from 89
Резервирај

Св.Кирил и Методиј на Јонско море (23-25 Maj) 89 Еур

Нема оценка
Времетраење

3 дена/2 ноќи

Вид на аранжман

Specific Tour

Големина на група

50 луѓе

Јазик

___

Преглед

Св.Кирил и Методиј на Јонско море

Јанина/Парга/Лефкада 

2 ноќи/ 3  дена автобус

Јонско море и неговата прочуена убавина ќе ја видите во една програма од 4 дена. А никаде во Грција не се слави Велигден како традиционално на Јонските острови, а посебно на островот Лефкада. Парга пак е град чии корени се протегаат до античкиот период, но била и под силно влијание на западната цивилизација и култура. Опкружен со различни култури, на мал простор, на Епирскиот Полуостров на Јонско море, никна градче со свој единствен и својствен шарм. Посетителите на Парга ќе бидат импресионирани од зеленилото, околните планини и маслинки, нејзините преубави плажи и мирни заливи скриени во големите карпи. Приближувајќи се кон градот, се гледа дека Парга е мал, убав, бел град со црвени покриви, сместен во прегратките на околните планини. Парга е комплетно туристичко место и во неа секој може да најде нешто за себе: градското пристаниште, шеталиштето покрај морето, двете градски плажи, големата плажа Валтос во непосредна близина на градот, многубројните скриени плажи распрскани на малите островчиња во заливот, старата градска тврдина од XIV век, многубројните излети.

Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја…

1 ден 23.05.2026  (сабота) Битола- Јанина – Парга/Лефкада

Состанок на групата во Скопје пред Дрводекор во 01,00 часот, а од Битола во 04,00 пред Спортска сала Битола . Поаѓање према Јонско море  преку граничен премин Меџитлија. Возење со попатни паузи за освежување. Попатна посета на Јанина – главен град во областа на Епир кој што е поставен на брегот на езерото Памвотис. Слободно време за индивидуална прошетка и разглед како и можност за дегустација на напитоци, баклави и други интересни производи кои се направени ов мештаните со можност за шопинг. Пристигнување во Парга и Лефкада во попладневните часови. Сместување во објектите. Можност за разгледување на местенцето прошетка по нејзините тесни улички и амбиентални продавници и ресторани. Ноќевање 1.

2 ден 24.05.2026 (недела) Целодневна екскурзија  Паксос – Антипаксос (за патници во Парга) или Порто Кацики-Егремни-Кефалонија -Итака ( за патници на Лефкада)

Појадок. Организирано заминување за екскурзија до прекрасните острови Паксос-Антипаксос во 10,00 часот.  ФАКУЛТАТИВНО-Организирано целодневно крстарење за островите Паксос и Антипаксос (40 Еур) или на Лефкада -Порто Кацики, Егремни, Кефалонија, Итака и Скорпиос (40 Еур). Враќање во објектите. Слободна вечер. Ноќевање 2.

3 ден 25.05.2026 (понеделник) Парга-Мецово-Битола  Слободно претпладне. Заминување за Македонија со попатна посета на Мецово-прекрасно планинско гратче, каде ќе може да се купат локални сувенири и вкусат надалеку познатите специјалитети на жар… Пристигнување во Битола во попладневните часови. Организирани трансфери по градови.

Цена: 89 Еур/ 5,518 мкд

со можност за плаќање на 4 рати со кредитна картица
Деца 2-12 години со 2 возрасни 49 еур. Сопствен превоз на барање.

Цената на аранжманот вклучува:

    • Автобуски превоз на наведената релација
    • 2 ноќевања  во апартмани Фиоре во  Парга или Афродити, Нидри Порт и Порто Фино на Лефкада ( клима, ТВ, интернет)

 https://aries.mk/st_hotel/vila-afroditi-nidri/
 https://aries.mk/st_hotel/nidri-port-lefkada/
  https://aries.mk/st_hotel/vila-porto-fino-nikiana-lefkada/
 https://aries.mk/st_hotel/vila-fiore-parga/

  • Разгледи на Јанина, Лефкас, Парга, Мецово
  • Организација на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничко осигурување
  • Факултативните излети
  • Индивидуални трошоци на патниците
  • Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје, Велес, Прилеп, Охрид, Ресен  и Кавадарци 10 Еур/лице

За реализација на овој програм потребни се минимум 40 патници. Со овој програм важат општите услови на патување на СКТМ

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници;
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на НАТА и ТА Ариес

Цени за сопствен превоз:

1/2 студио 30 Еур/наем на ден
1/3 студио 40 Еур/наем на ден
1/4 студио 50 Еур/ден
1/5 апартман 60 Еур/ден

Цените се дадени во Еур за плаќање во денарска противвредност.

 

Агенда

Вклучува/Не вклучува

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • 2 ноќевања  во апартмани Парга или Лефкада (клима, ТВ, интернет)
  • Разгледи на Јанина, Парга и Лефкас
  • Организација на патувањето
  • Патничко осигурување
  • Факултативни екскурзии крстарење Паксос-Антипаксос 40 еур или Лефкада 40 еур
  • Индивидуални трошоци на патниците
  • Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје, Велес, Прилеп, Охрид, Штип и Кавадарци 10 Еур/лице

Локација на аранжманот

од 89

Why book with us?

  • Ариес традиционална тура со проверен квалитет

    Ариес традиционална тура со проверен квалитет

You might also like