од 0 оценка
Daily Tour
1 person
___
Нова 2027 Година – БЕЛГРАД со Нови Сад
Оваа нова година повторно во градот кој никогаш не спие – БЕЛГРАД. Посетете го градот каде што се сретнаа Дунав и Сава, посетете ја црквата Свети Сава – најголемата православа црква на Балканот, тврдината Калемегдан како еден од најшармантните паркови во светот, Белград Waterfront, прошетајте по најпознатата улица Кнез Михајлова …..
Не пропуштајте и да ја посететите српската Атина, градот Нови Сад кој е главен град на северната српска покраина Војводина и втор по големина град во Србија, по српската престолнина Белград, а важи за еден од најубавите во регионот. Градот лежи на брегот на реката Дунав, изобилува со природни убавини, а истовремено е колаж на архитектонски стилови заради градбите кои го привлекуваат вниманието на туристите, како и богатата историја со која градот може да се пофали. Таму можи да ги погледнете Петроварадинската тврдина и саат кулата, ќе ги посетиме Дунавската улица и Дунавскиот парк, Православната црква, Римокатоличката катедрала, Синагогата и градската куќа – Магистратот
1.Ден 30.12.2026 (Среда)
Состанок со групата на паркингот наспроти театарот Војдан Чернодрински во Прилеп во 23:45, во 00:00 часот поаѓање за Белград. Патот води преку Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово и преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2.Ден 31.12.2026 (Четврток)
Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св.Сава, булеварот на револуцијата, Дедиње, тврдината Калемегдан, споменикот на Победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав… Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи или кафеани.(Напомена: Превоз од хотелот не е организиран. Хотелот се наоѓа на 3 автобуски станици од центарот. Градскиот превоз е бесплатен за сите.) Ноќевање.
3.Ден 01.01.2027 (Петок)
Појадок. По појадокот факултативен излет до Нови Сад – центар на Српската култура уште познат и како Српска Атина, панорамски разглед на градот, катедралата, црквата, синагогата, плоштадот, Петроварадинската тврдина (панорамски). Слободно време во центарот на градот. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта слободно време за постновогодишни прошетки или забави. Ноќевање.
4.Ден 02.01.2027 (Сабота)
Појадок. Одјавување од хотел. По појадок се упатуваме трговскиот центар Ушче. Слободно време за шопинг и ручек. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Цена на аранжманот:
159 еур / 9.858,00 мкд
169 еур / 10.478,00 мкд
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Велес, Скопје, Куманово
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот не е вклучено:
НАПОМЕНА!!!
Опис на сместувањето:
– Хотел N – удобност и одлична локација за вашиот новогодишен престој во Белград!Сместен во мирен дел на градот, на само 15 минути од центарот, Хотел N е одличен избор за пријатен и безгрижен престој за време на новогодишните празници.
Удобните и пространи соби, пријатната атмосфера и одличната локација овозможуваат совршена комбинација од одмор и уживање во празничниот Белград.
Во близина се Бајфордова шума, Спортскиот центар „Бањица“ и планината Авала, додека центарот на Белград е на кратко возење. Резервирајте го вашиот престој навреме и поминете ја Новата година во Белград со удобност и стил.
Опис на факултативите:
Нови Сад
– Не пропуштајте и да ја посететите српската Атина, градот Нови Сад кој е главен град на северната српска покраина Војводина и втор по големина град во Србија, по српската престолнина Белград, а важи за еден од најубавите во регионот. Градот лежи на брегот на реката Дунав, изобилува со природни убавини, а истовремено е колаж на архитектонски стилови заради градбите кои го привлекуваат вниманието на туристите, како и богатата историја со која градот може да се пофали. Таму можи да ги погледнете Петроварадинската тврдина и саат кулата, ќе ги посетиме Дунавската улица и Дунавскиот парк, Православната црква, Римокатоличката катедрала, Синагогата и градската куќа – Магистратот
ЦЕНА на факултатива
Возрасен: 25 евра
Деца од 2 – 12 години: 15 евра