from 119
Резервирај

БУДВА ЗА 29 МАЈ ( 28.05. – 31.05.2026 ) 119 Еур

Нема оценка
Времетраење

Вид на аранжман

Daily Tour

Големина на група

1 person

Јазик

___

Преглед

БУДВА ЗА 29 МАЈ ( 28.05. – 31.05.2026 )

 

28.05.2026 – Собир на групата во 22:00 часот на спортска сала Битола. Планирно поаѓање околу 22:30 часот.. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Точни сатници се одредуваат два дена пред поаѓање заради организација на пријавени патници од повеќе градови. Агенцијата е должна да ги извести патниците за место и време на поаѓање.

29.05.2026 – Пристигнување во Будва во утринските часови. Сместување во апартмани или хотел.  Слободно индивидуално време за уживање и прошетки, капење, плажа итн .. Ноќевање.

30.05.2026 – Факултативен излет до Дубровник со вклучен траект на заливот Бока Которска. Пристигнување во Дубровник разглед на градот со локален водич, прошетки низ Стариот град Дубровник, Страдун, Тврдината итн… Дубровник е една од најпопуларните хрватски дестинации за туристите. Туристите од целиот свет доаѓаат да ја почувствуваат историјата на стариот град Дубровник и неговите ѕидини. Ѕидините се градени неколку векови, паралелно со развивањето на градот како трговска велесила. Тогашната Република Дубровник била принудена да изгради огромни ѕидини околу градот за полесно да се одбрани од напади…Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време со водичот враќање за Будва. Ноќевање.

31.05.2026

Факултативна посета на градовите КОТОР и ТИВАТ. Се упатуваме према Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Околу 2 сати ќе бидеме во Котор па во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват место каде што ужива и одмара светскио џет-сет.

Во договорено време состанок со групата и поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните  часови.

НАПОМЕНА!! Патниците кои нема да доаѓаат на факултативната посета во КОТОР, остануваат во БУДВА и ќе бидат информирани од водичите за време и место на поаѓање од БУДВА.

Во договорено време поаѓање према Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

Промо цена од 119 ЕУ – 2 ноќевања со појадок во хотел / Редовна цена 139 ЕУ


цена за деца до 10 г. со присуство на двајца возрасни во соба – 15 еу од цената на аранжманот

Во цената е вклучено:

  • Превоз на наведената релација
  • 2 ноќевања – хотелско (3*) сместување
  • Организација и водство на патувањето
  • Лиценциран пратител на групата за време на целото патување

Во цената не се вклучени факултативните излети – ПАТНИЦИТЕ бираат минимум една факултатива доколку уплаќаат на промо цената:

ДУБРОВНИК (со локален водич и слушалки) и  вклучен траект на заливот Бока Которска – 45 еу,

КОТОР И ТИВАТ – 25 еу (вклучен превоз со автобус)

Патничко осигурување – информации во агенција

  • Задолжителна туристичка такса 2 еу по ден по лице – се плаќа во автобус

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

 

НАПОМЕНА:

-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
-Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
-Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
-Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
-Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
-Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
-Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.

-Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума.
Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор
-За ова патување важат Општите Услови за Патување на ТА Ариес Травел.

Вклучува/Не вклучува

  • Превоз на наведената релација
  • 2 ноќевања – хотелско (3*) сместување
  • Организација и водство на патувањето
  • Лиценциран пратител на групата за време на целото патување
  • ДУБРОВНИК (со локален водич и слушалки) и вклучен траект на заливот Бока Которска – 45 еу,
  • КОТОР И ТИВАТ – 25 еу (вклучен превоз со автобус)
  • Патничко осигурување – информации во агенција
  • Задолжителна туристичка такса 2 еу по ден по лице – се плаќа во автобус

Локација на аранжманот

од 119

You might also like