Бугарија е една од земјите која вреди да се посети во студените месеци. Прекрасните планински предели на Пирин, Рила и Родопите, луксузните ризорти кои нудат задоволство за сите генерации, возбудливите скијачки патеки и вкусната традиционана храна се дел од работите кои не смеете да ги пропуштите оваа зима. Трите најголеми зимски центри во Бугарија се дел од нашата понуда за оваа зима.
Тој е најстар зимски центар во Бугарија и датира уште од 1896-та година кој постепено се разви во модерен ски центар со луксузни хотели, ресторани и барови, околу 60-тина скијачки патеки кои се протегаат на висина и од 2650 метри и кои водат и до самите резорти каде што им се подостапни на скијачите.
Ски патеките се прилагодени како за почетници така и за оние најискусните во овие спортови. Падините на Боровец се под снег најчесто од декември па се до април. Совршената комбинација на локација, клима и географска положба на Борoвец привлекува секоја година огромен број на туристи од цела Европа.
Зимскиот центар Баснко е познат меѓу туристите како дестинација за скиење и бордање. Околу 90% од ски патеките се опремени со кањони за вештачки снег, за квалитетна подлога која трае. Исто така има и осветлена патека за ноќно скијање. За време на зимскиот период во градот има поставено и отворено лизгалиште. Нај високата надморска височина на ски центарот е 2560 метри. Најголемиот предизвик на скијачите е патеката Tomba, именувана по италјанскиот скијач Alberto Tomba. Таа е една од 70 километарските патеки, од кој најдолгата е 16 километри.
Банско исто е познат и по минералните води, кој го прават центарот и атрактивна СПА дестинација. Многу од поголемите хотели во градот имат базени и затворени СПА центри. Типични за Банско се традиционалните меани, каде се служи традиционално јадење. Сместувањето во Банско е разновидно, од 5 ѕвездени хотели до гостински куќи и апартмани.
Зимскиот центар Пампорово се наоѓа во подножјето на врвот Снежанка, во Родопската планина. Пампорово е на 240 километри од Софија и 85 километри од Пловдив. Тој е најсончев зимски центар во Бугарија со 285 сончеви денови годишно. Типично за регионот е што нема нагли промени на времето и нема опасност од лавини. Пампорово е пропрачан ски центар од експертите како најсоодветен за почетници и искусни скијачи. Ски патеките се со различно ниво на тежина – има патеки за професионални скијачи, како и за почетници. Скоро сите патеки почнуват од врвот Снежанка. Постојат можности и за алпско скијање, ноќно скијање и крос-кантри скијање.Ски патеките во зимскиот центар можат да се користат и од сноубордери. Има можности за спуст скијање, како и еден дел груб терен.Во Пампорово функционират и ски школите за деца и возрасни, а сеуште постои и градинката за деца од 4 до 7 години. Оние кои немаат ски опрема можат да изнајмат од продавниците во зимскиот центар кој се занимаваат со таа дејност.