Кефалонија е најголемиот остров од групите Јонски острови. Името го добило според својот изглед (остров со глава) – кефало на грчки значи глава. Интересната историја најдобро ја опишал Луис де Бернијер во својот бестселер “Мандолината на капетанот Корели”. Истоимениот филм со познатите Николас Кејџ и Пенелопе Круз во главните улоги го прославил овој остров ширум светот. Кефалонија има околу 250 километри долга плажа, а најпознатата е во заливот Митрос, која е една од петте најубави плажи во целиот Медитеран. Островот се состои од два поврзани дела, источен и западен помеѓу кои се наоѓа заливот Аргостоли.

Порос е едно од најубавите и најатрактивните места на Кефалонија. Сместно е во подножјето на планините Атрос и Пахни и окружено е со бујна вегетација. Не е класично туристичко летувалиште, повеќе е активно гратче и е пристаниште во кое доаѓаат туристи најмногу од Западна Европа. Од главниот град Аргостоли е одалечен 41км, а до пажата Скала 12 км. Порос ги има скоро сите содржини, од убави плажи, романтични шеталишта, до најубавите таверни и ресторани на Кефалонија, односно продавници, бутици и сувенирници. Порос е сместен во југоисточниот дел на островот Кефалинија, а тоа е трето пристаниште на островот од кое тргнуваат траектите за Пелопонез.

LAST MINUTE CORNER

  Сега со можност за пребарување на слободни капацитети и резервации онлајн>> Моментална потврда на резервација и плаќање онлајн>>   Објавено LAST MINUTE CORNER ПРЕГЛЕД НА СЛОБОДНИ КАПАЦИТЕТИ 18.09.2023 Термин Ноќи Објект Локација Тип Цена Линк до понудата 22-25/09 3 Stokholm vo septemvri Centar paket 399 Eur https://aries.mk/st_hotel/vila-katerina-leptokaria/ 21-28/09 7 Vila Konstantin2 Polihrono 1/4 99 […]