Ситонија е паркот на Халкидики каде љубителите на тишината и зеленилото ќе го најдат своето скривалиште, симфонија во сино и зелено, возбудлив пејзаж во кој туристите се сокриваат од гужвата и вревата. Полуостровот изобилува со преубави песочни плажи, живописни мали пристаништа, напуштени заливи недостапни од копно и непрегледни плантажи маслинки. Негова метропола е

Неос Мармарас, сместен амфитеатрално меѓу борова шума ,со особено импресивно лето кога во предвечерјето сонцето се претвара во црвена звезда и потонува во морето. Мармарас е познат и по богатиот ноќен живот,по изобилството спортски активности и шареноликоста на шопинг продавниците,како и по бројните таверни кои чекаат на вас. Во самото место има две плажи-Парадисо, или позната како рајска плажа и Градската плажа, и двете свртени кон запад што им овозможува на туристите да ги впиваат сончевите зраци се до самиот крај на денот. Главната градска плажа неколку пати досега е одликувана со туристичката плакета „Сино Знаме“. Плажата е песочна, пространа и широка, уредена со чадори и лежалки и изобилува со барови и кафетерии. На самиот нејзин крај се наоѓа раскошниот хотелски комплекс Порто Карас.

Плажата Парадисо се наоѓа на самиот влез во Неос Мармарас и во последните неколку години станува се популарна меѓу туристите токму заради нејзината едноставна убавина и беспрекорна чистота на морската вода. .

Вила Декавил – Геракини

ГЕРАКИНИ – ВИЛА ДЕКАВИЛЕ Вила Декавиле 2* се наоѓа во Геракини,  во мирно пријатно окружување, на 200м од најблиска прва плажа, на 500м од плажата на Геракини, и на 1,9км од Gkarlis Beach, и на 2,7км од Псакудиа. Вилата има поглед на море, паркинг, базен и скара кои им е на располагање на клиентите. Сите […]

Мега Хаус- Геракини

  ВИЛА МЕГА ХАУС – ГЕРАКИНИ Вила Мега Хаус се наоѓа во Геракини на помалку од 2мин оддалеченост од песочната плажа. Секој апартман се состои од: сопствена кујна со фиржидер, прибор за јадење и готвење, wi-fi, САТ ТВ, балкон со сет за седење тоалет со туш кадичка, клима со доплата од 7,5еур на ден. 2 лежалки […]

Апарт-Хотел Декавил – Геракини

ГЕРАКИНИ – АПАРТ ХОТЕЛ ДЕКАВИЛ 3* Апарт-Хотел Декавил 3* се наоѓа на влезот во Геракини, на оддалеченост околу 30 метри од песочната плажа. Типови и распоред на студија и апартмани: двокреветни студија двокреветни студија 1/2+1 со кревет на извлекување (погодно за возрасен или дете) со капацитет максимум на 3 лица (можност за сместување плус на […]

Вила Џина- Неос Мармарас

VILLA TZINA – НЕОС МАРМАРАС Неос Мармарас е најголемото приморско село на вториот полуостров на Халкидики, Ситонија. Тоа е најкосмополитното место во Ситонија и секоја година илјадници туристи го посетуваат и уживаат во прекрасните плажи, прекрасната глетка, природата на околните планини, ноќниот живот и романтичните прошетки по улиците со поглед на малиот остров Келифос. Вила […]

Вила Лина- Метаморфози, Ситонија

VILLA LINA – МЕТАМОРФОЗИ Метаморфоси, вашата дестинација за целосно исполнување на вашите очекувања за заслужениот одмор во Грција. Уживајте во привлечноста на кристално чистото Егејско Море, живописните плажи и паркови како и локалната култура. Со својата раскошна понуда на хотели, ресторани и активности, Метаморфози ќе ве трансформира во вистински љубител на грчкиот начин на живот. […]

Хотел Голден Бич- Метаморфози, Ситонија

GOLDEN BEACH HOTEL *** – МЕТАМОРФОЗИ, СИТОНИЈА Хотел ГОЛДЕН БИЧ е во самиот центар на Метаморфози и на само 20 метри од неговата приватна песочна плажа. Со самата феноменална локација, вие сте во центарот на сите случувања во гратчето. Пред хотелот има прекрасен градски парк кој е фантастичен за попладневни прошетки и ќе имате можност […]