Крит, најголемиот остров во Грција, познат по својот разновиден терен, кој се протега од песочните плажи во Елафониси (Elafonisi-Ελαφονήσι) до Белите планини. Највисокиот врв, Ида, каде се наоѓа Идеоновата пештера, која според грчката митологија е родното место на Зевс.
Главниот град Ираклио (Heraklion/Heraclion-Ηράκλειο) е дом на познатиот археолошки музеј Ираклион, во кој се изложени минојските артефакти и Кносос, како и населба од бронзеното време.
На островот има околу 600.000 жители, кои главно живеат во градовите со богат и разновиден општествен живот.
Остров без река
Како што се возите низ критските предели, забележувате дека на Крит нема река, но и покрај недостатокот на површински речни текови, островот има доволни залихи на вода кои извираат од карстните извори во текот на зимскиот период од годината.
Во минатото, Крит бил покриен со густи шуми од кипарис, бор и зимзелени платани. Меѓутоа, поради честите шумски пожари во минатото, Крит сега е речиси соголен остров обраснат со макија. На западната страна, островот го прекриваат маслинови и плантажи од портокали. Се верува дека Крит е родното место на маслинките.
Како до Крит?
Бидејќи Крит е најоддалечена точка на Грција, во повеќето случаи луѓето одат со авион, додека вистинските авантуристи се одлучуваат за автомобил и патуваат со фери-брод преку пристаништето Пиреја. Иако патувањето трае околу 12 часа, тоа е, секако, незаборавно искуство кое се памети за цел живот.
Авион
Со авион за Крит може да заминете од Скопје со трансфер во Атина со лет за Ираклио или Хања, додека од Солун можете да заминете со директен лет за Хања.