from 799
Резервирај

НЕАПОЛ – СОРЕНТО – АМАЛФИ РИВИЕРА Термини: 08.05.2026/ 29.05.2026/ 05.06.2026 / 19.06.2026/ 03.07.2026 / 17.07.2026/ 31.07.2026/ 14.08.2026/ 28.08.2026

Нема оценка
Времетраење

8 дена/7 ноќи

Вид на аранжман

Daily Tour

Големина на група

1 person

Јазик

___

Преглед

НЕАПОЛ – СОРЕНТО – АМАЛФИ РИВИЕРА 

 

НЕАПОЛ (Наполи) – Основан пред повеќе од 2.500 години, Неапол е еден од најстарите континуирано населени градови во светот. Прошетајте низ неговиот историски центар – светско наследство на УНЕСКО – каде што тесните улички од калдрма водат до скриени цркви, подземни катакомби и палати стари со векови.

КАПРИ – Издигнувајќи се од длабоките сини води на Тиренското Море, Капри е остров од соништата кој со векови ги воодушевува посетителите. Познат по своите драматични карпи, тиркизни пештери и елегантен шарм, Капри претставува совршена мешавина од природна убавина, луксуз и италијанската животна убавина.

АМАЛФИСКА РИВИЕРАБрегот Амалфи е прекрасен дел од крајбрежјето во јужна Италија, познат по своите драматични карпи, шарени крајбрежни села и кристално чиста вода. Живописни патишта ги поврзуваат шармантните градови како Позитано и Амалфи, каде што посетителите можат да уживаат во прекрасните глетки, историска архитектура и автентична италијанска кујна. Со својата мешавина од природна убавина, медитерански шарм и опуштена атмосфера, брегот Амалфи е една од најпознатите туристички дестинации во Европа.

 

 

Датум Цена по лице
08.05.26-15.05.2026 799
29.05.26-05.06.2026 719
05.06.26-12.06.2026 819

19.06.26-26.06.2026

819
03.07.26-10.07.2026 829
17.07.26-24.07.2026 829
31.07.26-07.08.2026 839
14.08.26-21.08.2026 839
28.08.26-04.09.2026 839

 

1 ден (петок)

Состанок на групата на скопскиот аеродром, 2 часа пред летот. Лет од Скопје за Неапол. Поаѓање во 16:30 часот, пристигнување во Неапол во 18:10 часот. Панорамска прошетка низ градот со посета на главните знаменитости: Duomo di Napoli – катедралата, Royal Palace of Naples, Piazza del Plebiscito – централниот плоштад, Teatro di San Carlo – прочуен театар, Castel Nuovo – средновековна тврдина, и други знаменитости. Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден (сабота)

Појадок. Пешачка тура низ Соренто со посета на пристаништето, катедралата, Манастирот Свети Франциск, базиликата Сан Антонио. Поаѓање од пристаништето во Соренто,  со фери брод до Капри. Слободно време во Капри за индивидуални активности и прошетка низ островот. Враќање со ферибот до Соренто. Сместување и ноќевање во хотел.

 

3 ден (недела)

Појадок. Опционално:

  • Поаѓање со брод до Позитано. Пешачка прошетка низ Позитано со посета на црквата Chiesa di Santa Maria Assunta – позната црква со мозаик, и пристаништето.
  • Поаѓање со брод до Амалфи. Пешачка тура низ Амалфи со посета на Катедралата, Museo della Carta – музејот на хартијата, Chiostro del Paradiso – историскиот клостер, и други знаменитости.
  • Се продолжува со брод до Салерно. Пристигнување и панорамска прошетка низ градот со посета на: Castello Arechi – средовековен замок, Cattedrale di Salerno – катедрала, Giardini della Minerva – ботаничките градини и шеталиштето Сместување и  Ноќевање во хотел.

 

4 ден (понеделник)

Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел.

 

5 ден (вторник)

Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел.

 

6 ден (среда)

Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел.

 

7 ден (четврток)

Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел.

 

8 ден (петок)

Појадок. Појадок во хотел. Попладне, трансфер до аеродромот во Неапол. Лет Неапол – Скопјe. Поаѓање од Неапол во 18.45 часот. Пристигнување во Скопјe во 20.15 часот

Вклучено

  • Авионска карта на релација Скопје – Неапол – Скопје со Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж со димензии 40 x 30 x 20 cm
  • 7 ноќевања со појадок: – 1 ноќевање во Неапол, 2 ноќевања во Соренто, 4 ноќи во Салерно – Grand Hotel Salerno 4* или сличен
  • Фери брод Соренто – Капри.
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус и пратител
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за време на првите 4 дена (за време на разгледите)

    Не е вклучено

    • Патничко осигурување
    • Индивидуални трошоци
    • Влез во туристичките знаменитости и музеи
    • Останати трошоци кои не се спомнати
    • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
    • Туристичка такса во Салерно 5 евра по лице по ноќевање се плаќа дирекно во хотел.

    Факултативни Излети

    Соренто – Позитано → Позитано – Амалфи → Амалфи – Салерно

    Цената за ова патување со три бродови изнесува 50 евра. ** Плаќање при пристигнување во дестинацијата
    За лицата кои нема да го изберат ова патување, ќе биде организиран автобуски превоз директно од Соренто до Салерно (по автопатот).

    Поради забраната за автобуски превоз по брегот на Амалфи, патувањата и екскурзиите во Позитано и Амалфи ќе се реализираат исклучиво со брод.

    Напомена

    • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
    • Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
    • Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.

 

Забелешка: Поради забраната за автобуски превоз по брегот на Амалфи, патувањата и екскурзиите во Позитано и Амалфи ќе се реализираат
исклучиво со брод, по следната маршрута:
Соренто – Позитано → Позитано – Амалфи → Амалфи – Салерно.
Цената за ова патување со три бродови изнесува 50 евра. ** Плаќање при пристигнување во дестинацијата
За лицата кои нема да го изберат ова патување, ќе биде организиран автобуски превоз директно од Соренто до Салерно (по автопатот).

 

Општи услови:
 Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
 За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
 Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
 За резервација задолжителна уплата од 100%
 Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
 Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
 Промена на име на патникот може да се направи до 7 дена пред патување со доплата од 150 €

 Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
 Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
 За овој аранжман важат општите услови на патување на ТА АРИЕС ТРАВЕЛ.

 

 

Агенда

Вклучува/Не вклучува

  • Авионска карта на релација Скопје - Неапол - Скопје со Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж со димензии 40 x 30 x 20 cm
  • 7 ноќевања со појадок: - 1 ноќевање во Неапол, 2 ноќевања во Соренто, 4 ноќи во Салерно - Grand Hotel Salerno 4* или сличен
  • Фери брод Соренто - Капри.
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус и пратител
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за време на првите 4 дена (за време на разгледите) 
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Влез во туристичките знаменитости и музеи
  • Останати трошоци кои не се спомнати
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
  • Туристичка такса во Салерно 5 евра по лице по ноќевање се плаќа дирекно во хотел.8

Локација на аранжманот

од 799

You might also like