од 0 оценка
Daily Tour
1 person
___
11 ОКТОМВРИ ВО АТИНА И МЕТЕОРИ
( 09 – 12.10.2026 )
Атина – главниот и најголем град на Грција и една од најзначајните историски престолнини во светот. Град во кој античкото минато и современиот медитерански живот се спојуваат на секој чекор. Акропол, Партенон, Синтагма, Плака и бројните антички споменици ја раскажуваат приказната за цивилизација стара илјадници години.
Ова патување го дополнуваме со посета на Метеори – еден од највпечатливите предели во Грција, познат по величествените карпести формации и православните манастири изградени на нивните врвови.
ПРОГРАМА
ПРВ ДЕН – 09.10.2026 (ПЕТОК)
СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на групата во Скопје во 21:30 часот. Поаѓање кон Атина во 22:00ч. Патувањето продолжува преку Велес, Прилеп и Битола, со организиран прием на патници од наведените градови. Ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
ВТОР ДЕН – 10.10.2026 (САБОТА)
АТИНА
Пристигнување во Атина во претпладневните часови.
Следува панорамско разгледување на грчката престолнина со локален водич: плоштадот Омониа, плоштадот Синтагма со Парламентот и свечената стража на Евзоните, Олимпискиот стадион, храмот на Зевс, Хадријановата порта, Националната библиотека, Универзитетот и останатите знаменитости во централното градско подрачје.
Можност за посета на Акропол, најпознатиот симбол на античка Атина, со величествениот Партенон посветен на божицата Атина.
По завршувањето на разгледот следува слободно време за индивидуални активности, прошетка низ старото градско јадро и живописната населба Плака.
Во договореното време – сместување во хотел Four Seasons Glyfada 3*. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 11.10.2026 (НЕДЕЛА)
АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок.
Можност за факултативна целодневна екскурзија на Пелопонез со локален водич.
Најпрво се посетува Коринтскиот канал – импресивниот канал кој го одделува Пелопонез од копнена Грција.
Патувањето продолжува кон Епидаурус, познат по извонредно зачуваниот антички театар и неговата исклучителна акустика.
Следува посета на Нафплио, еден од најубавите и најромантични градови во Грција и првата престолнина на современата грчка држава. Слободно време за прошетка низ старото градско јадро, одмор или ручек.
Посетата продолжува кон Микена, еден од најзначајните археолошки локалитети во Грција, поврзан со микенската цивилизација и легендарниот крал Агамемнон.
По завршувањето на екскурзијата – враќање во Атина. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
ЧЕТВРТ ДЕН – 12.10.2026 (ПОНЕДЕЛНИК)
АТИНА – МЕТЕОРИ – КАЛАМБАКА – МАКЕДОНИЈА
Појадок. Одјавување од хотелот и поаѓање од Атина во правец кон централна Грција.
Патувањето продолжува кон областа Метеори, еден од најнеобичните и највпечатливи природни и духовни предели во Грција.
Над градот Каламбака се издигнуваат огромни карпести столбови, на чии врвови пред повеќе векови биле изградени православни манастири. Поради своето исклучително природно, историско и духовно значење, комплексот на Метеори е вброен меѓу најзначајните знаменитости на Грција.
Следува организиран разглед на областа и можност за посета на еден од манастирите кој ќе биде отворен за посетители согласно дневното работно време.
По завршувањето на посетата на Метеори, следува слободно време во Каламбака за ручек, кафе, кратка прошетка и индивидуални активности.
Во договореното време, поаѓање кон Македонија. Возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 19.09.2026: 149 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
РЕДОВНА ЦЕНА: 169 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Факултативните излети и дополнителните услуги се резервираат и плаќаат во Агенцијата, со исклучок на туристичката такса и влезницата за манастирот во Метеори, кои се плаќаат во автобус. Поради големите гужви и ограничениот број на влезници за локалитетите, резервацијата и уплатата за истите задолжително се вршат во JK Travel најдоцна 3 дена пред започнувањето на патувањето. По истекот на овој рок, Агенцијата не може да гарантира достапност на влезници и влез во локалитетите.
НАПОМЕНИ: