од 0 оценка
Daily Tour
1 person
___
22.05.2026
Состанок на групата во 20 часот, планирано поаѓање во 19:00 од пред спортска сала во Битола. Попатно собирање на патници од Прилеп, Велес, Росоман, Скопје и Куманово (доколку има пријавени патници).
Агенцијата е должна да ги извести патниците за сат и место на поаѓање до два дена пред поаѓање. Патувањето е преку граничниот премин Табановце со попатни паузи и царински формалности. Ноќно возење преку Србија.
23.05.2026 ТЕМИШВАР
Пристигнување во Темишвар во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич. Темишвар е извонреден град и тоа е видливо на секој чекор! Првиот впечаток што ќе го добиете е дека Темишвар е град идеален за прошетка, преку која се покажуваат убавата архитектура, уредените и чисти улици, парковите, природата. И со право го нарекуваат мала Виена. Романската православна соборна црква или катедрала доминира над градот со својата височина од 90 метри и е најпрепознатлив симбол, од каде претежно започнуваат туристичките разгледи на градот.Темишвар има три плоштади – Плоштадот на победата, Плоштадот на слободата и Плоштадот на обединувањето, кои одиграле значајна улога во историјата на градот, но и во современиот период. Градот е најголемиот културно историски центар на Србите во Романија, тука се наоѓа и седиштето на Епархијата на Темишварската Српска Православна Црква, што е сосема разбирливо бидејќи околу половина милион луѓе кои живеат тука се Срби.
Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време со водичот се упатуваме до хотелот. Сместување слободно време за одмор.
Вечерта можност за организирана забава со музика. Враќање во хотелот. Ноќевање.
24.05.2026 -ТЕМИШВАР-ЗАМОКОТ КОРВИН И ГРАДОТ СИБИУ
Појадок. Следува целодневна факултативна прошетка до Замокот Корвин и Сибиу.
Прво го посетуваме замокот КОРВИН – Ренесансно-готскиот замок Корвин е едно од седумте чуда на Романија. Овој замок од 15-тиот век се наоѓа во западниот дел на Романија и е една од најпознатите туристички атракции, како и популарна локација за снимање на филмови и документарци. Дефинитивно е една од најголемите и најимпресивни градби во Европа. Во овој замок се снимале и сцени за хорор филмот „The Nun“. Тоа е копија на замокот „Хуњад“ лоциран во Трансилванија, во кој, според народното предание, грофот Влад Цепеш, попознат како гроф Дракула, бил привремено затворен поради несогласување со унгарскиот владетел Јанош Хуњади.
По посетата на Корвин се упатуваме према градот СИБИУ-град што се доживува со сите сетила. Следува разглед на градот со локален водич кој опфаќа посета на најзначајните знаменитости. Градот плени со својата архитектура, калдрмисани улички и препознатливи куќи со “очи” кои му даваат посебен шарм. По разгледот со водичот следува слободно време за кафе и индивидуални прошетки.
Враќање во хотел. Ноќевање
25.05.2026 ТЕМИШВАР – БЕЛГРАД- МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и заминување кон Белград. Пристигнување во Белград во претпладневните часови. Слободно време околу 3 часа за шопинг во трговскиот центар ,,Rajiceva’’ на улицата Кнез Михаилова или индивидуална прошетка низ Калемегдан. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Промо цена од 129 ЕУ со задолжителна резервација на факултатива + 60 еу
РЕДОВНА ЦЕНА: 159 ЕУ
Во цената е вклучено:
-Aвтобуски превоз на дадената релација
-2 ноќевања во хотел со 3* со појадок во Teмишвар
-Разглед на Темишвар со локален водич
– Tуристички придружник за време на целото патување
-Белград
Во цената не е вклучено:
Посета на замокот Корвин со вклучена влезница и градот Сибиу – 60еур
Туристичка такса- 5 еу за време на целиот престој
Патничко осигурување – информации во агенција
Доплата за еднокреветна соба + 50 еу
НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
– Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
– За ова патување важат Општите Услови за Патување.