќевања со појадок во Хотел со 3* во Сараево;
  • - Разглед на Сараево со водич;
  • - Посета на Андриќград и Вишеград
  • - Туристички придружник за време на целото патување
  •  ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
  • - Пакет Неретва (Бункерот на Тито, Коњиц, Јабланица и Мостар ) - 70 евра, (се плаќа во автобус) *влезницата за Букнерот на Тито се доплаќа на лице место-21евро.
  • - Посета на Босански пирамиди- 25 евра (се плаќа во автобус);
  • - Tуристичка такса- 5 евра за 2 ноќевања по лице (се плаќа во автобус)
  • - Крстарење по Дрина- 10 евра од лице
  • - Доплата за еднокреветна соба 50 евра за двете ноќевања

Локација на аранжманот

од 129

You might also like