from 429
Резервирај

Париз, Версај ( 30.05-02.06.2026 )

Нема оценка
Времетраење

Вид на аранжман

Daily Tour

Големина на група

1 person

Јазик

___

Преглед

Париз– Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “Град на светлината“ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.

ПРОГРАМА:

1 ден – 30.05.2026 (сабота)

Состанок на групата на аеродром во Скопје два часа пред лет. Полетување за Париз во 12:10 часот. Слетување во 15:10 часот. Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен краток панорамски разглед на: Arc de Triomphe – Триумфалната капија, Place de la Concorde – историски плоштад, Avenue des Champs-Élysées – познатата париска авенија, Assemblée Nationale – Француското национално собрание, Les Invalides и Tombeau de Napoléon – комплексот каде се наоѓа гробот на Наполеон, Jardin des Tuileries – историска градина со фонтани и скулптури. Сместување во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.

2 ден – 31.05.2026 (недела)

 Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон новиот дел на Париз – La Défense. Слободно време за прошетки, разгледување и шопинг или (факултативно) екскурзија до Версај. Потоа се продолжува кон Ајфеловата кула. Краток одмор за фотографирање на Trocadéro. Слободно време за посета на Ајфеловата кула. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.

3 ден – 01.06.2026 (понеделник)

Појадок. Организирана посета на Jardin du Luxembourg – Луксембуршките градини и Cathédrale Notre-Dame – катедралата Нотр Дам (однадвор). Разгледот продолжува кон Montmartre, со посета на Basilique du Sacré-Cœur – базиликата Свето Срце (однадвор) и Place du Tertre – плоштадот на уметниците. Разгледот завршува со кратка посета однадвор на Moulin Rouge и слободно време за фотографирање. Факултативно организирана посета на Лувр, а навечер и крстарење со брод по реката Сена. Враќање во хотел. Ноќевање.

 4 ден 02.06.2026 (вторник)

Појадок. Поаѓање кон Големите булевари „Хосман”. Слободно време за шопинг и прошетки во околината на галеријата „Лафајет“ и музејот за парфеми „Фрагонар“. Поаѓање од Париз во 12 часот. Полетување во 15:45ч од Париз, слетување во Скопје во 18:30 ч.

ЦЕНА: 429 ЕУР ПО ЛИЦЕ

Вклучено

  • Авио билет на релација Скопје-Париз Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* од ланецот на IBIS
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градот со автобус
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
  • Туристичка такса

Не е вклучено

  • Сѐ што не е наведено во програмата
  • Влезница за во објектите и културно-историските споменици
  • Патничко осигурување
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

Факултативни Излети

  • Влезница за Лувр 38 € , за деца до 10 години 18 €
  • Влезница за брод по Сена 18 еур (за деца до 10 години 10 €)
  • Патувањето до Версај чини 15 € ( за деца до 10 години 7 €)
  • Влезница за дворецот Версај и градините 35 € (за деца до 10 години 20 €)
  • Сите влезници за екскурзиите се закажуваат пред поаѓање при резервација

Напомена

  • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
  • Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
  • Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како тур оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.

Агенда

Локација на аранжманот

од 429